Трамп: Сакаме да избегнеме војна со Иран, но...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес се обрати по повод наводниот напад на нафтените полиња од страна на Иран и нагласи дека се надева дека ќе се избегне војна со Техеран.

-Веќе сега знаеме доволно за тоа кој е виновен но сепак сакаме уште докази. Тоа што со сигурност можеме да го тврдиме е дека сакаме да избегнеме војна со Техеран, но сме подготвени на се, вели Трамп.

Уште еднаш нагласи дека ќе направи се што е во негова моќ за да им помогне на пријателите во Саудиска Арабија.

По нападот Саудиска Арабија го преполови производството на нафта па затоа и цената драстично е зголемена.

Заев: Најавата за вонредна резолуција на ЕП ќе ја врати мотивацијата да продолжи по европскиот пат

Премиерот Зоран Заев смета дека најавата за вонредна резолуција на Европскиот парламент со која повторно ќе се побара отворање на пристапните преговори за членство на Македонија и Албанија во ЕУ ќе биде од помош и ја врати мотивацијата кај народот.

– Намерата на ЕП е од помош, нешто што е мал лек за горчината во нашите души која не затекна со оваа нефер историска грешка што ја направи Европската Унија кон Република Северна Македонија. Верувам дека ваквите постапки уште еднаш ќе ја вратат мотивацијата на нашиот народ да продолжи по патот на евроатланските интеграции бидејќи оваа наша определба е со причина – тоа носи инвестиции, раст и развој, повисок стандард и доволна мотивација младите да останат тука и да работат, изјави Заев по официјалното означување на почетокот на изградба на фабриката на германската компанија „Герешајмер".

Одговарајќи на новинарски прашања, Заев порача дека само ако како држава продолжиме да работиме посветено, може да бидеме дополнителна мотивација за дискусиите во Европскиот парламент, Европскиот совет, Европската комисија и пооделно во земјите членки на Унијата.

– Реално очекувам дека многу брзо ќе се врати среќата и надежта, нагласи Заев. 

Спасовски: По утврдените рокови ќе се знае кој ќе ја предводи техничката влада

Во овој момент сосема е неважно кој ќе ја предводи техничката влада, туку е важно што ќе се случува до 31 декември во однос на подобрувањето на животот на граѓаните, рече министерот за внатррешни работи Оливер Спасовски.

Спасовски посочи дека и Министерството за внатрешни работи и Владата ќе продолжат со активностите, што значат реформирање на системот, кои значат градење на систем, подобрувањето на условите за живот на граѓаните.

-Апсолутно сите ние сме насочени кон тој момент. За нас важно е, што ќе направиме до 31 декември, до формирањето на таа техничка влада, колку проекти ќе реализираме, колку граѓаните ќе почувствуваат дека имаат подобрување во начинот на живеење и во начинот на оставрување на своите права, истакна Спасовски.

Во овој момент, не е многу голем интерес на граѓаните кој ќе ја предводи техничката влада за уште сега, како што додаде Спасовски, да се разговара на таа тема. Дополни дека за формирање на техничката влада, постојат рокови, по што ќе се донесат одлуки и ќе се изберат личности кои ќе ја предводат таа влада.

Министерот Спасовски заедно со неговиот бугарски колега Младен Маринов денеска на граничниот премин „Делчево – Лисичково" присуствуваше на делењето едукативен материјал „Остани чист, кажи и не на корупцијата" како превентивна активност за подигање на свеста на граѓаните за пријавување корупција.

Спасовски и Маринов во оваа прилика изразија задоволство од досегашната соработка и подготвеност за натамошен развој и унапредување на соработката.

Партиите без договор за новиот Закон за ЈО, може ли обвинителот да се избира на избори?

Се изјаловија ли преговорите за Законот за јавното обвинителство?  

Додека партиите со месеци наназад неуспешно се обидуваа да најдат консензус меѓудругото и за изборот на јавниот обвинител на предлог на опзицијата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски деновиве и со предлог – Јавниот обвинител да го избираат граѓаните на непосредни избори, како реформско решение наместо партиите да се договараат кој би бил јавниот обвинител.

Првиот човек на Јавното обвинителство  Љубомир Јовески смета дека едно вакво решение треба добро да се разгледа, бидејќи тоа би значело кандидатите да се промовираат во јавноста пред изборите, а за што ќе им биде потребна  партиска поддршка и спонзорство, а со тоа и непосредниот избор на обвинителот би се исполитизирал.

 “ За мене посуштинско е прашањето во однос на кредибилитетот, професионалноста и интегритетот на личноста за јавен обвинител и обезбедувањето на доволно ресурси за остварување на уставните и законски надлежности на Јавното обвинителство, отколку постапката во која се избира јавниот обвинител.  Доколку се оди на непосредни избори тоа значи кампања за која се потребни значителни средства, а суштинско прашање е како тие ќе се обезбедат, дали ќе бдиат можни спонзорства, дали одредени политички партии ќе поддржат одреден кандидат со што процсот би се исполитизирал. На таков начин избраниот кандидат ќе има обврски кон определени сфери на интерес кои го финансирале.  “

Принципот – јавниот обвинител да ги бираат граѓаните на непосредни избори постои во Соединетите Американски Држави. За овој предлог да се интегрира во македонското законодавство е потребно да се направат уставни измени. Според Министерството за правда оваа опција не е изводилива пред избори, поради фактот што за уставни измени е потребен рок од 6 месеци.

Но и покрај тоа што Јавното обвинителство ги презеде предметите од СЈО со што се реши нивната судбина, државниот обвинител смета дека неопходно е носењето на Законот за јавното обвинителство меѓудругото поради разрешување на прашањето за одговорноста  на јавниот обвинител, како и самостојноста на јавните обвинители во постапувањето.

притисни ентер