Пијани уругвајски рагбисти уништија ноќен клуб во Јапонија (ВИДЕО)

Ноќниот клуб во градот Кумамото во Јапонија поднесе кривична пријава против рагбистите од Уругвај поради уништување на инвентарот и насилничко однесување.

Уругвајските рагбисти го славеа испаѓањето од Светскиот куп, откако беа  совладани од  Велс со 13:35. Прославата излезе од контрола, така што Уругвајците започнаа насилно да се однесуваат кон другите гости во ноќниот клуб  и да кршат инвентар.Тие ги  уништиле sидовите и ја скршиле опремата на диџејот. Штетата е проценета на околу 40.000 американски долари.

„Сопственикот е разочаран и лут затоа што рагбистите го напуштија објектот без извинување“, изјави адвокатот, кој додаде дека сопственикот размислувал и за поднесување кривична пријава за нанесување повреда на еден вработените во клубот.

Меѓународната рагби федерација (ИРФБ) се извини за инцидентот.

„Овој случај е многу разочарувачки и не одговара на познатиот дух на турнирот“, се вели во соопштението на ИРФБ.

Репрезентацијата на Уругвај заврши последно во групата Д на Светскиот куп во Јапонија со една победа и три порази.

СП завршува овој викенд. За петок е закажан натпревар за третото место меѓу Велс и Нов Зеланд, а финалето меѓу Англија и Јужна Африка е еден ден подоцна.

Надал удри девојче со топче по главата , па и се извини и ја бакна (ВИДЕО)

Рафаел Надал лесно го совлада Фредерик Делбонис (6-3, 7-6, 6-1) за да се пробие во третото коло на Австралија опен.

Сцените од натпреварот во Австралија го обиколија светот поради едно девојче, кое собираше топки и реакцијата на Рафа по форхендот што заврши таму каде што не треба. Шпанецот ја удри топката точно во малото девојче кое стоеше близу до линијата на теренот, а таа храбро остана на нозе, не покажувајќи дека ја боли. Доволно е да се замисли болката од ударот на Рафаел Надал, но девојчето сепак стоеше со солзи во очите. Надал дојде до неа и ја бакна во образ.

„Се исплашив за неа. Топката беше брза. Таа е супер храбро девојче. Ова беше еден од најстрашните моменти во мојата кариера. Ја удрив директно во главата. “, рече Рафа по победата што го доведе до натпревар против сонародникот Карен Буста, минатогодишниот финалист на Австралија опен.

Таткото на УФЦ борецот Хабиб: Без 100 милиони долари нема реванш

По успешното враќање на Конор Мек Грегор во рингот, повторно се појави прашањето за можен реванш против Хабиб Нурмагомедов за титулата на УФЦ во лесна категорија.

Мек Грегор го нокаутира Доналд Церон по само 40 секунди во првото коло и најави дека по победата сака да биде победник на натпреварите против Тони Фергусон и Хабиб Нурмагомедов.

Хабиб и Мек Грегор се бореа на 6 октомври 2018 година, кога Хабиб победи со гушење. Пред натпреварот Мек Грегор го навреди Кабиб на верска основи, го спомна неговото семејство, а Дагестанецот го сфати тоа  лично и по победата отиде во пресметка со целиот ирски тим. Тој скокна од кафезот и започна тепачка, по што заработи повеќемесечна суспензија.

Тој подоцна изјави дека нема намера повторно да влезе во ринг со Мек Грегор, но ако го прашате неговиот татко Адбулманап, постои еден начин како овој реванш да се случи.

„100 милиони американски долари. Без тоа, нема борба. За мене парите не се важни, тоа е спортската страна, но вредната спортска страна на борбата Кабиб - Тони“, рече Нурмагомедов постариот.

Цикарски ново засилување за Академија Пандев

 Поранешниот репрезентативец Мите Цикарски (27) е новото засилување за Академија Пандев, соопштија од клубот.

Со ангажирањето на Цикарски струмичкиот прволигаш се засилува на левата бековска позиција, а досега тој има настапувано за екипите на Етникос Ахна, Јанина, Газ Метан, Вардар и Работнички.

Покрај Цикарски во паузата од првенството Академја Пандев ги ангажираше Бугаринот Ангел Грнчаров, албанскиот напаѓач Ндуе Мујеци и Бојан Најденов, а за првпат професионални договори за првиот тим потпишаа и пет фудбалери од младинската школа на клубот.

притисни ентер