Шилегов: Саемот за безбедност детално ќе ги информира граѓаните за самозаштита од кражби

 Безбедноста на скопјани останува на листата на врвни приоритети на Град Скопје.

Градот е отворен за соработка и поддршка од секаков тип и на сите институции во чија надлежност е обезбедувањето и зголемувањето на безбедноста на граѓаните. Саемот за безбедност и превенција, кој годинава првпат се одржува во ТЦ „Сити Мол" под мотото „Живеј безбедно" ќе им овозможи едукација на граѓаните за превенција, односно за спречување кражби во куќите и во становите за време на летниот период.

– Саемот одново ја отвора темата за зголемување на безбедноста на живеењето на граѓаните која е од исклучителна важност за жителите на Скопје и за создавањето услови за нормално функционирање на нашиот град. Благодарност до СВР Скопје кои на висина на задачата со организацијата на овој саем делуваат превентивно преку едукација на зголемувањето на свеста на граѓаните за сите неопходни мерки кои им стојат на располагање да ја зголемат својата лична безбедност, како и безбедноста на објектите во кои живеат и работат, рече Шилегов, на отворањето на саемот.

Саемот за безбедност на нашите сограѓани во текот на следните три дена ќе им овозможи на едно место детално да се информираат за програмата на СВР Скопје и услугите што институциите и компаниите ги нудат за помош и самозаштита покрај редовното полициско работење, како и за превентивните активности кои полицијата ги презема во соработка со заедницата. На тој начин директно се влијае и на намалувањето на кривичните дела поврзани со кражби, разбојништва и слично, а со тоа и на намалувањето на материјалните штети предизвикани од овој вид на криминалитет.

– Досега со СВР Скопје во делот на едукацијата и превенција имаме одлична соработка во рамки на повеќе проекти од кои како најсоодветен пример ќе го земам проектот „За безбеден град". Овој проект опфаќа повеќе теми, меѓу кои зголемување на јавната безбедност, спречување на насилството во јавниот превоз и автобуските станици, како и спречување на насилство за време на спортските натпревари. Со овој проект во текот на минатата година беа реализирани 138 активности во 15 средни училишта, изјави Шилегов.

Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот, Град Скопје и МВР го реализираа и проектот „Училишни сообраќајни единици" чија основна цел е подигање на јавната свест за одговорноста на сите учесници во сообраќајот. Во рамки на овој проект беа формирани мешани единици, составени од ученици од средните училишта и претставници на сообраќајната полиција, кои ги едуцираа учесниците во сообраќајот за сообраќајните правила.

Првиот Саем за безбедност и превенција е организиран под мотото „Живеј безбедно" од страна на МВР, Одделението за превенција на СВР Скопје во соработка со Комората на РСМ за приватно обезбедување и Скопје Сити Мол.

Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп денеска изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во видео-порака, Трамп изјави дека со нетрпение очекува тесна соработка со Орбан кога, како што изјави, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесуваат американските медиуми.

Трамп, во пораката, го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.

Пораката на Трамп беше емитувана на собир во БУдимпешта на Конзервативно-политичката акциска конференција (CPAC) што е најистакната конзервативна организација во САД.

Тоа беше трет собир на CPAC во Унгарија.

Орбан беше еден од најблиските сојузници на Трамп во Европа за време на неговото претседателствување, а двајцата се сретнаа на Флорида минатиот месец.

По нивниот состанок, Орбан ја истакна својата јасна поддршка за Трамп и додаде дека само враќањето на Трамп во Белата куќа може да донесе мир во Украина.

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите од НАТО

 Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите од НАТО, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки. на Шангајската организација за соработка во главниот град на Казахстан, Астана.

Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот. /МИА

Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко

 Полицијата сомничи малолетник од струмичко село дека вчера извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според соопштението, вчера во Полициската станица во Струмица во присуство на родител бил повикан малолетникот, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за негово расчистување.

Инаку, вчера полицијата информираше за уште еден случај за обљуба врз малолетничка. Четиресет и пет годишен жител на Радовиш се сомничи дека во периодот од јануари до април во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.

притисни ентер