Министерот Никола Димитров се сретна со пратениците од германскиот Бундестаг, Мeтин Хакверди и Кристиан Петри

Денес, министерот за надворешни работи Никола Димитров оствари средба со двајца пратеници од германскиот Бундестаг, Метин Хакверди и Кристиан Петри. 

Според соопштението од МНР,на средбата се дискутираше пред сѐ за европските интеграции на Република Северна Македонија и за очекувањата од претстојниот октомвриски Совет на Европската Унија. Во таа прилика министерот Димитров се заблагодари за неодамнешната одлука на германскиот Бундестаг за поддршка за безусловно отворање на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, како и за личниот придонес на пратениците Хакверди и Петри во промовирањето на европското досие на нашата земја.

  Од страна на гостите, беше поздравена силната посветеност и политичка волја за спроведување на реформите неопходни за забрзување на европската интеграција на земјата и реафирмиран ставот дека германскиот Бундестаг ќе остане силен поддржувач на нашата европска агенда и патот кон Европската унија.

Мицкоски: Со сила, труд и постојаност одново ќе ја донесеме обновата на Македонија

Одново сме пред голем предизвик, овој пат судбоносен за иднината на нашата земја. И има две работи кои се јасни, првата, никогаш нашиот народ не живеел потешко време, и втората….Ќе паднат!

,,Им се гледа крајот. Ќе паднат силно, ќе бидат поразени од народот, а ВМРО и народот ќе победат, а така ќе победи Македонија. А ова е тоа финале кога мора да се испорача цехот, цехот на сите неправди, прогони, ужасувања, за сите лаги и измами, за потта која остана неплатена, за сиромаштијата и тешкото време кое го донесоа, ова денеска од Прилеп на Денот на македонската револуционерна борба го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Заев: Се уште не се знае кој ќе биде технички премиер

Премиерот Зоран Заев рече дека во партијата сеуште не одлучиле кој ќе биде на чело на техничката Влада од 3. јануари.

За Заев важно е да не се закочат веќе почнатите процеси по 3. јануари , додека има два месеца и осум дена за да се избере техничкиот премиер.

Шекеринска: Благодарност до Сенатот, наскоро 30. членка на НАТО

Заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска се надева дека Македонија наскоро ќе стане 30. членка на НАТО.

Шекеринска се заблагодари на американскиот Сенат за ратификацијката на пристапниот протокол.

притисни ентер