Видео - фото: Трибините полни со деца, 20 000 деца навиваа за Партизан

Српскиот фудбалски клуб Партизан поради казна од УЕФА поради расизам доби забрана од присуство на навивачи на трибините на својот стадион во  европските купови.

Раководството на црно белите од Белград по долги преговори со УЕФА доби дозвола на трибините на стадионот да може да има само деца.

Во натпреварот од Лига Европа меѓу Партизан и АЗ Алкмар од Холандија кој заврши без победник 2-2 , домашните фудбалери имаа фантастична поддршка од дури 20000 деца на трибините .

Овој натпревар токму поради децата беше забележан во целата Европа. Најпознатиот шпански спортски весник „Марка“ им посвети големо внимание на децата кои му дадоа голема поддршка на својот омилен клуб партизан.

Тиражниот весник е воодушевен од фактот што црно-белите од трибините имаа ветер во грб од 20000 навивачи на возраст до 14 години.

-Партизан,откако  УЕФА го санкционираше поради расизам на трибините на дуелот со АЗ Алкмар стадионот го наполни со деца. Бил постигнат договор децата од сите училишта во Србија да дојдат на стадионот и да навиваат за Партизан, напиша Марка.

Двејн Веид почна нова кариера – колега ќе му биде Шекил О’Нил

Со завршувањето на минатата НБА сезона , Двејн Веид ја заврши професионалната кариера по 16 години.

Кариерата ја заврши како 29-ти стрелец на сите времиња со 23.165 поени и три титули првак со Мајами Хит - една со Шекил О’Нил во 2006 година и две со Леброн Џејмс во 2012 и 2013 година.

На денот на започнувањето на новата НБА сезона беше објавено со што ќе се занимава во иднина  37-годишниот Вејд, а неговиот колега Шак повторно ќе биде со него.

Вејд потпиша договор со ВорнерМедиа и ќе ја покрива НБА за телевизијата ТНТ, како и Фајнл Фор на НЦАА лига за СБС Спорт и ќе работи како креативен директор на специјалните проекти на „Блечер“.

За почеток, тој се приклучи на добро познатата постава на „Inside NBA “, во која работат Шекил О’Нил, Чарлс Баркли, Кени Смит и презентерката Ерни Џонсон. Во текот на сезоната, тој ќе биде еден од учесниците во шоуто во вторник заедно со Шак и еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Кендис Паркер.

Гвардиола на прес конференција носеше часовник од 1,5 милиони евра

Манчестер Сити вчера ја победи Аталанта со 5: 1 во натпреварот од третото коло на Лигата на шампиони , а ден пред натпреварот прес конференција одржа тренерот на Сити , Пеп Гвардиола.

Шпанецот со одбрани зборови говореше за италијанскиот клуб, но некои новинари го забележаа рачниот часовник што го носеше Гвардиола .

Станува збор за часовникот на Ричард Мил, истиот оној што го спонзорира Рафаел Надал. Тоа е модел наречен RM27-01 од Рафа Надал, кој беше дизајниран исклучиво за еден од најголемите тенисери на сите времиња.

Тое е најлесниот механички часовник произведен досега, тежи само 18,83 грама, вклучувајќи го ременчето, а произведени се само 50 примероци од него.

Часовникот на почетокот се продаваше за 750 илјади евра, а денес чини околу милион и пол.

Бекам го претстави стадионот во Мајами вреден милијарда долари (ВИДЕО)

Дејвид Бекам на медиумите и навивачите вчера им го претстави новиот изглед и плановите за стадионот на неговиот клуб Интер-Мајами , што ќе биде отворен во 2022 година.

Бекам ќе инвестира милијарда американски долари во Фридом парк во Мајами. На просторот од 56 хектари ќе биде сместен парк, ресторани, продавници, фудбалски игралишта за граѓаните и невиден стадион на кој можат да бидат сместени 26.000 гледачи. Проектот е целосно финансиран од приватните инвестиции на Бекам Партнерс и нема да го чини градот Мајами ниту цент. Стадионот, покрај тоа што е изграден според најмодерните и досега невидени стандарди, ќе има и отворен бар на покривот од кој посетителите ќе можат да ги гледаат натпревари на Интер.

Клубот на Бекам МЛС влегува на стадионот следната година, но првите две сезони ќе ги игра на резервниот стадион Локхарт во Форт Лодердејл, кој моментно е во изградба. Срушен е стариот стадион на таа локација и се гради нов за да се сместат 18.000 луѓе. Кога клубот ќе се пресели во Фридом Парк, стадионот на Локхарт ќе го превземе младинската школа на Интер, како и постојниот центар за обука.

притисни ентер