СДСМ: Нови 19 странски инвестиции започнаа, гласот за Стево е глас да продолжат

Напредокот во интеграциите, успешните економски политики резултираа со раст на економијата, раст на платите и на инвестициите.

Во 2018 година забележан е рекорден износ на странски директни инвестиции од 625 милиони евра. Отворени се над 26.000 нови работни места, а стапката на невработеност падна на историски најнизок процент, 19,4.

Инвестициите носат повеќе пари кај граѓаните, нови и подобро платени работни места.

19 нови странски инвестиции започнаа со работа, дел се во градба, дел започнуваат со градба или се во втора фаза на инвестирање.

Меѓу нив се и компаниите:

Чагатај Кабло од Турција во ТИРЗ Скопје 1 автомобилска индустрија за електрични инсталации со 100-тина вработени во моментов.

ВИК од Германија во ТИРЗ Прилеп за производство на апарати за домаќинство со 200 вработени во моментот, а таргетот до 1000 вработувања

Теламон од САД во Скопје Инџиково браунфилд објект, производство на електрични кабли за автомобилска индустрија со 70 моментални вработувања и краен таргет до 830 вработувања.

Кранфилд Фаундри од Русија инвестиција во Пробиштип, модерна леарница за автомобилска индустрија со моментално 40 вработени, а таргет од 280 вработувања

Баумер Швајцарија во ТИРЗ Скопје 1 за производство на сензори, декодери и други електронски компоненти со околу 200 работни места

Мурат Тичарет од Турција во ТИРЗ Скопје 2 автомобилска индустрија, производство на електрични инсталации и кабли евра со моментални 300 вработени

Дура САД во ТИРЗ Скопје 2 автомобилска индустрија за надворешни трим делови, до 500 вработувања

Кеслер Германија во ТИРЗ Скопје 1 за производи на електромотори, моментални вработувања 150.

Државата, економијата, мора да продолжат да се движат напред, не смее да се враќаме назад во неизвесност и изолација.

На овие избори, гласот за Стево Пендаровски е глас за раст на странските инвестиции, раст на платите.

Гласот за Гордана Сиљановска е глас за да запрат инвестициите, за парите да не завршуваат кај граѓаните туку кај фамилијата од ВМРО-ДПМНЕ водена од Будимпешта.

Затоа, во недела да гласаме масовно за број три за Стево Пендаровски, продолжуваме заедно напред!

Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник

Утре почнува самитот на ЕУ: Гаранција за преговори или студен туш ?

Македонија и дефинитивно летово останува без датум за преговори, битката сега е да се осигура дека би го добила есенва.

По вчерашните заклучоци на Советот на министрите во кои се предлага ЕУ да се наврати на прашањето најдоцна до октомври, конечниот збор ќе го имаат лидерите на земјите членки на самитот утре и заутре.. Во Брисел е Александар Видиновски.

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните нема да добијат по 30.000 денари поврат на ДДВ на крај на годината

Граѓаните ниту виделе, ниту ќе видат аир од Зоран Заев и најнеспособната влада, се наведува во реакцијата на ВМРО- ДПМНЕ.

Животот дојде само за врхушката околу него, а бројот на луѓе кои живеат под прагот на сиромаштија постојано се зголемува. Затоа главна цел на младите не е да собираат фискални, туку да соберат пари за да купат карта за заминување од Македонија.

Проектот на владата е уште една шарена лага од која што граѓаните нема да имаат вистинска корист. Единствено манипулаторот Заев се обидува со пари од народот да добие политички поени. Доколку навистина се грижеше за буџетот на граѓаните, Заев ќе ја намалеше акцизата која што ја покачи, ќе го зголемеше обемот на производи со повластена стапка на ДДВ од 5% или ќе ја намалеше стапката на ДДВ од 18%, а пред се ќе престанеше да ги краде парите преку наместени тендери.

Вака останува впечатокот дека станува збор за квазипроект кој ќе направи поголема штета, отколку корист. Се компликува целиот апарат, се воведуваат софтвери и апликации, а се очекува оние кои се најзагрозени, сиромашните пензионерите и другите ранливи категории, со смартфони да ги сликаат фискалните сметки.

Економска логика за овој проект нема. Истиот дополнително ќе го загрози полнењето на буџетот и потоа ќе има контраефект врз исплатата на платите и придонесите на администрацијата и пензионерите.

Граѓаните нема да добијат по 30.000 денари поврат на ДДВ на крај на годината. За да добијат толкав поврат треба да исплатат во текот на годината ДДВ во висина од над 200 000 денари, односно да купат стоки во вредност од околу 25 000 евра од кои само помалиот дел би биле со повластена стапка на ДДВ од 5% како што е хратана и средствата за хигиена. Дури и со две просечни плати од по 1000 евра, едно семејство не може да си дозволи толкав трошок, така што провидни се лагите на Зоран Заев.

Квазипроектот ќе предизвика проблеми, а откако тоа ќе се обелодени инволвираните треба да понесат одговорност.

Во Владата разгледан Законот за управување со движење на предметите во судовите

Советот за имплементација на стратегијата за реформи во правосудството (2017-2022) го разгледа и Законот за управување со движење на предметите во судовите.

На денеска одржаната  12. седница на Советот за имплементација на стратегијата за реформи во правосудството (2017-2022) беше презентиран Законот за управување со движење на предметите во судовите.

Претставник на  Министерството за правда, ги запозна членовите на Советот за имплементација на стратегијата за реформи во правосудството со одредбите во законот, кој има за цел да го спречи застојот и натамошното трупање на судски предмети.

На оваа седница на Советот за имплементација на стратегијата за реформи во правосудството членовите го разгледаа и Законот за академија за судии и јавни обвинители. Министерката за правда, Рената Десковска им се заблагодари на членовите на Советот за констатираните забелешки и за понудените предлози за измени и дополнувања во насока на финализација на текстот на законот, се наведува во соопштението од Владата. 

притисни ентер