Неделен хороскоп од 12.август до 19. август 2019 година

Дневен хороскоп за периодот од понеделник , 12. август до 19. август 2019 година. 

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Пред вас се денови во кои ќе има шарени љубовни искуства. Оние кои се уште се сами нека се дотераат и излезат меѓу луѓе, но нивните критериуми нека бидат реални. Оние кои се во врска ќе бидат сосема задоволни , доколку ја прифатат саканата личност каква што е.

Кариера

Сакате креативна или уметничка работа , но овие денови ценете ги повеќе дејностите што се сигурни. Стабилноста е тема за која ќе дискутирате со колегите. Своите деловни интереси ќе ги насочите кон споменатите критериуми.

Здравје и совет

Размрдајте ги зглобовите . Прошетајте.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Повремено ќе доаѓате во искушение да се скарате , да приговарате или да ја критикувате другата страна. Можно е и обратно , други вас да ве критикуваат. Само со повеќе хумор и самоконтрола работите ќе тргнат на подобро. Потрудете се.

Кариера

Уметниците пред публика , спортистите и другите кои работат со млади деновиве ќе добијат убава можност во својата работа. Некои можерби и ќе се залетаат и ќе почнат да градат кули од воздух. Можноста е тука , само треба да се биде реален. Останете на земја , зашто славата е преодна.

Здравје и совет

Ќе имате немирни сништа.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашите лични односи ќе бидат добри , но нема да имате причина за воодушевување. Оваа монотонија понекогаш ќе биде разбиена со мали кавги или провокации. Не дозволувајте да се зголемат. Останете мирни и чувајте го она што го имате. И тоа е нешто.

Кариера

Ќе ги земете работите во свои раце, ќе дадете се од себе и ќе направите голем чекор напред. Оние кои работат со вас , ќе го ценат вашиот труд. Некои веќе сега би можеле да добијат заслужено признание или барем пофалба за постигнатото.

Здравје и совет

Не заборавајте на кусите дневни паузи.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Токму кога се истрениравте се да ви биде рамно , повторно се буди љубовта. Малку сте изненадени од новата ситуација , но ќе се прилагодите. Секому е попријатно да биде со некого отколку сам. Сепак не приговарајте , дури и кога сметате дека би требало.

Кариера

Се повеќе ќе се интересирате за финансии или нови системи кои би можеле да ги подобрат приходите во она што го работите. Ќе направите нови планови во оваа насока. Ќе се борите за поддршка од другите за да ги спроведете во практиката или барем да ги почнете.

Здравје и совет

Секој ден вежбајте јога.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Следните неколку дена љубовните стремежи ќе бидат главно платонски. И покрај тоа, чувствувате се поголема потреба за љубов , како и за тоа да сонувате за своите идеали. Затоа некои ќе бидат во дилема дали да излегуваат или да се повлечат во својот свет.

Кариера

Вашите надредени деновиве би можеле да одиграат улога во вашата кариера. Веројатно ќе решаваат за нешто што ќе има влијание токму на вас. Можно е и вие самите да добиете можност за напредување. Потрудете се да бидете професионални.

Здравје и совет

Игнорирајте ги малите грижи и нервози .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе бидете среќни зашто другите ве разбираат. Од таму ќе порасне довербата во врските , како и вашите очекувања кон саканата личност. Оние кои уште бараат сродна душа , полесно ќе ја сретнат на необични места или на места поврзани со уметноста.

Кариера

Како што ќе минува неделата , се повеќе ќе сакате да заминете на годишен одмор. Оние кои се уште не може тоа да си го дозволат , ќе се ангажираат околу заостанати работи , за кои одамна мислеле дека се завршени. Тоа помалку ќе ги изнервира , но треба да издржат.

Здравје и совет

Вежбајте ја концентрацијата.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Повеќето наредни денови вие ќе се потрудите да ги исполните своите или нечии други љубовни очекувања. Вториот дел од неделата носи уживања на подискретен начин , но и натаму ќе бидете задоволни и исполнети. Можеби само ќе ги намалите излегувањата.

Кариера

Веројатно се ќе ве поттикнува на поголема активност , па и на работното емсто од вас ќе се бара поголем ангажман. Нема ништо да ви биде тешко , зашто едвај дочекавте ваква можност. Дури и ако работите прекувремено , тоа ќе го правите со желба.

Здравје и совет

Бидете внимателни со своите шефови.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Убавиот развој на љубовните настани ќе ве поттикнат да организирате излет или заедничко одење на некое интересно место за вас и саканата личност. Ќе биде тоа уживање и за двајцата. Оние кои се уште сами , ќе наидат на љубов додека се на пат.

Кариера

Можеби ќе ви здодеа да делувате од сенка и само чекате да дојдете во прв план. Деновиве полека ќе се отвори една врата , но за да блеснете во полн сјај , ќе почекате уште малку. Сепак , секој ден се повеќе доаѓате до израз.

