Видео: Се возеше на луда железница и телефонот слета во неговите раце

Ова е спомен кој тој ќе го памети цел живот.

На Јутјуб може да се види видео од возење со луда железница во забавниот парк „Порт Авентур“ во Шпанија на кое се гледа како телефон излетува од рацете на еден човек а друг човек го забележува и го фаќа во лет.

Инаку лудата железница достигнува брзина од 130 км/ч и е една од најбрзите во Европа.

Мајка од пеколот : Американка си ги задавила своте три мали деца (ВИДЕО)

Полицијата вчера ја уапсила Рејчел Хенри (22) под сомнение дека ги убила своите три мали деца, едно по едно, во нејзиниот дом во Феникс, Аризона, а потоа ги поставила телата на троседот за да изгледа како да спијат.

Хенри се изјасни за виновна и сега е во затворот во округот Марикопа. 30-годишниот татко на деца и 49-годишниот братучед, исто така, беа приведени во притвор, пренесува Ројтерс.

Полицијата првично соопшти дека причината за смртта на децата допрва треба да се утврди и дека немало очигледни знаци на траума на нивните тела. Но, Хенри подоцна признала во полицијата дека ги задавила своите деца - две девојчиња, на возраст од 7 месеци и една година, и 3-годишно момче, почнувајќи од нејзината постара ќерка.

Таа рече дека им ја ставила раката преку носот и устата додека не престанале да дишат. Раскажа дека тригодишниот син ја посматрал  како ја дави неговата сестра и викал да престане, ја удирал , но попусто.

Таа потоа го задавила 3-годишникот на подот во спалната соба додека му пеела детска песна. Мајката прво ја нахранила седуммесечната ќерка, а потоа ја задавила, пеејќи и приспивна песна.

Потоа, Хенри ги поставил децата „на каучот во дневната соба како да спијат“, без да им каже на другите двајца возрасни во куќата  што се случило. Кога таткото и братучедот дознале што се случило, веднаш повикале полиција.

Точниот мотив за овие грозни убиства не е познат, но еден станар рече дека Хенри „била зависник од метамфетамин”.

Ја подигна наградата за улогата во ,,Џокер” и во смокинг отиде на протест пред кланица (ВИДЕО)

Актерот  Хоакин Феникс е незапирлив оваа сезона, па по серијата признанија за неговата улога како Џокер во истоимениот филм , тој сега ја доби и наградата за најдобар актер од Американската асоцијација на филмски актери .

40-годишниот актер веднаш по церемонијата на доделување на наградите се обрати на настан што се чинеше дека му значи многу повеќе. Тој се приклучи на групата позната како „ Los Angeles Animal Save “ пред кланица, пренесува Унилад.

Хоакин и неговите пријатели дојдоа пред кланицата за да ги утешат животните подготвени да бидат заклани и да протестираат против бруталното постапување со животните.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Best villain on screen, best hero in life. Joaquin Phoenix came out to bear witness after winning the SAG Award for Best Male Actor. 📷 @bobbysud . . @laanimalsave pig vigil . . ‼️Visit our website for more information or starting your own group www.laanimalsave.org ‼️Text PIGS to 66866 to get vigil details weekly ‼️Get shirts, hoodies, tote bags, buttons and more at our weekly pig vigils! ‼️Questions? Email info@laanimalsave.org ⚠️Wednesday pig vigils are with @animalalliancenetwork Please contact them for details ⚠️ #vegan #govegan #slaughterhouse #endspeciesism #animalrights #bekind #animallover #vegansofig #factoryfarming #activism #animalliberation #compassion #dinner #meat #mcdonalds #laanimalsave #thesavemovement #wakeupworld @thesavemovement

A post shared by Los Angeles Animal Save (@laanimalsave) on

„Повеќето луѓе не се ни запознаени со теророт и колењето во индустријата за месо и млечни производи. Сцените на среќни животни на фарма што ни ги прикажуваат на пакувањата со месо и во рестораните,  сето тоа е лага “, рече Феникс.

Феникс е познато дека е вегетан веќе четири децении и не е изненадувачко неговото присуство на ова бдение заедно со активистите за правата на животните.

„Луѓето треба да ја дознаат вистината и наша обврска е да ја откриеме. Ние, кои бевме сведоци на вистинската состојба на нештата, ние имаме должност да ја откриеме. Затоа сум тука“, изјави Феникс.

Џин Дејвис, основач на Los Angeles Animal Save, рече дека актерот редовно присуствува на нивните бденија во Лос Анџелес и ги инспирира борците за правата на животните низ целиот свет.

„Ние сме многу благодарни на неговиот глас. Во секој агол на светот, активистите се сведоци на животни кои се осудени на колење и се обидуваат да ја разбудат јавноста, укажувајќи на овој масакр“, вели Џин.

Прв пат во историјата е снимено спојување и разделување на атоми (ВИДЕО)

Научниците успеаја за прв пат во историјата да снимат видео на кое се гледа спојувања и раздвојувања на атоми, процес што се одвива во размер што е 500.000 пати помал од дијаметарот на човечко влакно.

Користејќи ги „напредните методи на микроскопија“, физичарите и хемичарите од универзитетот „Улм“ во Германија и универзитетот Нотингем во Велика Британија беа во можност да го снимат  врзувањето, а потоа и раздвојувањето на два атоми со големина помеѓу 0,1 и 0,3 нанометри, пренесува Скај њуз.

За да го постигнат ова, тие користеле микроскоп за електронски трансмисија (ТЕМ) за да набљудуваат многу тенок примерок преку тенок зрак на високо-енергетски електрони. Јаглеродните наноцевки, тенки шупливи јаглеродни цевки, биле користени за да се фатат атомите и молекулите и да се позиционираат таму каде што е потребно.

"Заробивме неколку атоми на рениум (Re) кои се здружија за да се формира Re2. Бидејќи раниумот има голем атомски број, полесно е да го видиме со ТЕМ отколку полесните елементи, така што би можеле да го идентификуваме секој атом на тој метал како темна точка", рече хемичарот Андреј Хлобистов од Универзитетот во Нотингем.

Рениумот е инаку еден од најретките елементи во природата. Тој е со сребрено бела боја, сјаен и многу тврд метал со голема густина и голема точка на топење. Неговиот атомски број е 75.

Во видеото, може да се види како двата атоми на рениумот се спојуваат едни со други, а потоа се движат и вибрираат, пред да се разделат и да се скршат.

"Колку што знаеме, ова е прв пат да се забележи развој, формирање и раздвојување на атомска врска. Веруваме дека некогаш во иднината, електронската микроскопија би можела да стане вообичаено прифатена метода за проучување на хемиските реакции", рече Хлобистов.

притисни ентер