Општина Охрид: Забелешките на УНЕСКО ја одразуваат фактичката состојба

Забелешките што се наведени во извештајот на УНЕСКО ја покажуваат фактичката состојба на охридскиот регион, оценуваат од општина Охрид.

Во соопштението велат дека состојбата е детектирана уште во мониторинг мисијата на УНЕСКО во април 2017 година.

-Општина Охрид, во текот на изминатите две години ги зеде во предвид сите препораки во однос на ова прашање и во рамки на своите законски надлежности сериозно се посвети на исполнување на барањата на УНЕСКО.

Во тек е постапката за донесување на планот за управување со природното и културното наследство на охридскиот регион, а во понеделник на 27-ми мај ќе се одржи информативна сесија за нацрт-извештајот за стратегиската оцена на влијанието на животната средина од спроведувањето на овој план. Исто така во владина процедура е и носење на нов закон за управување со светското природно и културно наследство во охридскиот регион –велат од општината.

Трамп: Сакаме да избегнеме војна со Иран, но...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес се обрати по повод наводниот напад на нафтените полиња од страна на Иран и нагласи дека се надева дека ќе се избегне војна со Техеран.

-Веќе сега знаеме доволно за тоа кој е виновен но сепак сакаме уште докази. Тоа што со сигурност можеме да го тврдиме е дека сакаме да избегнеме војна со Техеран, но сме подготвени на се, вели Трамп.

Уште еднаш нагласи дека ќе направи се што е во негова моќ за да им помогне на пријателите во Саудиска Арабија.

По нападот Саудиска Арабија го преполови производството на нафта па затоа и цената драстично е зголемена.

Еспер: Иран ги крши законите на меѓународниот поредок

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер изјави денес дека недамнешните напади на саудиските нафтени полиња за кои САД го обвинува Иран се „без преседан“.

Покрај тоа, тој истакна дека САД со сојузниците работи на одбрана на меѓународниот поредок заснован на закони кои Техеран ги „поткопува“.

Еспер на Твитер напиша дека во Белата куќа е одржан состанок на кој претставници на Министерството за одбрана и други функционери го известиле претседателот Трамп за ситуацијата.

Како што пренесува „Ројтерс“, Еспер додал дека викендов разговарал со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и ирачкиот министер за одбрана Келедом ал Обаидиј.

Адвокатката на Јанева најавува барање за укинување на притворот

Адвокатката на разрешената специјална јавна обвинителка Катица Јанева, најавува дека ќе поднесат  барање за укинување на мерката притвор, а за гаранција ќе биде понуден нејзиниот имот.

-Не ми е познат основот по кој е донесена одлуката на Советот на јавни обвинители за разрешување на Катица Јанева како и денешната одлука да нема можност да се врати на старото работно место во обвинителството во Гевгелија, вели за ТВ21 Ирена Фрчкоска, која додава дека и одлуката од саботата и денешната на Советот на јавни обвинители не ги добиле.

Најави дека во текот на утрешниот ден ќе го достават барањето за укинување на мерката

На Јанева и е одреден 30-дневен притвор кој истекува деновиве./МИА

притисни ентер