Приказната за момчето кое учи под бандера , зашто родителите немаа да платат за струја , доби среќен крај (ВИДЕО)

Снимката на 11- годишниот Виктор Мартин Ангуло Кордоба од Перу , кој учи под бандера зашто неговите родители немаат пари да платат струја , допре до душите на милиони луѓе низ светот.

Приказната за малото момче од Перу стигна и до 31- годишниот бизнисмен и филантроп од Бахреин , Јагуб Јусуф Ахмед Мубарак. Откако ја слушнал приказната Мубарак решил да замине во Перу и да му помогне на момчето.

Мубарак ја надградил и куќата во која живеел Виктор и сега има два ката. На мајката на Виктор и помогнал да отвори сопствен бизнис , а локалните власти ги поттикнал финансиски да го уредат училиштето.

Милионерот открил дека и самиот потекнува од бедно семејство , па затоа се надева на светла иднина за Виктор.

Мајката на Виктор уште е во шок и не може да сфати како за нивната сиромаштија дознал некој од арапска земја и од друг континент. Потегот на Мубарак , пак , наиде на големи пофалби и верба дека сепак има добрина кај луѓето.

Видео: Погледнете како изгледа островот за богати и славни во Мајами

Островот на милионерите е приватен остров на кој живеат само 42 луѓе а има 34 куќи.

Се работи за Индијан Крик Вилиџ во заливот Вискејн во Мајами а некои од неговите жители се супермоделот Адријана Лима, пеаќот Хулио Иглесиас и инвеститорот Карл Ајкан.

Островот е обезбедуван од приватна полиција а секоја куќа е сместена во првиот ред до морето за сите да можат да уживаат во погледот.

Центарот има и игралиште за голф а куќите од овој комплекс ретко се наоѓат на продажба.

Моментално се продава само една и тоа за 24 милиони долари.

Неверојатна приказна,го проголтала вереничкиот прстен додека спиела

Јена Еванс од Калифорнија завршила на операција откако во сон го проголтала сопствениот веренички прстен.

Таа сонувала дека со вереникот Боби се на вечерен воз на кој има група негативци .

Вереникот во сонот и рекол дека треба да го проголта прстенот за негативците да не го одземат. Таа го ставила прстенот во уста, го проголтала и се напила чаша вода. Во теј момент се пробудила, сфатила дека се работи за сон и продолжила да спие.

Кога утрото се разбудила видела дека и го нема прстенот. Тогаш таа сфатила дека не баш се било сон...

„Го разбудив мојот вереник и му реков дека сум го проголтала прстенот. Мислам дека не ми поверува веднаш. Долго време се смеевме а потоа и се јавивме на мојата мајка а тогаш уште посилно се смеевме“ раскажува Јена на својот Фејсбук профил.

Таа потоа отишла во болница каде што ја снимале и откриле дека навистина има прстен во нејзиниот стомак.

Докторите ја успале Јена и со ендоскопија го извадиле прстенот кој му го дале на вереникот Боби.

Боби и го дал прстенот на Јена а таа му ветила дека никогаш повеќе нема да го загуби.

„Абарт 595 Писта“ е златна средина

Новиот модел е замислен како опција помеѓу стандардниот „595“ и поскапата верзија „Туризмо“.

„Абарт“ ја претстави „Писта“ верзијата на моделот „595“ кој е заснован на „Фиат 500“. Произведувачот соопшти дека овој автомобил во поглед на цената е позициониран измеѓу базичната верзија на „595“ и „595 Туризмо“.

Сепак „595 Писта“ има мотор со иста јачина како и „Туризмо“. Тоа значи дека под хаубата се наоѓа 1.4 литарски турбо- бензин мотор со165 коњски сили.

Силата на предните тркала се пренесува преку автоматизиран мануелен менувач кој во суштина работи како автоматик но брзините можат да се менуваат и рачно.

Од „Абарт“ се пофалија дека овој автомобил во петта брзина забрзува од 80 до 120 км/ч за 7,8 секунди а неговата максимална брзина е 218 км/ч.

За „595 Писта“ да може безбедно да запре ставени се специјални сопирачки со дискови чиј пречник е 264 мм напред и 240 мм назад.

притисни ентер