Стоилковски:Очекуваме доследност во ставовите на Пендаровски

Навреди, омаловажувања по пол и возраст се само дел од недоличните напади на Стево Пендаровски и неговиот тим упатени директно кон кандидатката за претседател на Република Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.

Велат, логички у Бардовци треба да оди, и тоа е навреда упатена преку социјалната мрежа Фејсбук директно од шефот на изборниот штаб на Стево Пендаровски, Ѓорѓи Галетановски наречен Чомбе кон Гордана Сиљановска Давкова.

Ова е коментарот на Галетановски објавен кај него, објавен на неговиот Фејсбук профил.

Ваквиот коментар на Галетановски предизвика низа други навредливи коментари токму преку социјалните мрежи. Со ваквите коментари се омаловажува Сиљановска и се дискредитира нејзината личност.

Стево Пендаровски пак на телевизискиот дуел со Гордана Сиљановска Давкова негираше дека било кој од неговиот тим ја навредувал Сиљановска, очигледно играјќи на краткото паметење, и притоа ветувајќи дека доколку му се дадат докази за навреда кон Сиљановска од било кој од неговиот тим, тој веднаш ќе го избрка тој лик од тимот кој што му ја води пиар стратегијата за време на оваа кампања.

Господине Пендаровски очекуваме доследност во вашите ставови. Напуштете ја матрицата на Зоран Заев за негирање. Напуштете ја матрицата заевизмот, на се што кажувате и спроведете го тоа што го ветивте пред целата македонска јавност, а за што впрочем Ве потсетивме.

Доколку и овој пат не го испочитувате вашето ветување само ќе потврдите дека вие и Заев сте 102,5% исти.

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Времето стабилно и потопло

Денеска ќе преовладува стабилно и потопло време со мала до умерена облачност.

Ќе дува и слаб променлив ветер кој во текот на денот од северен ќе премине во јужен.

 Максималните температури ќе достигнат од 16 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер  и со температура до 21 степен.

Отворена телефонска линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право

Граѓаните можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на беслатната телефонска линија: 0800-54321 која ќе функција од  7:00 до 19:00 часор во канцеларијата на Народниoт правобранител.

Граѓаните денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид, Дебар и Ново Село ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на беслатната телефонска линија: 0800-54321 која ќе функција од  7:00 до 19:00 часор во канцеларијата на Народниoт правобранител.

Како што соопштуваат од канцеларијата на Народниот правобранител, отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и во Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. Покрај лично во канцелариите, како и на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово 044 344-082, Струмица 034 329- 996, Кичево 045 228-586, Битола 047 242-310, Штип 032 389-701 и Куманово 031 431-488.

Народниот правобранител, се посочува, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

-И во оваа пригода, Народниот правобранител потенцира, дека, избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела, стои во соопштението. 

МВР и денеска ќе издава лични карти

 Одделенијата на МВР за управни работи ќе работат денеска, како и на 4 и 5 мај кога треба да се одржи вториот круг од претседателските избори.

Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при МВР и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.

– Барањата за за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота, 20 април. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до Одделенијата за управни работи. На денот на претседателските и локалните избори, недела, 21 април 2019 година, Одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти. Истото ќе важи и за вториот изборен круг, соопштија од МВР. 

притисни ентер