ПОЛНЕТИ МОДРИ ПАТЛИЏАНИ

Рецепт на Елизабета Милановска

Потребни состојки: 1 кг. мелено месо, 2-3 модри патлиџани, 200 гр. печурки, 200 гр.павлака, 2 јајца, 100 гр.козји кашкавал, 2 главици кромид, 1 морков, 1 пиперка, 1 домат, малку магдонос, 2 лажици црвен пипер, малку сол, малку зачин од сув зеленчук, малку бибер и малку благ буковец,

Постапка:

Во тава со загреано масло се пропржува сечкан кромид зачинет со малку сол.

Се додава сечкана пиперка и сечкан морков и се продолжува со пржењето.

Се додаваат сечкани печурки и мелено месо и се продолжува со пржењето.

Се зачинува со зачин од сув зеленчук, бибер и благ буковец по вкус.

При крај се додава сечкан домат, малку магдонос и 2 лажици црвен пипер.

Модрите патлиџани се сечат на половина и се полнат со добиената смеса.

Врз нив се става смеса од павлака и јајца.

Се печaт во загреана рерна околу 20 минути на 200 степени.

При крај на печењето одозгора се става козји кашкавал.

Албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од еден милион долари

Уапсени двајца Италијанци.

На граничниот премин Хан Хоти, на албанско-црногорската граница, албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од милион долари.

Уапсени се двајца италијанските државјани во чиј автомобил биле откриени фалсификуваните чекови.

Фалсификуваните чекови се одземени како материјален доказ заедно со возилото, 1700 евра, печати и два мобилни телефона и се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општата надлежност Скадар за понатамошни дејствија. /МИА

Легендарната бразилска фудбалерка Марта заминува во пензија

 Најдобриот стрелец во историјата на Бразил во машки и женски фудбал, 38-годишната Марта, одлучи да се пензионира оваа година.

Марта, која од 2017 година настапува за американскиот клуб Орландо Прајд, изрази надеж дека пред повлекувањето од фудбалот ќе може да настапи на претстојната Олимпијадата во Париз.

„Ако одам на Олимпијадата, ќе уживам во секој момент, бидејќи, без разлика дали ќе бидам во Париз ова ми е последна година со репрезентацијата, изјави Марта во интервју за Си-Ен-Ен.

„Од 2025 година Марта повеќе ќе ја нема во репрезентацијата. Многу сум смирена поради тоа бидејќи со голем оптимизам гледам на развојот на спортот што го имаме во однос на младите спортисти“, додаде таа.

Марта, позната како „Кралица Марта“, е најдобар стрелец на сите времиња во Бразил со 116 гола на 175 натпревари. Таа е и најдобар стрелец на женските мундијали со 17 голови. /МИА

Франција и Германија потпишаа договор за заеднички проект за вооружување

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. 

Францускиот министер за одбрана и неговиот германски, Себастијан Лекорну и Борис Писториус на денешната средба во Париз потпишаа договор за заеднички проект за вооружување во вредност од една милијарда евра, кој вклучува развој на главен борбен тенк од следната генерација.

Министрите потпишаа меморандум за развој на Главен копнен борбен систем (МГЦС), кој има за цел да ги замени сегашните борбени тенкови во Франција и во Германија.

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. /МИА

притисни ентер