ВЕСТИ ОД ИДНИНАТА: ВО НЕДЕЛА ФИНАЛЕ НА ПРВОТО ТЕПАЧКО ПРВЕНСТВО НА ДОКТОРИ И ПАЦИЕНТИ - ОСТАНЕТЕ СО КАНАЛ 5 ТВ!

Денес е 4ти Јуни 2021 год, а ова се најновите вести од земјата и светот! Не го менувајте каналот

4ти Јуни 2021 год.

После возбудливата прва сезона на новата Крш Лига на Македонија, лига на улично тепање помеѓу доктори од една страна и пациенти од друга страна, во Недела на 6ти Јуни 2021 год, на Градскиот Стадион во Скопје ќе се одржи големото финале во кое учествуваат екипата на доктори од Штип „Костозглобни“ од едната страна и од другата страна домашната екипа на пациенти од Скопје, позната како “Фамилииште“. Двата тима од по 9 играчи имаат за задача во рок од 60 минути да ги нокаутираат членовите на противничките тимови. Како помошни средства , за оваа прво финале на Крш Лигата, Фондот за Здравство на Македонија дозволи употреба и на безбол палки како и на железни боксирачи. Канал 5 ќе врши директен пренос од ова меѓусебно тепање со почеток во 15.30 часот

После тригодишно преговарање со албанската заедница во Охрид и Струга, за почеток на рушење на дивоградбите на крајбрежјето, локалната власт на Охрид и нејзиниот градоначалник донесоа компромисна одлука.
Имено, наредната недела започнува рушењето по следниот клуч - прво се руши еден сосема легален дуќан и една куќа, па потоа се преминува на рушење на една дивоградба, што значи за секоја една дивоградба, треба да „паднат“ по два легални објекти.За рушење пак на нелегалната џамија во центарот на Охрид, договорено е да се срамни со земја црквата Св. Софија во Охрид. Со ова логична одлука на градоначалникот на Охрид, која изобилува со дух на добри меѓуетнички односи, конечно се реши 3 годишниот проблем во охридско.

Вчера се одржа јубилејната 115 Лидерска средба на тимовите на Заев и Мицкоски, а темата беше онаа иста уште од 2019 год.
Двајцата лидери после речиси две години преговори сфатија дека терминот за предвремени избори , Април или Јуни 2020 , е одамна поминат па констатираа дека точката 1 од нивната листа на проблеми е решена.
Истовремено конечно се договорија за етаблирање на ново обвинителство кое ќе се вика Специјално Обвинителство за Затворање на Предмети или СОЗП.
Ова обвинителска институција ќе има задача да ги затвори сите започнати предистраги , истраги и обвиненија против сите политичари од 1991 па се до 4ти Јуни 2021 год, со што обвинителствата ќе се ослободат од огромен број на предмети. Тоа значи дека ќе можат да се посветат на гонење на висок криминал од типот бесправно јадење кебапчиња или неовластено продавање цвекиња на големиот тротоар на бул. Партизанска. За прв човек на ова обвинителство е избран Никола Груевски

Вести од спортот:

Светската автомобилска асоцијација, ФИА, објави дека за првпат во својата историја за претседател на истата постави жена која доаѓа од Македонија. Станува збор за госпоѓа Mary Ann Gasoline; која веднаш воведе новитет во трките на Формула 1, и тоа задолжително влегување во боксовите на тимовите 3 пати во текот на една трка, со цел да се види за колку ќе се изврши наплата на патарина.

Од наши извори блиски до раководството на организацијата ФИА, дознаваме дека Mary Ann Gasoline, всушност е нашата некогашна пратеничка позната како Мира Дизел

Ова беа вестите за 4ти Јуни 2021 год.

( текстот е фикција/козерија )

Лазаров го објави поширокиот список за баражот со Фарски Острови

Во стручниот штаб предводен од Лазаров за дуелите против Фарски Острови е вклучен и поранешниот долгогодишен репрезентативец Стојанче Стоилов.

Вкупно 36 ракометари, од кои петмина интернационалци, се најдоа на поширокиот список кој селекторот на македонската машка репрезентација Кирил Лазаров го објави денеска за мајските бараж натпревари против Фарските Острови за пласман на Светското првенство во 2025 година.

Во стручниот штаб предводен од Лазаров за дуелите против Фарски Острови е вклучен и поранешниот долгогодишен репрезентативец Стојанче Стоилов.

