Најмалку 12 загинати во експлозија на автомобил – бомба во близина на турската граница

Во пограничниот сириски град Ал Раи загинаа најмалку 12 лица кога експлодира авотмобил- бомба.

Во експлозијата во близина на болница во градот Ал Раи се повредени 15 лица. Од експлозијата е оштетена и болницата .

Ал Раи е во северозападниот дел на Сирија , под контрола на бунтовници , поддржани од Турција.  

Бура и поплави на југот на Франција

Бура и обилни врнежи од дож утринава го погодија југот на Фрација и предизвикаа поплави во некој градови во овој регион.

Француската метеоролошка служба предупреди дека бурата би можела трае до утре , пренесе Ројтерс.

Бурата започнала синоќа, а поради силата на ветерот прогласен е портокалов аларм кој ќе биде на сила до утре, информира порталот „Локал Франс“.

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по по повод Денот на Mакедонската револуционерна борба

Дозволете во мое лично име и во име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, на граѓаните на Република Македонија да им го честитам празникот 23-ти Октомври- Денот на македонската револуционерна борба.

Таа борба која ја почнале Груев, Татарчев, Поп Арсов, Хаџи Николов, Димитров и Батанџиев била водена од искрената и чиста цел за слободна Македонска држава и таа борба низ годините била водилка на илјадниците македонски револуционери кои живееле и умирале за Македонија.

23-ти Октомври е темелот на кој се надоврзуваа Илинденската епопеја и Крушевската Република, Народноослободителната борба и АСНОМ, но и 8-ми Септември и независна Република Македонија.

Истрајноста на тој идеал за слобода и еднаквост 126 години покажува дека овој народ и оваа држава негувале и ќе негуваат европски и цивилизациски вредности и сите ние на тоа треба да се гордееме и да продолжиме да го градиме.

Наша обврска како народ е да ја продолжиме оваа борба не само како спомен на нашите предци, туку и како завет за идните генерации. Само со труд, постојанство и обнова можеме да бидеме сигурни дека Македонија ќе чекори кон напредокот и успесите, наместо поразите и уназадувањето.

Македонија ја чекаат предизвици, но и подобри времиња. Како никогаш порано судбината на нашата земја е во рацете на нашиот народ, а јас силно и цврсто верувам дека обновата ќе дојде.

Нека е честит празникот.             

Нека е вечна борбата за Македонија.

Нека е жива Македонија.

         Христијан Мицкоски,

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Честитка од Пендаровски по повод Денот на Mакедонската револуционерна борба

Дозволете да ви го честитам 23 Октомври ‒ Денот на Македонската револуционерна борба. 

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври - Денот на Mакедонската револуционерна борба.

  Пред 126 години со формирањето на Македонската револуцонерна организација беа удрени темелите на организираната револуционерна борба за слобода и за создавање независна македонска држава. Беа потребни години на непрекината борба, страдања, хероизам и непокор, беа потребни Илинден 1903 и АСНОМ 1944, Референдумот на 8 септември 1991 за конечно да создадеме држава. Ние, денешните генерации, ги уживаме резултатите  на револуционерната борба ‒ живееме во слобода, во своја самостојна држава.

Секое време носи можности и искушенија. Секоја генерација има свои предизвици и цели. Нашиот предизвик е да ја направиме Република  Македонија просперитетна и почитувана, демократска и модерна. За тоа ни треба толеранција во меѓусебните односи, почит за другите, одговорност кон заедницата, грижа за животната средина и помагањето на ближните. Ни треба сплотеност без разлика на етничка, верска, политичка или каква било припадност. Не смеат да нè обесхрабруваат никакви пречки и премрежија. Го знаеме својот пат и на тој пат продолжуваме заедно.

Нека ни е честит 23 Oктомври!

притисни ентер