Милевски: Рамномерниот развој на државата е приоритет, особено развојот на руралните места

Оваа година во Скопскиот плански регион се реализираат 13 нови проекти во вкупна вредност од 35,5 милиони денари, средства од буџетот на Министерството за локална самоуправа.

Имено, 20,5 милиони денари се за проекти за развој на регионот, а 15 милиони денари за развој на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби, истакна министерот за локална самоуправа Горан Милевски, при денешната посета на населеното место Булачани.

Во Булачани, со средства од Програмата за рурален развој отпочна изградбата на локална патна мрежа.

– За жал и по десет години од спроведувањето на политиката за рамномерен регионален развој се уште развојните разлики се големи, не само меѓу планските региони, туку и внатре во планскиот регион, меѓу општините и меѓу населените места. Министерството за локална самоуправа со зголемена динамика пристапува кон подготовка на нова Стратегија за регионален развој. Планските региони треба да бидат конкурентни за проекти и за нови инвестиции. Во исто време Владата работи на намалување на развојните разликите, посебно на разликите во пристапот до јавните услуги, рече Милевски.

Тој истакна дека рамномерниот развој е приоритет на Владата и на Министерството за локална самоуправа и во наредниот период Министерството со зголемена динамика ќе работи на подготовка на нов стратешки документ.

– Средствата во Буџетот наменети за рамномерен регионален развој се дуплирани и од 3,5 во 2017 година, се зголемени на седум милиони евра или 420 милиони денари во 2019 година. Како министер за локална самоуправа посебно внимание ќе посветам на рамномерниот развој, особено на малите, рурални општини, и на зголемување на конкурентноста на поголемите општини и на планските региони. Секоја општина има свои специфики и тие треба да се стават во функција на развојот, заклучи Милевски. /МИА

Објавена е првата фотографија на Памела Андерсон од филмот "The Last Showgirl"

Џанкарла Џиа Копола на Инстаграм ја објави првата фотографија од Памела Андерсон од филмот „Последната шоу-девојка“.

На сликата е прикажана поранешната зајачица на Плејбој како позира во Лас Вегас и во светкава облека.

Фановите немаа ништо друго освен пофалби за Памела.

„Изгледа моќно“, „Едвај чекам да го гледам филмот“, напишаа во коментарите на Инстаграм.

Инаку, Памела Андерсон ќе ја толкува главната улога во филмот „The Last Showgirl“.

Поранешната ѕвезда на „Чувари на плажа“ ќе глуми танчерка од Вегас, која ќе се најде без работа кога нејзиното шоу нагло ќе се укине по 30 години. Како танчерка во педесеттите години, нејзиниот лик се бори што да прави понатаму и се обидува да ги поправи заладените односи со нејзината ќерка, по долги години фокусирање главно на нејзиното шоу, пишува Дејли Мејл.

Покрај Памела, во оваа продукција ќе игра и Џејми Ли Кертис.

Да потсетиме, Андерсон ќе игра и во новата верзија на филмот „The Naked Gun“, заедно со Лиам Нисон.

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава кон делото на македонскиот револуционер, идеолог и учител, Гоце Делчев. 

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава кон делото на македонскиот револуционер, идеолог и учител, инспираторот и водачот на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев, во која вели:

„Денеска, кога чествуваме 121 година од смртта на големиот македонски револуционер, идеолог и учител, Гоце Делчев, треба да се потсетиме на неговата идеја за културен натпревар меѓу народите. Во време кога во повеќе делови на Европа и светот беснеат војни, Гоцевите зборови делуваат како отрезнувачка порака за човештвото.” - истакна Ковачевски.

Претседателот на СДСМ, Ковачевски, посочи дека борбата на Делчев за слободна и независна македонска држава ќе остане вечен паметник за жртвата што ја дале тој и неговите современици.

„Нашата борба денеска, повеќе од еден век подоцна, е за Македонија која ќе биде дел од Европската Унија, држава со европски животен стандард и европски вредности.” - посочи Ковачевски.

Осврнувајќи се на аманетот кој го имаат оставено револуционерите низ македонската историја, Ковачевски посочи: „Како што Делчев и Илинденците не се откажале од нивната борба, така и ние не треба да се откажеме од нашата борба за подобра Македонија за нашите деца и внуци. Само ако успееме да изградиме почитувана, достоинствена и просперитетна држава ќе ја заслужиме почитта на следните генерации." - рече Ковачевски, се наведува во партиското соопштение.

Малолетник отвори оган во зграда во Стокхолм, уапсен е

Шведската полиција денеска уапси тинејџер во населбата Хамарби Сјостад во јужниот дел на Стокхолм, откако во петокот околу 22 часот добила пријава дека неколку истрели се испукани во врата од стан.

„Неколку лица беа во станот и моментално ги бараме осомничените сторители“, изјавила портпаролката на полицијата Надја Нортон, пренесува шведскиот јавен сервис СВТ.

Полицијата одби да ја открие точната возраст на момчето, туку само изјави дека станува збор за „постар тинејџер кој се уште не наполнил 18 години“.

Во престрелката не се повредени станарите од приватната куќа.

„Истрагата е сè уште во рана фаза, така што не можеме да кажеме повеќе“, изјави полицискиот претставник Пер Фалстром.

Афтонбладет пишува дека полициска екипа извршила рација набргу по пукањето.

Полицијата испратила повеќе патроли на местото на настанот, кои биле ангажирани за заштита на траги и разговори со сведоци.

Отворена е прелиминарна истрага за убиство во обид.

притисни ентер