Историско осмо место на Тамара со „Proud“ на Евровизија

Историска ноќ за Македонија во Тел Авив.Спектакуларен настап на нашата Тамара Тодевска во финалето на Евросонг 2019!

На фантастичната бина во Тел Авив во Израел, нашата Тамара блесна на сцената и сосема заслужено стигна до историскиот пласман на осма позиција со 295 поени на изборот за песна на Евровизија.

Песната „Proud“ ја освои публиката од цела Европа, Тамара првиот дел од гласањето на телевизиските жирија го заврши на втората позиција со 237 гласови ,со само два бода помалку од водечката Шведска.

Во гласањето од публиката добивме скромни 58 бода за на крајот да го оствариме најдобриот пласман во историјата на еден Евросонг, рекордното осмо место.

Песната „Горда“ е дело на Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, автори на музиката и аранжманот , а текстот го напишаа Коста Петров и Сања Поповска. Спотот го режираше Чедо Поповски.

Победник на годинешниот избор за песна на Евровиија е претставикот на Холандија Данкан Лоренс кој и пред годинешниот избор беше главниот фаворит за победа кај обложувалниците..

Спектакуларниот Евросонг со својот настап го надополни специјалната гостинка кралицата на светскиот поп Мадона, која исполни две песни во придружба на хор и раперот Кваво.

Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп

Пет клучни донатори инвестирале повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Доналд Трамп.

Тимоти Мелон, наследник на банкарското семејство Мелон, од 2022 година инвестираше најмалку 16,5 милиони долари во организацијата „Мага“ блиска до Трамп. Тој исто така има инвестирано најмалку 20 милиони долари во организацијата за време на претседателските избори во САД во 2020 година.

„Форбс“ го проценува богатството на Мелон на 14,1 милијарди долари, а познато е дека тој инвестирал и најмалку 20 милиони долари во кандидатурата на Роберт Кенеди за претседател на САД.

„Форбс“ го проценува богатството на Мелон на 14,1 милијарди долари, а познато е дека тој инвестирал и најмалку 20 милиони долари во кандидатурата на Роберт Кенеди за претседател на САД.

Брачниот пар Исак и Лара Перлмутер во актуелната кампања на Трамп инвестирале повеќе од 10 милиони долари, а во 2020 година во неговата кандидатура вложиле 21 милион долари.

Трета на листата е претприемачката Линда Мекмахон, која донираше повеќе од 10 милиони долари на Трамп овој изборен циклус, а во 2019 и 2020 година инвестираше повеќе од 15 милиони долари.

Успешниот хотелиер Роберт Бигелоу во овој изборен циклус вложил девет милиони долари во организацијата „Мага“, а вети дека ќе вложи вкупно 20 милиони долари.

Додека Патриша Дуган во сегашната кандидатура на Трамп инвестираше повеќе од пет милиони долари, а претходно таа и нејзиниот поранешен сопруг Роберт веќе инвестираа во кампањата на Трамп во 2020 година. /МИА

Анализа: Вештачката интелигенција силно ќе влијае на 65 отсто од работните места во Белгија

Вештачката интелигенција (ВИ) во голема мера ќе влијае на 65 отсто од работните места во Белгија, според проценката на една од најголемите банки во земјата, објавена во локалните медиуми. 

Во текстот се наведува дека денес 3,3 милиони белгиски вработени работат во области директно поврзани со развојот на вештачката интелигенција.

Секој трет работник во Белгија има позитивни очекувања од распространувањето на вештачката интелигенција за подобрување на економијата во следните пет години, но 42 отсто стравуваат дека тоа ќе доведе до губење на работни места. Проценката покажува дека во една третина од работните места (1,6 милиони) денес, имплементацијата на вештачката интелигенција ќе помогне да се зголеми продуктивноста, но во 34 проценти (1,7 милиони) може да биде потребна целосна автоматизација.

Најпогодени се очекува да бидат вработени во администрацијата, каде најверојатно ќе има отпуштања, додека вештачката интелигенција ќе може да им помогне на директорите на компаниите, хирурзите и судиите без да ги смени. Досега, само 3 отсто од работниците во Белгија стравуваат дека ќе бидат погодени поради вештачката интелигенција во следните пет години, а најрелаксирани се хонорарците, покажуваат податоците. Според проценките, може да се очекува дека воведувањето на вештачката интелигенција ќе ја зголеми економијата за 0,1-0,5 отсто годишно.

Цитираните експерти прецизираат дека европското законодавство за вештачка интелигенција не и дава предност на ЕУ во однос на САД. Според нив, промените на европскиот пазар на труд ќе бидат постепени и може да се очекува појава на нови професии. /МИА

Албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од еден милион долари

Уапсени двајца Италијанци.

На граничниот премин Хан Хоти, на албанско-црногорската граница, албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од милион долари.

Уапсени се двајца италијанските државјани во чиј автомобил биле откриени фалсификуваните чекови.

Фалсификуваните чекови се одземени како материјален доказ заедно со возилото, 1700 евра, печати и два мобилни телефона и се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општата надлежност Скадар за понатамошни дејствија. /МИА

притисни ентер