Здравје и совет

Не брзајте.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Со својот шарм и смисолот за хумор ќе успеете да ја совладате дистанцата во личните односи , што секој ден ќе се намалува. Саканата личност се повеќе ќе ве поддржува , па ни вие нема да и останете должни. Ќе ви биде навистина мило што е така.

Кариера

Малку повеќе труд ќе покажете во дејностите каде што треба дас е покаже креативност или каде што има публика. Тоа ве мотивира.Во дејностите од сенка , ќе работите толку колку што се мора, иако не сте свесни дека и по тој пат може да се стигне до височините.

Здравје и совет

Одете во природа.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Пред вас се денови богати со излегувања и забави . Многумина ќе си го подобрат совојот социјален живот , ќе среќаваат интересни лица , а ќе има и такви кои ќе се најдат пред прагот на вљубување. Колку што вие мислите на саканата личност , толку и таа мисли на вас.

Кариера

Нови соработници на работното место ќе се појават каде што работите од друго работно опкружување , па дури и од друга средина. Вие ќе им покажете како најдобро да се прилагодат на работата. Ќе имате многу добри совети и уште подобри намери. Некои ќер доминираат.

Здравје и совет

Почнете да вежбате гимнастика.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Бидете мили со саканата личност и не ги земајте премногу сериозно околностите кои не ви одат од рака. Деновите се такви што ќе треба да се прилагодувате. Оние кои ќе го направат тоа со повеќе компромиси , ќе уживаат во поголемата меѓусебна доверба.

Кариера

Многу работа е пред вас , а со тоа и напори. Деновиве ќе почувствувате дека повремено ви недостига енергија. Затоа е подобро што повеќе да се организирате за да бидете поефикасни.

Здравје и совет

Одете порано на спиење.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Дискреција во интимноста ќе ви биде главно обележје по кое деновиве ќе се раководите во интимниот живот. Можеби на саканата личност повремено ќе и одите на нерви , зашто кога таа ќе сака да излезед , вие ќе сакате да останете дома. Бидете малку поотворени кон друштвото.

Кариера

Ќе изгледа како сите нешто да претеруваат , а вие ќе немате никакви очекувања. Едноставно ќе знаете дека коцките се поклопуваат со се поголема брзина , а вам ви останува да се прилагодите најдобро што знаете. Тоа ќе биде лесно со мала самоконтрола.

Здравје и совет

Почнете да го практикувате својот омилен спорт.

Врховниот суд на САД е подготвен да ги отфрли наводите на Трамп за имунитет, одлуката по избори

Врховниот суд на САД очигледно е подготвен да ги отфрли тврдењата на Доналд Трамп дека е заштитен со имунитет.

Врховниот суд на САД очигледно е подготвен да ги отфрли тврдењата на Доналд Трамп дека е заштитен со имунитет, но судењето на поранешниот американски претседател за обид да ги измени изборните резултати може да се одложи за по изборите, кои што според законот ќе бидат одржани во првиот вторник во ноември.

Како што јави Си-Ен-Ен, Врховниот суд, сепак, не е подготвен да му даде одврзани раце на специјалниот советник Џек Смит за да продолжи со обвинувањата против поранешниот претседател. Усното излагање на аргументите за имунитетот на Трамп од кривично гонење траеше помалку од три часа и заврши вчера, а ќе продолжи на 9 мај.

Наводно, неколку судии се подготвени да прифатат резултат што може да ја загрози можноста судењето на Трамп да се одржи пред изборите во ноември. Врховниот суд на САД се состои од девет судии, од кои тројца беа назначени за време на мандатот на Трамп во Белата куќа.

Конзервативните членови агресивно го испрашуваа адвокатот што го застапуваше специјалниот советник, навидум прифаќајќи го централното прашање што го поттикна Трамп, а тоа е дека идните претседатели, без барем некаков облик на имунитет, на крајот ќе бидат предмет на политички мотивирано гонење.

Голем дел од сослушувањето се фокусираше на тоа дали треба да има разлика помеѓу официјалните дејствија на Трамп во согласност со неговите претседателски должности и неговото приватно однесување. Како ќе одлучи судот, ќе ја одреди правната судбина на Трамп и најверојатно ќе ги одреди правилата за криминално изложување на идните претседатели.

Според сите пресметки, Врховниот суд ќе избегне да донесе јасна одлука за прашањето за имунитетот. Последица на ова ќе биде тоа што ќе им остави способност на пониските судови да дејствуваат, што би можело да ги продолжи случаите на Трамп да траат со месеци. Почетокот на едно од тие судења поврзани со обидот за фалсификување на изборните резултати беше закажано за 4 март, но беше одложено.

