Скопје -домаќин на ИТТФ Светската јуниорска и кадетска серија од челенџ турнири во пинг понг

 СЦ  „Борис Трајковски“ во Скопје од 8 до 12 октомври ќе биде домаќин на ИТТФ Светската јуниорска и кадетска серија од челенџ турнири во пинг понг.

По успешното одржување на Балканското првенство во Скопје во текот на јуни, со рекорден број учесници, (12 држави), Скопје и Пинг-понгарската федерација на Македонија се подготвуваат за организација на првиот турнир под покровителство на ИTТФ, Отвореното првенство на  Македонија за јуниори и кадети.

Над 100 учесници и 50 официјални лица од повеќе од 20 земји од светот (Шведска, Индија, Норвешка, Шпанија, Италија, Словачка, Чешка, Хрватска, Перу, Србија, Бугарија итн) се очекуваат да пристигнат во Скопје и да се борат за титулите на овој тунрир како и за паричниот и непаричниот фонд на награди (4000 долари и врвни телефонски апарати) обезбедени од организаторите и спонзорите на турнирот.

Реал Мадрид најавува мега трансфер во летниот преоден рок!

Европскиот фудбалски гигант Реал Мадрид подготвил неверојатни 400 милиони евра за во летниот преоден рок да го ангажира фудбалерот на ПСЖ Килиан Мбапе, пренесе францускиот весник „Паризиен“.

Доколку првиот човек на кралевите од Мадрид Флорентино Перез успее да ја оствари својата долгогодишна ѓелба, ќе го направи новиот рекорд во светскиот фудбал и убедливо ќе го надмине трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ вреден 222 милиони евра.

На овој трансфер инсистирал наводно предводникот на Реал Зидан кој уште летово сакал да го ангажира сонародникот Мбапе, но подоцна морал да се задоволи со купувањето на Азар од Челзи.

Но, ѕвездата на ПСЖ , Мбапе е желба и на европскиот шампион Ливерпул како замена за евентуалното заминување на  Мохамед Салах.

Веќе е договорен најголемиот зимски трансфер , тежи 125 милиони евра

Мауро Икарди игра одлично како позајмен играч на ПСЖ, а откако постигна девет гола на првите десет натпревари, францускиот шампион реши да го откупи неговиот договор од Интер.

Ова го пишуваат голем број италијански и француски медиуми. Gazzetta dello Sport и Calciomercato велат дека веќе започнале преговорите помеѓу спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо и Ванда Нара, сопругата и менаџер на аргентинскиот напаѓач, за неговиот заем да биде прекинат во јануари.

ПСЖ во договорот за заем на играчи од Интер има право да го купи Икарди со обештетување од 65 милиони евра додека играчот е во Париз. ПСЖ сака да ја активира клаузулата што е можно поскоро, при што претседателот Насер Ал Келаифи инсистира на остатокот на Икарди. Икарди во моментов заработува девет милиони евра годишно во ПСЖ, а со трајно преселување во тој клуб би добил 12 милиони евра годишно, без бонуси. Така, тој лесно можеше да добие и до двојно повеќе од платата што ја чекаше доколку се врати во Интер, каде заработуваше 7,5 милиони евра годишно.

ПСЖ, од друга страна, ќе му даде 125 милиони евра за обештетувањето и плата на Икарди.

Висока победа за АЛКАЛОИД во четвртото коло на Европскиот Клупски Куп 2019

Шахистите на Алкалоид успешно ги продолжуваат борбите на Европскиот Клупски Куп. Мечот од четвртото коло беше со императив за висока победа, како предуслов да се продолжи трката за една од медалите. 

Алкалоид со 4 победи и две реми дојде до резултат  5:1 против екипата „Итака“ од Србија. Ковалев, Шанкланд и Криворучко со сигурна игра извојуваа победи. Следеа две реми на Андреикин и Инаркиев. Најголема борба се водеше на првата табла, меѓу велемајсторите Мамедјаров и Инѓиќ. Во динамична и остра позиција, дојде до израз шаховската сила на Алкалоидовиот играч, и партијата заврши со победа на Мамедјаров.

По одиграни четири кола, само 4 екипи (од вкупно 66 клуба кои учествуваат) имаат максимални 8 бода, а потоа следи група со 6 бода, меѓу кои и екипата на Алкалоид.  

Во петото коло,  ШК Алкалоид за противник ја има екипата од Швајцарија „Zurich Schachgesellschаft“.

притисни ентер