Детална и сеопфатна ревизијата на наставните планови и учебници по историја во двете земји, кои во најкус можен рок треба да биде ослободени од какви и да било иредентистички и ревизионистички референци, утврдил македонско – грчкиот комитет. На состанокт е договорена и методолигијата по која ќе се чешлаат учебниците.
- Врз основа на Преспанскиот договор и во согласност со целите и принципите на УНЕСКО и на Советот на Европа, беше усвоена методологија, опишана во заклучоците, за ревизија на наставните планови и учебниците. Двете делегации се согласија да го поттикнуваат вклучувањето на повеќе содржини од областа на културата и уметноста во образованието со цел градење на позитивна слика за другиот.
Проверката на учебниците стартуваше во ноември минатата година. На последната средба на македонско – грчкиот комитет, одржана минатиот мисец во грчкото МНР, беа утврдени заедничките чекори за ЕУ интеграциите.
Претходно, шефот на македонскиот тим Виктор Габер по дводневниот состанок на македонско – грчкиот во март, рече дека треба да се избегнуваат непријатни формулации во учебниците и кај грчката и кај македонската страна, со цел правилно да се едуцираат новите генарации. И порача дека имало повеќе историски моменти што не зближуваат со грчката страна.
Заедничкиот Интердисциплинарен комитет треба да ги проучи учебниците и да дефинира временски рамки, за да се осигура дека од следната година ќе бидат отстранети сите наставни програми, кој содржат каков било иредентизам.
Согласно одредбите од Преспанскиот договор, работата на Комитетот ќе ја надгледуваат министерствата за надворешни работи на двете земји.