Трамп се изјасни за невин по обвиненијата за поништување на изборниот пораз, како и за преостанатите три кривични постапки против него - вклучувајќи го и судењето за фалсификување деловни документи во врска со тајните плаќања на порно актерката Сторми Даниелс.

Во американскиот Врховен суд моментално доминира конзервативно мнозинство од 6:3. Од 2000 година и одлуката на Врховниот суд дека победник на претседателските избори е републиканецот Џорџ Буш помладиот, а не демократот Ал Гор - се толкува дека највисоката судска инстанца во Америка немала толку важна улога што би можела имаат влијание врз претседателската трка.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го истреби криминалот и за истиот ќе има одговорност

Многу е важно да се земе активно учество во овие избори. Резултатот во првиот круг беше би рекол историски. 

Владата е делегитимирана и треба да оди во опозиција и СДСМ и ДУИ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Неготино.

Мицкоски посочи дека СДСМ денес се претвори во обичен измеќар на ДУИ, затоа ова што им се случува не е случајност.

„ДУИ и СДСМ мора да одат во опозиција.

Мора да престане праксата ДУИ ќе биде малку со ВМРО-ДПМНЕ, па со СДСМ. ДУИ сака да го понижи македонскиот народ и да ја клекне на колена Македонија. Ми пречи криминалот на ДУИ. Тие повеќе од 20 години крадат од сите вас. Тие повеќе од 20 години ја урнисуваат Македонија. СДСМ мислеа дека противник им е ВМРО-ДПМНЕ, а не гледаа што прават од ДУИ“, кажа Мицкоски.

Затоа, додаде Мицкоски, сакам да предупредам за нешто за што имам информации дека се случува.

„Банди од ДУИ обиколуваат граѓани. Ќе се обидат да го купат гласот, ќе се обидат ДУИ да има пратеник во изборните единици 3 и 4. Секој бандит кој ќе нуди пари, практично ви нуди ваши пари, украдени од вас. Предупредувам да не биде дека не сум кажал. Мои браќа и сестри се сите граѓани, но нема простор за криминалците. Тие знаат што ги чека. Јас нема да правам пакт со криминалот, туку ќе го истребам. Мора да има одговорност за криминалот“, вели Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ќе тропне на секоја порта.

„Македонија е држава на лојални граѓани без разлика на етничка припадност. Ќе побараме поддршка, ќе замолиме, ќе предупредиме дека ова се клучни избори. Секој човек ќе го убедам дека секој мора да излезе да ставиме крај на ова уништување на државата“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека ова е момент да се обединиме.

„Ги повикувам сите, поддржувачи на СДСМ, оние кои останаа дома, сите да излеземе против оваа власт. Вашата доверба нема да ја изневериме потребна е поддршка за Македонија“, рече Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

Стојаноска: Народот се обединува околу Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше носителката на ИЕ 6 од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, истакна дека народот се обединува околу еден кандидат за претседател кој достоинствено ќе не претставува.

„Ние подаваме рака и повикуваме на обединување. Како ВМРО-ДПМНЕ сме обвинувани за антиевропска, за албанофобна партија. Од вчерашните анкети што се направени од изборните резултати докази за нас дека имаат гласано и другите националности што значи дека не е пречка припадноста на друга националност па и на друга политичка партија туку дека народот се обединува околу тоа да имаме еден кандидат за претседател, да имаме претседател на држава кој достоинствено ќе не претставува и чија што една од десетте постулати на нејзината програма е претседател на сите граѓани“, истакна Стојаноска.

Таа додаде дека се презадоволни од она што народот го искажа пред два дена.

„Презадоволни сме од она што народот го искажа пред два дена. Народот конечно се охрабри, на народот не влијаеа сите притисоци од актуелната власт и сите начини кои умешно знаат да ги користат. Овој пат навистина чашата е прелеана. Им се заблагодарувам и честитам на тие што уште во првиот круг излегоа го кажаа својот глас дека повеќе не сакаат да функционира како досега, туку сакаат промени, сакаат нешто што ќе значи слобода, вистинска демократија и вистински европски вредности бидејќи сето ова досега беа само лажни европски вредности, злоупотреба на европско знаме и злоупотреба на вистинските европски вредности“, вели Стојаноска.

Во однос на изборната програма Платформа 1198, Стојаноска истакна дека програмата е изработена врз основа на барањата и предлозите од страна на граѓаните.

„Нашата изборна програма Платформа 1198 нуди исто толку проекти кои се изработени врз основа на барања и предлози кои стигнале од граѓаните со кои сме биле во постојан контакт изминатиов период. Преточени се преку партиски експерти, соодветните делови од програмата и конечно пресметани од експертите по финансии. Сето тоа што е сочинето во програмата е побарано од нас, ние тоа што го имаме во програмата го ветуваме. Видоа граѓаните во изминатите седум години кои што ветуваше и кои што беше во можност дали истото го реализира“, рече Стојаноска.

притисни ентер