Отворена Третата меѓународна конференција BalkanCom 2019 посветена на 5G технологијата

Во Скопје официјално е отворена Третата меѓународна конференција од областа на телекомуникациите BalkanCom 2019 која годинава е посветена на 5G технологијата.

За време на нејзиното одржување, релевантни истражувачи и експерти ќе дискутираат за предизвиците и можните решенија на актуелната 5G технологија, а конференција нуди можност и студентите активно да се вклучат во елаборирањето на концептите на идните телекомуникациски системи.

Според професор д-р Лилјана Гавриловска од Факултетот за електротехника и информациски технологии, 5G технологијата ќе овозможи подлога за иновативен развој и растеж во многу домени на секојдневието и ќе внесе интензивна промена во начинот на  функционирање и комуникација.

И министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, кој се обрати на отворањето на конференцијата, смета дека 5G ќе промени цели индустрии.

– Овие сектори ќе бидат целосно трансформирани со дигитални автопатишта за комуникација, компјутерска моќ и мрежи на сензори. Автоматизацијата во голема мера ќе зависи од функционалните и безбедните 5G мрежи. Поединци и машини ќе комуницираат и ќе споделуваат информации на начин непознат до сега. Нема да има многу човечки активности, што не е поткрепено со сајбер-инфраструктура, истакна Манчевски на отворањето на конференцијата.

Осврнувајќи се на активностите и политиките на Владата во делот на дигитализацијата, Манчевски посочи дека на почетокот на годинава е усвоен Националениот оперативен бродбенд план усогласен со стратешките цели на ЕУ.

– Врз основа на користењето на јавните средства, како и инвестициите на операторите во наредните три години, се проценува дека до крајот на 2023 година, најмалку еден град ќе биде покриен со 5G сигнал, а до крајот на 2027 година сите градови во државата ќе бидат покриени со непрекинат сигнал од 5G, а до крајот на 2029 година секој граѓанин ќе има пристап до 5G интернет со минимум брзина од 100 Mbps", нагласи Манчевски.

За главниот извршен директор на „Македонски телеком", Никола Љушев,  5G технологијата ќе значи нов инвестициски циклус и изградба на нова мрежна инфраструктура, но само на тој начин може да се создаде одржлив екосистем кој ќе даде нова вредност, поголема продуктивност и трошковна ефикасност.

– Во соработка со академската заедница ќе ги истражуваме и продлабочуваме можностите за користење на 5G, очекувајќи одговорните институции да бидат генератори на политики кои ќе донесат забрзана дигитализација на општеството, како и развој на комуникациските и на информатичките технологии. Светот глобално се менува и сите ние како креатори на новото дигитално општество имаме одговорност да ја ставиме технологијата и иновациите во служба на граѓаните и целото општество, рече Љушев.

Првата ваква конференција е одржана во 2017 година во Албанија, а минатата година домаќин на конференцијата била Црна Гора.

Мараја Кери со туѓи картички ги плаќала пластичните операции

Мегапопуларната американска пејачка Мараја Кери користела кредитни картички на поранешната асистентка за да си ги плати пластичните операции.

На тој начин пејачката сакала јавноста да не дознае за нејзините операции. Кери туѓите кредитни картички ги користела и за плаќање на други трошоци, пишува „Дејли маил“ повикувајќи се на анонимен извор запознат со постапките на пејачката.  

-Мараја никогаш не сакала луѓето да знаат за нејзиното заминување во шопинг или операција. Така да тоа го покривала со кредитната картичка на поранешната асистентка Лијан Шахназарјан или со картичката на екс менаџерот Стела Булочников, наведува „Дејли маил“.

Во судските документи во кои имал увид „Дејли маил“ наведено е дека Мараја Кери трошела пари од кредитни картички кои се регистрирани на име на нејзините две асистентки, но и дека пејачката требала да ги надомести потрошените средства.  

Иако раскошната Мараја негира дека некогаш била на некоја операција, сметките кои Дејли Маил  ги објави покажуваат дека пејачката била на најмалку шест козметички процедури. 

Австралија го добива првото летачко Убер такси

Мелбурн во Австралија ќе биде првиот град надвор од САД кој ќе и има свое летачко Убер такси. На тој начин Мелбурн ќе стане еден од светските лидери во јавниот превоз.

На овој начин Мелбурн  ќе го решава проблемот со големите сообраќајни гужви и ќе влезе во елитното друштво на Далас и Лос Анџелес, градови кои имаа свое аеро такси.

Тест летовите на аир таксито во Мелбурн ќе започнат во 2020 година, а комерцијалните возење  би требало да стартуваат од 2023 година , пренесува СНН.

Неколку компании веќе ги развиваат своите аеро такси како еден од новите начини на јавен превоз.

Од компанијата Убер сметаат дека летачкото такси е одлично решение за  сообраќајните гужви во големите градови.

Видео: Руската царина заплени пет илјади желки од загрозен вид

Околу пет илјади желки од загрозен вид заплени руската царина при обид

Во камион да бидат прошверцувани од Казахстан.. Се работи за централно-азиски желки, кои биле сместени во 25 големи вреќи, скриени под седум тони зелка.

 Возачот не пријавил друга стока, освен зеленчук и против него е поднесена кривична пријава.

 Вредноста на желките, кои се водат како вид кој се соочува со исчезнување, се проценува на 70 илјади евра.

притисни ентер