Борусија купи германски репрезентативец за 27 милиони евра

Нико Шулц е новиот играч на Борусуја од Дортмунд , потврди денеска германскиот вицешампион.

Левото крило на германската репрезентација стигна од Хофенхаим за 27 милиони евра и потпиша договор до 2024 година.

Шулц во септември минатата година дебитираше за германската репрезентација , а до својата 26. година има играно за Херта, Борусија Менхенгладбах и Хофенхаим.

За Хофенхаим има одиграно 71 натпревар , постигнал 4 гола и 13 асистенции .

Црвената ѕвезда е 35 милиони евра во минус

Српскиот шампион Црвена Ѕвезда заклучно со крајот на 2018 година е во црвено во износ од  34,348.500 евра, според финансискиот извештај објавен на веб страната на Агенцијата за стопански регистри.

Според извештајот, вкупниот долг на Ѕвезда изнесува 45,542.516 евра, но кога ќе се одбие  нераспределена добивка од 11,176.016 евра, вистинскиот долг е малку помал и изнесува 35 милиони евра.

"Оваа ситуација ги зголемува сомнежите во врска со способноста на клубот да продолжи со стабилното работење. Тимот во 2016, 2017 и 2018 година постигна значајни приходи од натпреварите на УЕФА и продажба на сувенири , но со зголемување на добивката , се зголемија и  трошоците на клубот. Опциите за подобрување на финансиската состојба се многу ограничени и зависи исклучиво од трансфери и отпис на обврските кон доверителите ", се наведува  во извештајот.

Минатата година клубот имаше добивка од речиси 60 милиони фунти, но тоа не беше доволно да го извади клубот од минусот. На извештајот реагира директорот на клубот,  Марко Петровиќ, кој смета дека тоа е нереално.

"Ние веќе рековме дека извештајот содржи некои елементи, кои клубот не е должен да ги плати. Црвена Ѕвезда има долг од 14 милиони евра, но тоа во никој случај не пречи на  нормалното функционирање на клубот", рече Петровиќ.

Тениската легенда ги распродава трофеите за да си ги отплати долговите

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер банкротираше во јуни 2017 година поради тоа што не можеше да ги отпалти долговиоте кон банката  Арбутнохот Латам.

Иако ја избегнува правдата, тој сепак ќе мора да се  прости од своите трофеи, медали и други предмети што ќе бидат понудени на аукција од Wyles Hardy & Co. , со што ќе ги подмири долговите.

Инаку, Бекер загуби речиси 100 милиони евра на пропаднати инвестиции во нафтениот бизнис во Нигерија. Судот во Лондон, поради долг од околу 12 милиони евра, прогласи банкрот од споменатата лондонска банка, но тој се повика на својот дипломатски статус, бидејќи стана културен аташе на Централноафриканската Република во Европската унија. Сепак, подоцна се откажа од дипломатскиот имунитет и процесот продолжи.

Се очекува на аукцијата да бидат продавани трофеи од неговите шест победи на Гренд Слем, како и медали, опрема, облека и други предмети . Според медиумите, ќе има на продажба дури 82 предмети. Вредноста се проценува на 220.000 евра, иако се надеваат дека ќе бидат ппалтени  уште повеќе на аукцијата, бидејќи такви предмети ретко доаѓаат на отворен пазар. Аукцијата треба да се одржи на 11-ти јули.

Дани Алвеш повторно ќе соработува со Пеп

Бразилецот Дани Алвеш дефинитивно го напушти богатиот ПСЖ , по две години на „Паркот на принцовите“ во Парис, поранешниот ас на Барселона одлучи да ја промени средината.

36 годишниот Алвеш одлучи да направи уште еден чекор во  долгата и богата кариера и да заигра во англиската Премиер лига.

Иако веќе долго е навлезен во четвртата деценија од живото Алвеш  реши по истекот на договорот да се раздели со богатиот Пари Сен Жермен и по Шпанија, Италија и Франција да се проба и во Англија.

Новиот клуб на извонредниот десен бек би требало да биде шампионот Манчестер Сити каде Алвеш повторно ќе соработува со Пеп Гвардиола.

притисни ентер