Пристигнува Рено Каптур хибрид со автономија на струја од 50 км

Каптур хибридниот систем ќе користи бензински мотор од 90 коњски сили и електромотор.

Кога пред неколку месеци од Рено ја претставија новата генерација на Каптур, најавија и хибридна верзија. Францускиот произведувач тогаш не откри конкретни технички детали за ова возило, но сега се појавија нови информации за неговиот погонски систем.

Од „Automobile Magazine“  тврдат дека овој новитет во погонот на Каптур, ќе користи комбинација од 1.0 литарски бензински мотор од 90 коњски сили и електромотор со јачина од 70 коњски сили. Со комбинирана моќ од 160 коњски сили, хибридниот Каптур ќе биде мошне интересен за возење.

Уште поважно е дека, Каптур на купувачите ќе им понуди и задоволувачка автономија на струја. Се тврди дека вградената батерија во овој модел би имала автономија од 45 до 50 км. Во возењето само на електричен погон, брзината ќе биде ограничена на 135 км/ч.

Планирано е овој модел да пристигне на пазарот во 2020.

Порше смета дека не може да преживее од автомобили, ќе ја проширува дејноста

Поради драстичните промени во патничкиот превоз , како и начините за користење на автомобилите , од компанијата Порше сметаат дека нема да преживеат ако само произведуваат автомобили.

Ова е токму она што шефот за информатичка технологија и финансии на Порше, Лут Мешке, изјави за британскиот Autocar дека Порше не може да заработува од традиционалните автомобили. Се разбира, и натаму Порше ќе произведува автомобили кои обезбедуваат задоволство при возењето, но ќе мора да го диверзифицираат нивниот бизнис.

"Градовите сакаат да го намалат сообраќајот, затоа треба да најдеме решенија во рамките на нашата марка. Автомобилот не е доволен - нема да ни донесе значителен профит. Ако сакате парче од тортата, треба да размислите да инвестирате во други брендови или во сообраќајни решенија. Ако зборуваме само за автомобилите на Порше и подготвување за идна подвижност , тоа не е доволно. Треба да размислиме за инвестиции и да бидеме профитабилни во други индустрии “.

Мешке е многу јасен, велејќи дека 60% од нивните клиенти наскоро ќе живеат во големите градови, што значи дека ќе има помалку клиенти, особено колекционерите кои претпочитаат да имаат повеќе Поршеа. Затоа, ќе биде тешко да се постигне маргина од 15%.

И првото нешто што Порше го воведува е програма за лојалност, односно изнајмување на автомобилите „Порше“ преку месечно изнајмување кое обезбедува пристап до скоро сите модели. Истата програма ќе пристигне во Америка и Европа во наредните две години.

Ајкула изгриза Французинка пред нејзиното шестгодишно дете

Французинка остана без двете раце и едната града во напад на ајкула во едно од најатрактивните летувалишта на светот , во близина на полинезискиот остров Мооре.

Додека 35- годишната Французинка пливала во близина на брегот и ги гледала китовите, била нападната од ајкула. На страшниот настан сведоци биле нејзиниот шестгодишен син и другите членови на семејството. таа била пренесена во хотел , каде и била укажана прва помош.

„Видов жена без раце, левата рака и висеше. Ребрато на десната страна и беше отсечено. Имаше голема паника“, рече еден од сведоците за локална радио станица.

Според сведоците, Французинката била свесна кога била пренесена на брегот. Потоа, таа, наводно, го поставила прашањето: „Но, зошто ме одведовте таму ако не беше безбедно?“

Пожарникарот Жан-Жак Ривета изјави за АФП дека жртвата имала среќа што имало две медицински сестри во близина на несреќата, кои можеле да и дадат прва помош.

Жртвата изгубила многу крв и во тешка состојба била пренесена во болница на блискиот остров Тахити. Нејзината состојба е сериозна, но стабилна, велат од болницата. Околностите на нападот се во фаза на истрага.

Вистинско чудо го спасило возачот од сигурна смрт (ФОТО)

Пожарникарите од американската држава Џорџија снимиле страшни фотографии од сообраќајна несреќа во која џип Нисан се заби во камион со дрва.

Според фотографиите , вистинско чудо е што возачот ја преживеал оваа несреќа , зашто стеблата се забиле преку ветробранското стакло во целата кабина.

Возачот имал неверојатна среќа што во моментот на сударот се наведнал под седиштето за да собере нешто што му паднало. Во тој момент, камионот запрел и Нисанот удри во приколката. Пожарникарите морале да исечат скоро 40 трупци за да стигнат до повредениот возач. Им требало околу 15 минути да стигнат и сцената била страшна.

Началникот на пожарникарите Едвард О’Брајан изјави за Си-Ен-Ен дека било неверојатно. Повредениот возач бил пренесен во болница каде биле утврдени повеќекратни фрактури, но не опасни по живот.

притисни ентер