Пајакот во Ријека подигна Смарт и го здроби (ВИДЕО)

На социјалните мрежи во Хрватска и во регионот денеска се рашири видео на кое се гледа како работи пајак-службата во Ријека.

Снимката е објавена на страницата на Фејсбук ,,Сообраќајни згоди и незгоди” , а на неа се гледа како пајакот се обидува да подигне автомобил Смарт , кој бил непрописно паркиран.

Откако го закачиле на системот за кревање, Смартот се наведнал неколку пати до тој степен што удрил во земја и на предната и на задната страна. Според сведоците кои ја снимиле целата ситуација, Смартот е здробен од сите страни.

Од полицијата велат дека штетата најверојатно ќе биде надоместена со осигурувањето, бидејќи нема елементи на кривичното дело, бидејќи пајак-службата немала намера да го оштети автомобилот.

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето

Со повеќе активности денеска ќе биде одбележан 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.

По тој повод, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, ќе се сретне со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ. Средбата ќе се одржи во кабинетот на градоначалникот.

Потоа, делегација на Град Скопје ќе положи цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, во Алејата на заслужните граѓани, на гробот на генерал Михајло Апостолски во Бутел и пред Споменикот на ослободителите на Скопје пред Владата.

Според програмата, во 14 часот во Градскиот трговски центар ќе биде отворена нова галерија.

Настаните за чествување на Денот на ослободувањето на Скопје ќе продолжат вечер во 20 часот, каде што свечено ќе бидат доделени наградите „13 Ноември" на Град Скопје за 2019 година.

На 13 ноември пред 74 години борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација.

По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер", која беше распоредена пред Качаничката Клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот. /МИА

Почнува 8. самит „Македонија 2025"

Во Скопје од денеска до петок ќе се одржи осмото издание на самитот „Македонија 2025", водечка регионална платформа за споделување знаења, поврзување бизниси и инспирирање промена во Југоисточна Европа.

На тридневната програма на самитот се 10 панел-дискусии и засебни тематски сесии, на кои се најавени 50-тина говорници од државава и странство.Во фокусот на самитот се иновациите и нивното влијание во заштитата на животната средина, иднината на работните места и вештините.

Најавени се дискусии и за глобалните економски и геополитички трендови, можностите за финансирање мали и средни претпријатија, семејните бизниси, успешните македонски дигитални платформ-компании./МИА

Собраниска делегација на семинар за социјални медиуми во Европарламентот

Во состав на собраниската делегација се пратеничките Шпреса Хадри, Владанка Авировиќ, Славица Шуманска-Митева и Слаѓана Митовска.

Во рамки на Програмата за поддршка на парламентите од земјите од Западен Балкан и Турција, во организација на Европскиот парламент, денеска и утре во Брисел ќе се одржи семинар за социјални медиуми на кој ќе учествуваат пратенички од Собранието на Македонија.

Во состав на собраниската делегација се пратеничките Шпреса Хадри, Владанка Авировиќ, Славица Шуманска-Митева и Слаѓана Митовска.

Учесничките на семинарот ќе остварат билатерални средби со претседатели и членови на различни комисиии, претседатели на делегации на Европскиот парламент, пратеници од Србија и од Црна Гора, европратеници, претставници на Европската комисија и на Советот на Европската Унија и други, соопшти собраниската Прес-служба.

Целта на семинарот, како што се посочува во соопштението, е да се споделат искуствата на Македонија, Србија и Црна Гора во доменот на социјалните медиуми./МИА

притисни ентер