Мицотакис: Исходот од Самитот не е добар ни за Балканот, ни за Грција

Резултатот беше таков што не ни дозволи да донесеме одлука и ова не е добро ни за Балканот ни за Грција.

Ова порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на прес-конференцијата во Брисел за резултатите од Самитот на ЕУ, говорејќи за проширувањето на Унијата, односно како што рече за прашањето „за кое за жал не успеавме да се договориме", jави дописничката на МИА од Атина.

-Не беше изводливо да се постигне едногласност. Три земји не се согласија, па така, резултатот не беше таков да ни дозволи да донесеме одлука. Сметам дека ова не е добро. И сметам дека не е добро и за општата стабилност на Балканот, бидејќи треба да се задржи отворена европската перспектива на Западен Балкан за да може да постои поголема стабилност и економски просперитет во регионот. Сметам дека не е добро ни за Грција, бидејќи главното оружје што Грција го има во свои раце за да се справи со прашањата што ги има со двете земји се однесува на европската перспектива, рече Мицотакис.

Појасни дека колку двете земји се поблиску до европскиот пат, толку повеќе ѝ се дава можност на Грција во рамките на процесот на преговори со Унијата да се справи со проблемите што ги има на билатерално ниво.

Мицотакис истакна дека Грција ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан и „има поставено конкретни услови во процесот", објасни дека на состанокот ги пренел позициите на грчката влада за Договорот од Преспа, зошто сметаат дека е лош договор, но и повтори дека од моментот кога е ратификуван, тие се обврзани да го спроведуваат.

На новинарско прашање дали во Брисел стапил во контакт со премиерот на Северна Македонија, Мицотакис одговори негативно и објасни што точно му кажал на Заев за време на нивната средба во Њујорк.

-Не стапив во контакт со господинот Заев додека беше овде. На самитот го кажав она што го му го кажав и на самиот господин Заев кога се сретнавме во Њујорк и јасно му реков дека „за мене Договорот од Преспа има проблеми. Тоа е проблематичен договор, но морам да го почитувам и нема Договорот од Преспа да го поставам како пречка за вашиот европски пат, доволно е апсолутно да сум убеден дека си во согласност со овој договор и секако дека покажуваш добро расположение да ги решиш и нерешените прашања што произлегуваат од договорот, како што е основното нерешено прашање што се однесува на трговските ознаки". Ова ќе му го кажам и кога повторно ќе разговарам со него, рече Мицотакис.

Во однос на внатрешно-политичките случувања кај нас, грчкиот премиер одби да даде било каков коментар.

-Не би сакал да направам дополнителна проценка за тоа што може да се случи во Македонија. Тоа е прашање кое што е внатрешно, кое што се однесува на соседната земја, одговори Мицотакис. /МИА

Анализа: Вештачката интелигенција силно ќе влијае на 65 отсто од работните места во Белгија

Вештачката интелигенција (ВИ) во голема мера ќе влијае на 65 отсто од работните места во Белгија, според проценката на една од најголемите банки во земјата, објавена во локалните медиуми. 

Во текстот се наведува дека денес 3,3 милиони белгиски вработени работат во области директно поврзани со развојот на вештачката интелигенција.

Секој трет работник во Белгија има позитивни очекувања од распространувањето на вештачката интелигенција за подобрување на економијата во следните пет години, но 42 отсто стравуваат дека тоа ќе доведе до губење на работни места. Проценката покажува дека во една третина од работните места (1,6 милиони) денес, имплементацијата на вештачката интелигенција ќе помогне да се зголеми продуктивноста, но во 34 проценти (1,7 милиони) може да биде потребна целосна автоматизација.

Најпогодени се очекува да бидат вработени во администрацијата, каде најверојатно ќе има отпуштања, додека вештачката интелигенција ќе може да им помогне на директорите на компаниите, хирурзите и судиите без да ги смени. Досега, само 3 отсто од работниците во Белгија стравуваат дека ќе бидат погодени поради вештачката интелигенција во следните пет години, а најрелаксирани се хонорарците, покажуваат податоците. Според проценките, може да се очекува дека воведувањето на вештачката интелигенција ќе ја зголеми економијата за 0,1-0,5 отсто годишно.

Цитираните експерти прецизираат дека европското законодавство за вештачка интелигенција не и дава предност на ЕУ во однос на САД. Според нив, промените на европскиот пазар на труд ќе бидат постепени и може да се очекува појава на нови професии. /МИА

Албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од еден милион долари

Уапсени двајца Италијанци.

На граничниот премин Хан Хоти, на албанско-црногорската граница, албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од милион долари.

Уапсени се двајца италијанските државјани во чиј автомобил биле откриени фалсификуваните чекови.

Фалсификуваните чекови се одземени како материјален доказ заедно со возилото, 1700 евра, печати и два мобилни телефона и се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општата надлежност Скадар за понатамошни дејствија. /МИА

Легендарната бразилска фудбалерка Марта заминува во пензија

 Најдобриот стрелец во историјата на Бразил во машки и женски фудбал, 38-годишната Марта, одлучи да се пензионира оваа година.

Марта, која од 2017 година настапува за американскиот клуб Орландо Прајд, изрази надеж дека пред повлекувањето од фудбалот ќе може да настапи на претстојната Олимпијадата во Париз.

„Ако одам на Олимпијадата, ќе уживам во секој момент, бидејќи, без разлика дали ќе бидам во Париз ова ми е последна година со репрезентацијата, изјави Марта во интервју за Си-Ен-Ен.

„Од 2025 година Марта повеќе ќе ја нема во репрезентацијата. Многу сум смирена поради тоа бидејќи со голем оптимизам гледам на развојот на спортот што го имаме во однос на младите спортисти“, додаде таа.

Марта, позната како „Кралица Марта“, е најдобар стрелец на сите времиња во Бразил со 116 гола на 175 натпревари. Таа е и најдобар стрелец на женските мундијали со 17 голови. /МИА

притисни ентер