Дневен хороскоп за 13. ноември 2019 година

Дневен хороскоп за среда, 13. ноември 2019 година. 

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Додека вие сонувате за нежност и внимание, партнерот ве изненадува со откачен предлог што ви носи немир.

Кариера

Ќе има минливи проблеми во усогласувањето на мислењата меѓу вас и вашите деловни партнери.

Здравје и совет

Треба да бидете трпеливи.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Попустливост во комбинација со зголемена самодоверба , ќе биде доказ дека вашите лични односи добро се развиваат.

Кариера

Ќе ги игнорирате неважните работи и ќе си дозволите малку поопуштено темпо на работење. Но , тоа ќе потрае само денеска.

Здравје и совет

Проверете си ја крвната слика.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе се чувствувате многу сигурнио во своите лични односи. Они кои уште се сами ќе соберат храброст за да направат нешто во освојувањата.

Кариера

Продолжувате да работите посветено и темелно. Упорни сте , а резултатите се веќе видливи. Тоа ве радува.

Здравје и совет

Ќе бидете среќни и мирни.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Поврзаноста со друштвото и пријателите денеска ќе ви биде поважн аотколку врската со саканата личност.

Кариера

Со помош на други , може да тргнете во деловно претприемништво. Сами малку ќе може да направите.

Здравје и совет

Пребројте ги калориите.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Со хумор ќе ги победувате емотивните фрустрации , што денеска ќе бидат засилени во однос на претходните денови. Издржете.

Кариера

Ќе ги игнорирате барањата на своите претпоставени и ќе работите по свое. само делумно сте во право.

Здравје и совет

Заморот ве стигнува.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Вашата позитивна љубовна страна продолжува преку пријатни разговори и засилено движење меѓу луѓе.

Кариера

Денеска ќе ви биде интересно на работното место. Освежувањето ќе го донесат новите соработници , со кои ќе комуницирате.

Здравје и совет

Ќе бидете добро расположени.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе посакате да внесете предизвик вовашата врска, па ќе се обидете малку да ја испровоцирате саканата личност, секако со добри намери.

Кариера

Доколку ви приговараат дека не сте ја завршиле добро работата , не го земајте тоа при срце. Видете што може да се поправи.

Здравје и совет

Мала емотивна напнатост.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вашата љубезност ќе изгледа како да е лажна , зашто зад неа криете интерес за да завладеете се саканата личност.

Кариера

Новите работи што се појавуваат на работното место ќе ги вознемират оние ки ви работеле зад грб или во тајност.

Здравје и совет

Ќе се насмеете.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Компромиси во односите ќе најдете со помош на вашите пријатели. Тие ќе знаат да видадат совет и насока.

Кариера

И натаму одите кон подобро , но вложувате се повеќе напор.Служете се со знаење , хумор и шеги за да си олесните.

Здравје и совет

Треба убаво да се наспиете.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе бидете конструктивни во своите дискусии со партнерот , што на крај ќе резултира со вашите хумористични заклучоци.

Кариера

Многумина ќе се трудат за да се изразат на вистински начин или она што долго сте го подготвувале ќе излезе на виделина.

Здравје и совет

Ќе успеете во своите намери.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Пред вас е ден во кој ќе имате шанса за да ја докажете својата смисла за практичност во секојдневниот живот.

Кариера

Ќе бидете задоволни од напредокот на работите. Денеска средувате некои ситни работи и тоа не ви оди лошо.

Здравје и совет

Мали дигестивни проблеми.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Додека саканата личност ќе ве поттикнува на отвореност , дури и преку провокации , вие ќе имате потреба за да се повлечете.

Кариера

Одлично ќе ви одат сите работи за кои треба да ја активирате интуицијата или уметничките способности.

Здравје и совет

Читајте меѓу редови.

Трикратниот шампион Игор Иџе Стефановски во поход по нова европска титула

Трикратниот европски шампион, Игор Стефановски Иџе овој викенд со трката во Австрија започнува нова сезона во која ќе се обиде да стигне до четвртата титула во Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC).

Летечкиот Македонец, Игор Стефановски викендов пред нов предизвик. Во Австрија, на патеката Рекбер тој ќе го започне својот најнов поход на Европскиот шампионат на ридски патеки, кој и годинава има 10 трки. Шампионатот започнува на 28.04.2024, а ќе заврши во септември со трката во Хрватска.

Стефановски и оваа сезона не ги крие своите шампионски амбиции, за кои верува дека ќе може да се реализираат, особено затоа што годинава на патеката ќе управува со новиот автомобилски ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки.

„Очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат. Би сакал да се заблагодарам на мојот тим, како и на тие кои го препознаа потенцијалот и ме поддржуваат за натпреварувањата во оваа сезона, особено моите спонзори кои веруваат во мојот потенцијал “- вели Стефановски.

Минатата година Иџе во текот на целата сезона беше во сигурна доминација со седум победи на 10 трки.

Чави останува на клупата на Барселона до крајот на договорот, јуни 2025 година

Шпанската легенда Чави ќе остане тренер на фудбалерите на европскиот гигант Барселона до јуни 2025 година.

Фудбалскиот тренер на Барселона, Чави Ернандез, ќе остане во каталонскиот клуб до крајот на договорот, односно до јуни 2025 година, јавуваат шпанските медиуми.

Чави во јануари годинава објави дека ќе го напушти клубот на крајот на сезоната. Шпанските медиуми пренесуваат дека Чави одлучил да остане во клубот до крајот на договорот за време на денешниот разговор со претседателот на Барселона Жоан Лапорте и спортскиот директор Деко.

Чави наводно ги прифатил условите на челниците на Барселона на средбата со клупските челници, а каталонскиот клуб во наредниот период треба официјално да ги соопшти деталите од договорот.

44 годишниот Чави ја презеде Барселона во 2021 година. Каталонскиот клуб е на второто место во поредокот во Ла Лига со 11 бодови помалку од првопласираниот Реал.

Николоски од Подгорица: Полноправното членство во ЕУ најбрзо преку економското приближување

  Економското приближување на земјите од Западен Балкан до ЕУ е вистинската формула за остварување на нашата заедничка цел како регион - полноправно членство во ЕУ. 

Имплементацијата на реформите се вистинскиот чекор, а тие чекори се поттикнати и со новиот План за раст на Западен Балкан на кој интензивно работиме и од двете страни и земјите од регионот и ЕУ, порачал заменик-министерот за финансии Филип Николоски кој во Подгорица учествува на состанокот на министри од регионот и претстаници од ЕУ посветен на Планот за раст на Западен Балкан.

- Ваквиот регионален формат на состанување, кој е трет посветен на Планот за раст, претставува ефикасен модел за забрзување на реформската агенда. Реформската агенда во РС Македонија е веќе усвоена од страна на Владата и испратена во ЕК. Она што е важно е да дадеме поттик во остварување на тие реформски процеси и да го забрзаме нивното спроведување. Тоа ќе биде нашиот вистински пат за да стигнеме до ЕУ, истакнал заменик-министерот Николоски.

Како што соопшти Министерството за финансии, на регионалниот состанок Николовски се осврнал на конкретните активности што ги презема Владата во однос на пристапувањето на земјата кон СЕПА регионот и унапредување на зелените коридори.

- РС Македонија изрази подготвеност да ги исполни критериумите за блиски економски и правни односи со ЕУ и подготвеност да врши платни трансакции во евра преку пристапувањето во СЕПА. Тоа од причина што ќе придонесе за отстранување на пазарните бариери со земјите од ЕУ, подигнување на кредибилитетот на финансискиот сектор на меѓународната сцена, продлабочување на трговските односи со европскиот економски регион, поедноставни, побрзи и поевтини услуги за граѓаните и компаниите. Барањето е подготвено и се очекува да се поднесе апликацијата до средината на оваа година, нагласил Николоски.

Тој додал дека дополнителни придобивки се очекуваат и од унапредувањето на зелените коридори кои беа воспоставени за време на ковид-кризата.

- Постојните зелени ленти веќе придонесоа за намалување на времето на чекање на граничните премини, а со нивното натамошно проширување, ќе се обезбедат непрекинати синџири на снабдување и засилена трговија, што ќе го направи регионот поатрактивен за инвеститорите Со нивното проширување ќе се вклучат повеќе видови стоки коишто ќе бидат опфатени со зелените коридори, како и гранични премини меѓу Европската унија и земјите од Западен Балкан, рекол заменик-министерот за финансии.

Притоа посочил на поддршката што ЕУ ја дава во областа на царината, како и на посветеноста на Владата во спроведување на националните реформи во оваа област. Тој нагласил дека понатамошното унапредување на царинската соработка треба да се фокусира не само на олеснување на трговијата, туку и на заштита на финансиските интереси и на ЕУ и на земјите од Западен Балкан, како и на безбедноста граѓаните.

Ова е трет министерски состанок посветен на Планот за раст. Првиот се одржа во Скопје, вториот во Тирана и на денешниот состанок домаќин е Подгорица.

притисни ентер