Комплетирана програмата за музичкиот дел на „Каменичко Културно Лето 2019"

Десетина дена пред одржување на манифестацијата „Каменичко Културно Лето 2019", еден од најмасовните музички настани кој по 11-пат ќе се одржи во Македонска Каменица, познати се сите изведувачи кои ќе настапат на градскиот плоштад. 

Како што информираат од Општината, покрај македонските Анета и група Молика, 2 Бона и локалниот бенд Риплеј, потврдени се и настапите на српската музичка ѕвезди Наташа Беквалац.

-Главното случување е на 28 август кога пред присутните ќе настапат група Галија и Тропико бенд. За време на „Каменичко Културно Лето" се очекува дека повеќе од 20 илјади посетители ќе дојдат во Македонска Каменица и ќе имаат можност да уживаат во бесплатните концерти на популарните изведувачи, информираат од Општината.

Манифестацијата, како што додаваат, се одржува на крајот на летото од причина што на 28 август се прославува и Денот на општина Македонска Каменица и Ден на рударите.

Манифестацијата е финансирана од Општина Македонска Каменица и Рудник Саса./МИА

Уапсен e најголемиот извозник на кокаин од Бразил во Европа

Бразилската полиција денеска во луксузна вила во близина на Рио де Женеиро го уапси најголемиот препродавач на дрога што ја снабдува Европа со кокаин.

Андре де Оливеира Македо, со прекар Андре до Рап, бил „лоциран во неделата наутро во луксузна вила во Ангри дос Реис, одморалиште на 150 километри од Рио“, соопшти Бирото за безбедност на Сао Паоло.

Полицијата заплени хеликоптер и луксузна јахта во близина на вилата.

Инспекторите тврдат дека Андре до Рап бил еден од водачите на ,,Капитал Прва” специјална група (ПЦЦ), моќна криминална група основана во затворите во Сао Паоло.

ПЦЦ, тесно поврзана со калабријската мафија „Ндрангетa“, ja контролирала испорака на кокаин во Европа преку пристаништето Сантос, најголемо во Јужна Америка.

Запленувањето на кокаинот во Бразил се удвои во однос на првата половина од истиот период минатата година, достигнувајќи 25 тони.

Во јули, двајца членови на Ндрангета беа уапсени во близина на Сантос.

Бразилската федерална полиција соопшти дека мафијата од  Калабрија контролира „40 проценти од светската трговија со кокаин, и е главен дистрибутер за Европа“.

Градоначалникот на Њујорк забрани е- цигари поради мистериозната болест кај младите

Градоначалникот на Њујорк, Ендрју Куомо забрани да се продаваат какви било ароми за е- цигари освен никотин и ментол.

Градоначалникот на Њујорк ја презеде оваа мерка , откако стотици млади се разболеа од тешка болест , предизвикана од пушење е- цигари со различни ароми во нив. Ширум САД оваа болест за мнгу крартко време се прошири и веќе ја зема и четвртата жртва.

Сите кои настрадаа од непознатата болест се млади луѓе кои користеле електронска цигара и наеднаш заболеле од тешка форма на труење на органзмот , што не се лекува.

Градоначалникот Куомо вели дека консумирањето цигари , а особено електронски е многу опасно , а загрижува и тоа што слатките и овошни ароми на е- цигарите создаваат зависност од никотин кај младите.

Најмалку 12 загинати во експлозија на автомобил – бомба во близина на турската граница

Во пограничниот сириски град Ал Раи загинаа најмалку 12 лица кога експлодира авотмобил- бомба.

Во експлозијата во близина на болница во градот Ал Раи се повредени 15 лица. Од експлозијата е оштетена и болницата .

Ал Раи е во северозападниот дел на Сирија , под контрола на бунтовници , поддржани од Турција.  

притисни ентер