Што извезуваат нашинците во Германија (видео)

Што открија Германските цариници во македонски автобус.

Цариниците не можеа да се начудат од содржината на преполните торби и куфери. Кога ги ставија на скенер им  личеше дека превезуваат нелегална стока, но подоцна се уверија дека опасниот товар се всушност тегли со ајвар, краставички, слатка а имаше и наполитанки.

Општина Ново Село ќе постави видео надзор на дивите депонии

Општина Ново Село од утре ќе почне да ги чисти сите диви депонии на територијата на општината, а откако ќе се исчистат ќе биде поставен видео надзор и комуналните редари постајано ќе бидат на терен, информираат од оваа единица на локалната самоуправ

Апелираат до граѓаните да не фрлат отпад на јавни површини, а сите прекршители на законот ќе бидат најстрого казнувани.

Српското собрание ги усвои договорите од иницијативата „Мини Шенген" меѓу Србија и Македонија

Меѓусебното признавање исто така значи дека граѓаните и деловните субјекти од една земја ќе можат да користат онлајн услуги на друга земја, односно ќе можат да се идентификуваат преку своите електронски шеми за идентификација.

Српското собрание денеска го изгласа Договорот меѓу владите на Србија и Македонија за взаемно признавање на квалификувани услуги од доверба, јави дописникот на МИА од Белград.

Министерот за финансии Синиша Мали во дебатата оцени дека одобрувањето на Договорот треба да има влијание врз економските субјекти на двете земји, кои во меѓусебната деловна соработка ќе се префрлат на електронска трговија, што е побрзо и поефикасно од класичното.

-Меѓусебното признавање исто така значи дека граѓаните и деловните субјекти од една земја ќе можат да користат онлајн услуги на друга земја, односно ќе можат да се идентификуваат преку своите електронски шеми за идентификација, кои се подеднакво прифатени и во двете држави, изјави министерот Мали.

Тој посочи дека онлајн услугите на една земја ќе бидат достапни во другата земја, што позитивно ќе влијае на економскиот развој на двете држави.

Српското собрание го донесе и Законот за потврда на дополнителниот Протокол 6 за трговија со услуги на договорот за изменување и пристапување на договорот за слободна трговија во Централна Европа.

– Значењето и основниот мотив за подобрување на меѓусебната соработка и поблиска интеграција во нашиот регион е севкупниот развој и модернизација на нашите општества, односно благосостојбата на сите наши граѓани, истакна Мали.

Во исто време, додаде Мали, Поротокол 6 од ЦЕФТА-спогодбата се однесува на либерализацијата на трговијата со услуги, со што се зголемуваат можностите за зајакнување на економската соработка во регионот на Западен Балкан./МИА.

Дебранец се обидел да силува сограѓанка

 Одделението за внатрешни работи од Дебар приведе и лиши од слобода дебранец кој се обидел да силува своја сограѓанка.

-Во саботата околу 22 часот, го приведе и од слобода го лиши Б.Д.(33) од Дебар поради постоење основи на сомневање дека го сторил казненото дело „обид за силување". Тој, делото го сторил во домот на 42-годишна жена, жителка на Дебар, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Тој додава дека по целосно документирање на настанот, против Б.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер