Хрватска летна работна дестинација за македонските граѓани

Хрватското крајбрежје летово беше дестинација на многу македонски граѓани, но не како туристичка, туку како дестинација каде работат.

Мотивите и целите им се различни, но главно се задоволни од она што им е понудено, а задоволство од нивниот ангажман изразуваат и хрватските работодавци.

Кирил и Наташа се двајца меѓу многуте што ја поминуваат оваа туристичка сезона во Хрватска. Работат во ист хотел „Ла Луна"на хрватскиот остров Паг, заедно со уште неколку македонски граѓани, како и со повеќе вработени од поранешните ју републики.

-Мотивот да барам работа надвор од мојата земја беше првенствено финансиски. Идејата беше за неколку месеци да заработам некоја сума што би ја заработила дома за една година, притоа да си ги подмирам целогодишните трошоци на факултет, вели Наташа Трајковска од Скопје.

Наведува дека Хрватска ја одбрала како дестинација од причина што ова и е прво работно искуство во странство, а Хрватска и била доста позната бидејќи е често таму.

-Работата ја најдов со препорака преку приватни контакти од Хрватска, не сум запозната и не сум била во контакт со агенции кои посредуваат за работа во странство. Платата ми е солидна, задоволна сум со неа и е според хрватските стандарди, истакнува Трајковска.

Додава дека нашла работа во хотелот „Ла Луна", кој се наоѓа на островот Паг, а местото се вика Јакишница (Лун). – Работам во Велнес центарот на рецепција и сум презадоволна. Планирам да останам до крајот на сезоната, а од 1 октомври почнувам со факултетот, вели таа.

Работата ја нашла со препорака преку приватни контакти од Хрватска. Вели дека не е запозната и не била во контакт со агенции што посредуваат за работа во странство.

Лошите економски услови во земјава, можностите кои ги нуди работењето во странство, како и стекнувањето нови познанства, знаења и работно искуство биле причина и за Кирил да побара работа во странство, одбирајќи ја летово Хрватска, а најавува дека и следанта година би се вратил.

-Работам сезонски. Рабоата ми е добра, немам никакви приговори, т.е. ќе се вратам најверојатно и следната сезона тука, вели Кирил.

Открива дека работата ја нашол случајно и решил да ја прифат понудата.

-Случајно, сурфав на интернет, т.е. ми се појави оглас за работа во странство, и едноставно размислив и „ја зграпчив приликата”, вели Кирил.

И двајцата велат дека на островот е исклучително добро и има преубава природа, пејзажи, најстарата плантажа со маслинки, а исто така на само неколку километри од нив е и плажата Зрќе позната по своите музички фестивали.

Работат во друштво на вработени од Хрватска, БиХ и Србија, а проценките се дека само во Новајлија, град близу овој хотел, летово работеле над 100 Македонци.

– Вработуваме луѓе без разлика од каде се. Имаме доста од Северна Македонија, а според моите сознанија ги има во Новајлија само 100 лица. Вредни се и коректни, а оние кои не се си заминуваат, вели Мате Дедич, менаџер во хотелот „Ла Луна"./МИА

Бројот на Австријци кои живеат во сиромаштија се зголеми за повеќе од 50 проценти

 Бројот на Австријците во апсолутна сиромаштија е зголемен за повеќе од 50 отсто, од 201.000 во 2022 година на 336.000 минатата година, соопшти Заводот за статистика на земјата.

Според бројките презентирани од Статистика Австрија, погодените луѓе не можеле да си дозволат многу секојдневни работи како кирија, греење или храна.

Децата и младите се релативно почесто погодени од сиромаштија отколку возрасните.

Во опасност од сиромаштија се 41 отсто од самохраните родители и 31 отсто од семејствата со најмалку три деца.

Според податоците, процентот на жители во ризик од сиромаштија би изнесувал дури 42 отсто без државна социјална помош.

Универзитетот Колумбија го одложи рокот што им го даде на демонстрантите против војната во Газа

Американскиот универзитет Колумбија го одложи рокот, кој истекува на полноќ, што им го даде на пропалестинските студенти да го расчистат кампусот, каде што протестираат против војната во Газа.

- Преговорите напредуваа и продолжуваат според планираното, соопшти кабинетот на претседателот на Универзитетот во Њујорк Минуш Шафик, негирајќи дека била побарана полициска интервенција.

- Не нарекуваат терористи, нè нарекуваат насилници. Но единствената алатка што ја имаме е нашиот глас, рече еден од студентите на собирот.

Пропалестинските студентски демонстрации во САД, кои се проширија на неколку универзитети, почнаа на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Некои од најпрестижните универзитети во светот, како Харвард, Јеил и Принстон, се приклучија на студентското движење и демонстрации.

Блинкен за неколку дена во Израел, седми пат од почетокот на војната

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторник ќе го посети Израел, седми пат по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше како одговор на Израел во Појасот Газа.

Јавниот сервис Кан денеска јави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафа, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држи Хамас.

Блинкен моментално е во посета на Кина.

притисни ентер