Утре без вода дел од центарот на Скопје

Поради реконструкција на водоводната мрежа ф-2 цола на ул. Орце Николов бб пред Охридска Банка, утре без вода ќе останат дел од жителите во скопската населба Центар.

Прекин во водоснабдување од 09:00 часот до санирање на дефектот ќе имаат корисниците од ул. Никола Кљусев, Скопска и дел од ул. Орце Николов./МИА

Аеродром доделува 10.000 денари за млади талентирани спортисти

Општина Аеродром доделува по 10.000 денари за млади талентирани спортисти.

 Целта на оваа мерка е да им се помогне на младите да ги остварат свoите амбиции и да се поттикне развојот на спортот во Општината, со што директно ќе се вратат парите кај граѓаните.

Мерката е наменета за лица до 28 години, кои не остваруваат приходи од спортот, а се истакнале со досегашните постигнати резултати.

Огласот за пријавување трае 10 дена, заклучно со 21 ноември. 

Во Србија уапсен македонски државјанин заради кражба на документација за производство на муниција

Македонски државјанин, поранешен инженер во фабриката за муниција „Први партизан“ и двајца работници, државјани на Србија, се уапсени под сомнение за злоупотреба и примање мито.

Како што објави српската државна телевизија–РТС, тие се сомничат дека продавале документи од фабриката „Први партизан“ од Ужице, кои се однесуваат на производство на оружје и муниција.

 Според српското обвинителство, апсењето по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, го извршиле Безбедоносно информативаната агенција, Воено-безбедносната агенција и МВР на Србија.

 На осомничените одредена им е мерка притвор 48 часа, поднесена им е кривична пријава и поради сослушувањето ќе бидат изведени пред надлежен обвинител.

 Тие се товарат за злоупотреба на службена должност и примање мито, односно дека при извршување на кривичното дело продавале проекти и друга документација која и припаѓаа на „Први партизан“ од Ужице, а се однесува на производство на оружје и муниција..

Фон Дер Лајен: Макрон на Русија и ја отвори вратата на западен Балкан

Емануел Макрон на Русија и ја отвори вратата на западен Балкан.

Со блокирањето на пристапните преговори на Македонија и Албанија со Европската унија францускиот претседател Емануел Макрон на Русија и ја отвори вратата на западен Балкан, порача вчера од Берлин новоназначената претседателка на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен.

Таа ги повика европските лидери веднаш да ги почнат пристапните преговори со двете земји, во спротивно, како што рече „Русија и Кина можат да ја пополнат празнината доколку Унијата не го зацврсти своето присуство во регионот“.

притисни ентер