Морбилите не стивнуваат – ќе биде ли прогласена епидемија во целата земја?

Во првите три месеци од годинава Државниот санитарен здравствен инспекторат поднел 20 пријави за родители кои не ги вакцинирале своите деца против мали сипаници.

Сепак, од таму велат дека 9 од пријавените не ги исплашила глобата и платиле сума која може да изнесува до максимални 600 евра за да не го вакцинираат своето дете. Од ДСЗИ велат дека за останатите 11 кои не се одѕвале на повикот да дојдат во инспекторатот, поднесени се прекршочни пријави.

Во 1 квартал од годинава до Државниот санитарен и здравствен инспекторат пристигнале 20 пријави за невакцинација на деца од вакциналните пунктови, сите родители се повикани во инспекторатот. Од нив само 9 се појавиле и платиле казна, додека за 11 поднесена е прекршочна пријава-Државен санитарен и здравствен инспекторат.  

Комисијата за заразни болести утре ќе ја разгледува актуелната состојба со мали сипаници во земјава, а врз основа на тоа велат дека ќе се разгледува како да се постапува понатаму, не е исклучена и можноста да биде прогласена епидемија на целата територија на државата. Минатата недела во земјава беа регистрирани рекордни 126 заболени, од кои само половината се во главниот град. Според податоците од Институтот за јавно здравје, во земјава има 19.000 невакцинирани деца. Во исто време зголемен е бројот на вакцинирани возрасни лица кои претходно биле вакцинирани само со една доза вакцина.

Во меѓувреме, во соседна Србија која се соочува со сличен проблем, се зголемува бројот на пресуди за лица кои не ги вакцинираат своите деца. Тамошните медиуми пренесуваат дека за една година, прекршочниот суд во Белград изрекол 119 осудителни пресуди, а од нив 36 добиле парични казни од 5 до 50.000 динари.

Кучето Бени има многу тешка работа (ВИДЕО)

Тригодишното куче Бени работи во погребална фирма во амњериканската држава Оклахома.

Фирмата го тренирала златниот ритривер за тешка и посебна задача- Бени ги теши члњеновите на семејството на покојникот. Кучето им носи марамче на оние кои плачат и им дава утеха со своето галење.

,,Неговото присуство го олеснува стресот и тагата. Ги сака луѓето , нежен е со нив , им приоѓа и дозволува да го галат.” вели управителката на компанијата , Дина Кели за американските медиуми.

Бени има сертификат за терапевтско куче и освен носење марамчиња, знае и да клекне , да ја наведне главата , па дури и да се помоли.

Рокер се пофали со телото на 24-годишната сопруга (ФОТО)

Познатиот рокер Томи Ли се пофали со телото на својката 24- годишна сопруга Британи Фурлан , со која беа неколку години во врска , а се венчаа на Свети Валентајн годинава.

,,Ќе ме убие зашто го објавувам ова , но погледнете го ова 100% природно тело. “ , напиша поранешниот тапанар на Мотли Кру и поранешен сопруг на Памела Андерсон и Хедер Локлир.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

She gonna kill me for posting this but look at this 100% natural body 👅

A post shared by T🎱ɱɱ¥ ᒪEE (@tommylee) on

Фотографијата е направена на одморот во Мексико.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Dayum!!! My wife is 💣

A post shared by T🎱ɱɱ¥ ᒪEE (@tommylee) on

Фурлан на почетокот на годинава расскажа како го запознала 24 години постариот рокер.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

@tommylee i am so mad at u for this!!!!!! 😡😡😡😡😂

A post shared by Brittany Furlan Lee (@brittanyfurlan) on

,, Се запознавме онлајн , но се знаевме со години . Тој ги гледаше моите Вајн снимки , беше еден од моите следбеници , а мене ми се допаѓаше неговата музика. “ , раскажа Британи.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Support the ones you 🖤

A post shared by Brittany Furlan Lee (@brittanyfurlan) on

Таа во 2015 од магазинот Тајм беше прогласена за една од највлијателните личности на интернет. Вели дека нејзината тајна е во тоа што е искрена.

Фото: Ирина е вистински професионалец!!

 Во екот на сториите поврзани со разделбата од актерот Бредли Купер и многуте наслови по таблоидите руската манекенка Ирина Шајк функционира како вистинска професионалка.

Убавата Русинка не дозволува разделбата од саканиот да и влијае на професионалните обврски.

Туку напротив Ирина полна со самодоверба се појави на модна ревија во Фиренца и докажа дека е вистински професионалец.

притисни ентер