Видео: Џери Халивел од „Спајс грлс“ ужива во Дубровник

Поранешната членка на мега популарниот женски музички бенд „Спајс грлс“ Џери Халивел деновиве ужива во монденскиот хрватски туристички центар Дубровник.

Популарната пејачка пристигнала во Дубровник во друштво на сопругот Кристијан Хорнер и пријателите, милијардерот Берни Еклстон и неговата нова сопруга Фабијана Флоси.

Токму  богатиот Берни е човекот кој на Џери и ги покажува сите знаменитости и убавини на древниот Дубровник.

Дека популарната пејачка вистински ужива на хрватското крајбрежје покажа и таа самата со видео на Инстаграм.

Џери на социјалните мрежи објави видео на кое вози скутер по убавиот Јадран.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Scream if you wanna go faster ! 😊

A post shared by geri 👑 (@therealgerihalliwell) on

Инаку, Џери Халивел во Дубровник се одмара и рехабилитира од напорната повратничка турнеја на „Спајс Грлс“.

Како ќе изгледа авионскиот превоз од иднината? (ФОТО)

Од хиперповрзаната персонализирана кабина на иднината до ротирачките седишта што ја зголемуваат економијата и удобноста, годинашниот избор на награди „ Crystal Cabin “ донесе бројни иновации во авионите.

Дизајнерите кои стојат зад овие иновативни решенија се бореа да ја трансформираат внатрешноста на авионот, а со тоа и да станарт добитници на една од најпрестижните награди во авијациската индустрија.

Над 100 проекти што учествувале на натпреварот, во категории како „забава и поврзаност“ и „визионерски концепти“ ќе бидат претставени во март 2020 на годинашната изложба на авиони во Хамбург, Германија.

Во последниве години, потребата да се трансформира искуството од економска класа се зголемува. Се додаваат крилја на седиштата за дополнителна приватност и удобност на патниците, а инженерската фирма Heinkel Group го воведе концептот Flex Lounge, што подразбира флексибилна конфигурација за седење.

 По полетувањето, патниците можат да ги преуредат редовите така што ќе можат да седнат еден до друг, дозволувајќи им на семејствата, пријателите или соработниците да патуваат заедно порелаксирано.

Adient Aerospace предложи нов дизајн на седиштата, наречен простор за сите. Според нивното гледање, трите места во предниот дел на авионот имаат механизми кои овозможуваат седиштата да се претворат во лежаи што патниците ќе можат да ги извлечат.

Седиштата Ciara Crawford ROW1, прават инвалидските колички да се вклопуваат, овозможувајќи попогодна употреба и поголема достапност за лицата со посебни потреби.

Новата генерација на концептот Airbus Cabin Airspace Cabin Vision 2030, покрај тоа што нуди пофлексибилни конфигурации за седење и спиење, вклучува и дигитално опкружување кое им овозможува на патниците ново искуство во кабината.

Германската компанија AERQ исто така предлага да се користи технологијата на иновативен начин, дозволувајќи им на OLED-екраните да бидат поставени во одредени авиони со информации што им се потребни на патниците. Бидејќи авиокомпаниите се соочуваат со зголемена потреба за одржлив бизнис, се појавија предлози за решавање на проблемот со животната средина.

PriestmanGoode предложи Zero послужавник со цел да се намали количината на пластичен отпад што е резултат на еднократната употреба на приборот за јадење.

Наместо пластичен материјал, Zero се состои од јадливи, биоразградливи делови што можат да бидат компостирани.

Добитникот на наградата „Crystal Cabin“ ќе биде објавен на 31 март.

Без никакво образование, на 84 години освоила награда за ,,Најдобра нова актерка”

На 84-годишна возраст, Бенедикта Санчез ја освои најпознатата награда за шпански филм во категоријата „Најдобра нова актерка“ и стана најстарата жена во историјата на шпанската кинематографија, која успеа да ја освои наградата.

Наградите ,,Гоја”, шпанскиот еквивалент на Оскарите, што се одржаа во градот Малага, јужна Шпанија, беше сцена на оваа сензација.

Бенедикта Санчез, натуршчик без никаква актерска школа, со неверување го коментираше ова признание велејќи:

„Има многу изненадувања во сечиј живот и ова е едно од најголемите во мојот живот“.

Во оваа категорија, лауреатите досега беа претежно млади актерки на почетокот на нивните актерски кариери. Затоа оваа одлука на жирито предизвика чудење на позитивен начин, а многумина дури реагираа емотивно.

Филмот, во кој Санчез глуми и ја освои престижната награда, е филм од 2019 година наречен ,,Огнот ќе дојде’, во режија на шпанскиот режисер со француско потекло, Оливер Лакса. „Најдобрата нова актерка“ ја толкува улогата на мајка на осуден пироман, која се враќа во родното село во планините на Галиција, во северозападна Шпанија.

Овој филм претходно го привлече вниманието на јавноста со освојување на „Наградата на жирито“ на минатогодишниот филмски фестивал во Кан, каде Санчез, кога ја претстави филмската екипа на црвениот тепих во Кан, предизвика сензација, танцувајќи мусиеира, традиционален галициски танц, наследство на провинцијата од каде потекнува и каде што во моментов живее.

Оваа необична жена, е родена во 1935 година во селото О Корго во Галиција. Откако се омажила на 17-годишна возраст, таа емигрирала со својот сопруг во Бразил, каде работела како продавачка на книги пред да стане фотограф. Покрај тоа што е светски патник, Санчез е и страствен планинар и вегетаријанец, а се вратила со сопругот во родната Шпанија во 1979 година. По долг живот на југот на земјата, Санчез се враќа во родната Галиција.

Светска премиера на новиот Сеат Леон во неколку верзии (ВИДЕО)

Светското деби на Леон во Сиетл е решено да се одбележи со двојна премиера на класичниот компакт и на динамичниот караван под името Спорт Турер.

Во однос на дизајнот, повеќето ќе се зборуваат во спектарот на LED светлата. Тие се поголеми и хоризонтално ориентирани , додека на задниот дел доминираат масивни браници, но и LED светилки поврзани со светлосна лента.

Леон е долг 4368 мм, 1800 мм широк и 1456 мм висок, за 86 мм подолг од својот претходник, 16 мм потесен и 3 мм помал. Дизајнот на караванот СТ се протега на дури 4642 мм, 93 мм повисок од претходникот.

Ентериерот е повеќе или помалку копија на Голфот. Пред возачот е дигитален кокпит со екран од најмалку 8,25 инчи десно, а визуелниот впечаток е надополнет со метални детали и остри линии на посебната единица. Интересно е што капацитетот на багажот остана на истите 380 л, додека за караваните е за 30  поголем и изнесува 617 л.

Механиката е идентична со Golf, и тоа значи иста понуда на моторот. Работи со 1.0 TSI бензинец со само 90 КС со помала моќност и 110 КС со повисоки перформанси.

Ова е проследено со 1.5 TSI, , на две нивоа на моќност - со 130 и 150 КС, додека на врвот е 2.0 TSI со 190 КС и DSG менувач. Дизелот нуди 2.0 TDI со 115 и 150 КС, додека еколозите ќе имаат plug-in хибрид со 1,4 TSI бензинец, батерии од 13 kWh и вкупна моќност од 204 КС. Во вториот, електричниот опсег е 50 км.

Да речеме и дека продажбата започнува во вториот квартал, а цените ќе бидат објавени подоцна. Во Европа перистигнува во април.

притисни ентер