Николов: Се повеќе заразени од морбили, министерот Филипче зборува за физибилити студии

Деновиве се соочуваме со врвот на епидемијата на морбили. Бројката на заразени и оние кои што ги манифестираат симптоми го достигнува максимумот, а од министерството за здравство единствено се зборува за некакви физибилити студии.

Тендер министерот Филипче до сега покажа само способност за некакви сомнителни тендери и некакви физибилити студии за таканаречено јавно приватно партнерство во кое што услугите од јавното здравство се пренесуваат во приватното здравство.

Мандатот на тендер министерот за физибилити студии помина во знакот на изработка на тендерски документации, на физибилити студии од кои што не се добиваат никакви информации, и се единствено обид за прелевање на народните пари во приватни компании и приватни болници.

Последен од низата сомнителни тендери кој што тежи околу 14 милиони евра за стерилизација, е оној за стерилизација на хируршките инструменти и материјали. Повторно се отвора прашањето дали ова е пат за отворање на корупцијата и пат за отворање на криминал во секторот здравство?

Тендер министерот за физибилити студии неделава ја информираше јавноста за некаков план за приватизација на здравството, во кое што говореше за физибилити студија за ПЕТ центарот, физибилити студија за Итната медицинска помош и ин витро фертилизација на Клиниката за гинекологија и акушерство. Единствено не добиваме никакви информации до каде е проектот за новиот клинички центар, каде ќе биде лоциран и кога мислат и планираат да ја информираат јавноста за тоа.

Министерот и понатаму најави и нови физибилити студии за јавно приватно партнерство, концепт кој што тој така го нарекува и концепт кој што го планира за лабораториите, го планира за радиологија и радиохирургија, како и за менаџирање на цели болници. Но секако не дава никакви детали. Така, самиот рече дека треба да се види како ќе функционираат по овој концепт Градската болница, новата болница Мајчин дом, како и цели болници како што се болниците во Штип, Струмица, Прилеп или Битола.

Ова е единствено концепт од 1994 година, кога се спроведе криминална транзиција на капиталот, кога јавното добро се транзитираше во приватен капитал.

Министре,

Должни сте да одговорите на граѓаните. До кога ќе се даваат пари за физибилити студии, до кога ќе чекате и ќе чека министерството извештаи од овие физибилити студии за да види дали треба нешто да работи? Ова однесување покажува само едно – покажува лош менаџмент, очекување друг да ја заврши работата, грижа за лични интереси и негрижа за граѓаните.

Имено во последната најава за тендерска приватизација на процесот за стерилизација се наведува дека ќе се добие приватна фирма која ќе има монопол за набавка на хируршки инструменти, и за стерилизација на хируршките инструменти, за стерилизација на облеката лицата кои што влегуваат во операционите сали, стерилизација и дезинфекција на операционите сали, па се до грижа за медицинскиот отпад! Се поставува прашањето, дали доколку се појави инфекција, дали доколку се развие епидемија повторно, одговорноста ќе биде на компанијата која што го добила тендерот или не некој друг.

Тендер министерот за физибилити студии покажува дека освен за богатење на компании блиски до СДСМ и до владата не се занимава и не го интересира ништо друго и не го интересира здравјето на граѓаните.

Го повикуваме министерот за физибилити студии да спроведе физибилити студија за функционалноста на оваа влада и прв да ја понесе најавуваната метла почнувајќи од себе се друго во министерството за здравство.

Игор Николов, член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер