Палестински музичари одржаа концерт во уништениот дел на Газа како алтернатива на Евросонг

Палестински музичари одржаа концерт во уништениот дел на Газа како алтернатива на Евросонг, која деновиве  се одржува во Тел Авив.

 Настанот се одржа на урнатините од згради и други објекти, кои израелските авиони ги уништија за време на неодамнешните ескалации на судирите меѓу израелските војници и палестинските милитанти во Газа.

„Евровизискиот фестивал, чиј домаќин е Израел, е само димна завеса за бруталното кршење на правата на Палестинците“, рекол еден од организаторите, Камел Мусалам, кој додал дека Израел сака да го измами светот и да покаже дека е мирољубива земја.

Нов тренд во рестораните: Гостите имаат ограничено седење

Преку најновиот начин на резервации во рестораните во Австрија , гостите веќе нема да може да резервираат маса за цела вечер.

Веќе нема да може гостите да резервираат во 20 часот и да останат до полноќ . При резервацијата гостите наведуваат кога влегуваат и кога излегуваат во рестораните , што не смее да трае повеќе од еден час.

Овој начин на резервации е резултат на дигитализацијата , вели Петер Добкак од Стопанската комора на Виена. Некои гости не се задоволни со ваквиот начин на работа на рестораните , но сопствениците сметаат дека е добро што повеќе гости да се сменат во текот на вечерта.

За оние кои сакаат да останат до подоцна , им се нуди да направат доцна резервација , а по вечерата да се преместат на шанк.  

Во Европа е забранета продажбата на најмоќниот Мустанг (ВИДЕО)

Моќниот Мустанг на Форд е речиси половина век меѓу најмоќните автомобили на светот , а во Европа може да се купи само последниве неколку години.

Но , токму последниот модел на Мустанг е забранет во Европа. Се разбира , станува збор за строгите закони за емисија на штетни материи , поради што веќе е забранета продажбата и на моделите Корвета и Камаро.

Најновиот, забранет модел Mustangu Shelby GT500 има 5,2 литарски V8 мотор со турбополнач , кој до 100км/час стигнува за 3,5 секунди , додека максималната брзина му изнесува 300 км/час.

Возел гола женска легната врз Ферари по улиците на Ибица (ВИДЕО)

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како гола убавица лежи врз црвено Ферари во движење по улиците на Ибица.

Возачот и убавиот ,,додаток” за црвеното Ферари добија слава на интернет , но сега имаат проблеми со полицијата.

Според медиумите , полицијата е во потрага по возачот на автомобилот , кој направил прекршок. Шпанските медиуми пишуваат дека за такво возење казната изнесува 500 евра.

притисни ентер