Македонските ракометари првиот бараж натпревар против Фарски Острови ќе го одиграат на 8 мај на гостински терен, а реваншот е на 12 мај во Скопје, со почеток во 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Повикани ракометари:

НИКОЛА МИТРЕВСКИ ФК ПОРТО

МАРТИН ТОМОВСКИ РК ВАРДАР 1961

МАРКО КИЗИЌ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

ИВАН ГАЛЕВСКИ РК АЛКАЛОИД

ЦВЕТАН КУЗМАНОСКИ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

ПЕТАР АТАНАСИЈЕВИЌ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

ГОЦЕ ОЈЛЕСКИ ГРК ОХРИД

ДИМИТАР ДИМИТРИОСКИ ЦД БАЛОНМАНО АТЛЕТИКО ВАЉАДОЛИД

НИКОЛА КОСТЕСКИ ТАЛЕНТ ПЛЗЕН

НИКОЛА СТОИЛЕВ ГРК ОХРИД

МАРТИН ПОПОВСКИ ГЦ АМИЧИТИА Цирих

ЖАРКО ПЕШЕВСКИ РК ЕВРОФРАМ ПЕЛИСТЕР

МИЛАН ЛАЗАРЕВСКИ РК ВАРДАР 1961

НИКОЛА МАРКОСКИ РК АЛКАЛОИД

МАРКО СТОЈКОВИЌ РК АЛКАЛОИД

МИХАИЛ АЛАРОВ РК ВАРДАР 1961

ВАЛЕНТИН КАРАСМАНАКИС РК АЛКАЛОИД

КРИСТИЈАН АТАНАСОВ ГРК ТИКВЕШ 2014

ТОМЧЕ СТОЈАНОВСКИ РК БУТЕЛ СКОПЈЕ

ТОМИСЛАВ ЈАГУРИНОСКИ РК ВАРДАР 1961

МАРТИН ВЕЛКОВСКИ РК АЛКАЛОИД

ФИЛИП НИКОЛОВ РК БУТЕЛ СКОПЈЕ

МАРТИН СЕРАФИМОВ РК АЛКАЛОИД

ДАВИД САВРЕВСКИ РК АЛКАЛОИД

ДАМЈАН МИТЕВ РК АЛКАЛОИД

МАРТИН КАРАПАЛЕВСКИ РК ВАРДАР 1961 г

МАРКО МИТЕВ РК АЛКАЛОИД

МАРИО ТАНКОСКИ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

ИВАН ЈОНОВ РК АЛКАЛОИД

ЕМИЛИЈАН ЖОРГОСКИ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

ПАВЕЛ АТАНАСИЈЕВИЌ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

ФИЛИП ТАЛЕСКИ Спорт Бенфика (ПОР)

МИХАЈЛО МЛАДЕНОВИЌ РК АЛКАЛОИД

МАРКО МИШЕВСКИ РК ВАРДАР 1961

ГОРАН ХРИСТИЈАНСКИ ГРК ОХРИД.

Кари ја освои наградата „Џери Вест“

Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Стивен Кари, е добитник на овосезонската награда „Џери Вест“, која му се доделува на најдобриот играч во решавачките моменти од натпреварите во НБА лигата.

Наградата која се доделува на клучниот играч во последните пет минути од натпреварите во кои резултатот е до пет поени разлика, беше воведена минатата сезона, а Кари го наследи дефанзивецот на Сакраменто Кингс, Де Арон Фокс.

Кари во изборот доби вкупно 298 поени (45 први, 18 втори и 19 трети места).

Второто место со 272 поени (34 први места) го зазеде Демар Дерозан од Чикаго Булс, додека третото место го освои Шеј Гилџес.-Александер од Оклахома Сити со 160 бодови (11 први места). /МИА

Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“

Двајца странски државјани, членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“, во средата биле уапсени во Атина, а се товарат за две кражби на златарници во центарот на градот, јави дописничката на МИА од Атина.

Неофицијално станува збор за српски државјани, а за кражбите го користеле методот „рифифи“, односно во златарниците и продавниците за накит влегувале по направени дупки од соседни напуштени или празни згради или простори.

Од грчката полиција соопштија дека уапсените биле активни најмалку од декември минатата година, користеле фалсификувани документи, а се движеле со возила со странски регистарски таблички или во сопственост на лица со чисто криминално досие, за да не бидат откриени.

Во однос на начинот на дејствување откако ги таргетирале продавниците, ги набљудувале, по што подготвувале соодветен план и се движеле пеш за да не бидат сомнителни.

Откако успевале да добијат пристап до напуштените или празни згради-лепенки до златарниците, отворале дупка на ѕидот што води до продавницата.

Еден од уапсените влегувал преку дупката со лазење за да не се активираат детекторите за движење и со украдениот накит се враќал во соседниот простор.

Од досегашната истрага на полицијата, расчистени се две случаи на кражби во златарници во центарот на Атина, а продолжува истрагата за утврдување на целосниот обем на нивната криминална активност.

По извршениот претрес на уапсените меѓу другото, биле пронајдени и одземени алатки за кражби, три часовници, накит, 190 евра, фалсификувана возачка дозвола, три мобилни телефони.

притисни ентер