Двајца загинати во тешка сообраќајна несреќа во Пинтија

На улицата Првмајска во скопската населба Пинтија доцна вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа.

Според очевидците , во несреќата настрадале две лица на помлада возраст. Сообраќајот е во прекин , а МВР со повеќе информации ќе излезе по завршувањето на увидот.

Штафетна трка на бизнис секторот во Скопје

Во Скопје денеска ќе се одржи штафетна трка за тимови од македонскиот бизнис сектор во организација на здружението за спорт и рекреација „Прв до врв".

Стартот е закажан во 11 часот на рекреативната патека на кејот на Вардар кај хотелот „парк", а целта е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење меѓу компаниите и јакнење на тимскиот дух меѓу вработените.

Трката ќе биде штафета со четири измени, а тимовите треба да бидат во мешан машко-женски состав. Патеката е долга осум километри, односно секој учесник ќе треба да истрча по 2.000 метри.

Најбрзите три тимови ќе бидат наградени со златна, сребрена и бронзена штафета, а ќе бидат наградени и двајцата најбрзи поединци во машка и женска конкуренција.

Минатата година најбрз беше тимот на Министерството за финансии, втор беше тимот на НЛБ Банка, а третото место го освои екипата на Телеком./МИА

Продолжува периодот на сончево и топло време

Сончевото и топло време продолжува и во следните денови. За денеска синоптичарите најавуваат топло време со мала до умерена локална облачност и слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура, според најавите, ќе се движи во интервал од 4 и 13 степени, а максималната ќе достигне до 28-тиот степен.

Во Скопје слично време со утринска температура од 10 степени и максимална до 27 степени. /МИА

Џуканович: Одлуката на Европскиот совет е големо разочарување за сите нас во регионот

„Тоа може да има многу негативни последици и за западен Балкан и за ЕУ“

Неможноста за постигнување договор на Европскиот совет за отворање преговори со Македонија и Албанија е големо разочарување за сите нас во регионот, соопшти претседателот на Црна Гора Мило Џуканович.

-Тоа може да има многу негативни последици и за западен Балкан и за Европаска унија, порача претседателот на Црна Гора на Твитер.

притисни ентер