Невидено снежно невреме ја зафати Австралија (ВИДЕО)

Додека Северната земјина хемисфера е зафатена од рекорден топлотен бран , вио Австралија е забележано до сега невидено снежно невреме и ниски температури.

Возачите во австралиските држави Викторија и Нов Јужен Велс се предупредени да не патуваат доколку не мораат поради големите снежни наноси.

Силните ветришта дувале со брзина до 120 километри на час и ги опустошија државите од јужниот дел на Австралија, особено југоисточните области, предизвикувајќи сообраќајни несреќи и прекини на електрична енергија . Овој бран се пресели во Квинсленд во неделата, намалувајќи ја температурата и донесе големо количество снег. На некои места има најголеми врнежи од дожд во последните две децении, објави Квинсленд Кантри Лајф.

Ледениот бран, исто така, донесе серија несреќи во кои една жена го загуби животот кога дрво падна врз нејзиниот автомобил во Јара Рингс, источно од Мелбурн, Викторија. Нејзиното четиригодишно дете било хоспитализирано со повреди опасни по живот, објави Гардијан.

Грета ги повика медиумите да посветат повеќе внимание на другите млади активисти

Познатата активистка Грета Тунберг денес ги повика медиумите да посветат повеќе внимание на другите млади климатски активисти.

„Нашите приказни се кажани повеќе пати“, рекла Грета додека говорела на климатскиот состанок на ОН во Мадрид заедно со истакнатата германска активистка Луиса Нојбауер, пренесе „АП“.

„Нема потреба веќе да не слушате“, порача таа и додаде дека луѓето, посебно оние од глобалниот југ, од домородни заедници, треба да ги раскажат своите приказни.

Грета потоа го дала микрофонот на другите млади активисти од САД, Филипини, Русија, Уганда Кина и Маршалските острови.

Во Загреб се отворила дупка на патот, едено возило пропаднало

Возачот е повреден и префрлен во болница.

Како што јавуваат од загребската служба за итни ситуации, околу 17 часот на една улица  во Загреб се отворила голема дупка.

Јавуваат дека се работи за дупка со длабочина од 160 до 180 центиметри и ширина од 250x350 центиметри. Едно возило пропаднало во отворот а возачот е повреден и пренесен во болница.

Улицата потоа е затворена за сообраќај а на терен се загребските пожарникари, брзата помош, полициската управа,  и други тимови за справување со вакви ситуации.

Заев: Стануваме дел од најмоќната воено-безбедносна и политичка алијанса на светот

Премиерот Заев заедно со министерката за одбрана Шекеринска и претседателот на собранието, Џафери, остварија средба со адмирал Џејмс Фого, командантот на американските поморски сили за Европа и Африка. 

Средбата се одржа на носачот на авиони „Хари С. Труман“.

Тоа беше можност одблиску да се доживеат импресивните воени способности на воено поморските сили на САД, кои им служат на американските, но и на сите граѓани на земјите – членки на НАТО алијансата, напиша на Фејсбук премиерот Заев.

притисни ентер