Триесет сантиметри снег на Попова Шапка

Трисетина сантиметри нов снег наврнаа ноќеска на зимско-рекреативниот центар Попова Шапка. 

Според вработените во сместувачките капацитети, снегот почна да паѓа во неделата околу 20 часот и во текот на ноќта формираше значителна снежна покривка.

-Може да каже дека снегот изненади. Последен пат имаше наврнато во февруари, а во март ниту еден ден немаше нов снег. Сега за кратко време се формираше покривка, а продолжува да паѓа и утринава, изјави Тихомир Ановски од сместувачкиот капацитет „Конак".

Тој вели дека не верува оти скијачката сезона ќе продолжи, бидејќи во април температурите се повисоки и снегот брзо ќе се стопи.

-Се зависи од временските услови. Сепак е април и температурите се повисоки па очекувам снегот брзо да се стопи. Во секој случај би требало да го има неколку ден,вели Ановски.

Снегот го има и регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, а според Ановски тешко е за движење поради постојаните врнежи. Може да се помине само со теренско возило, а не со патничко моторно возило.

Од Управата за хидрометеролошки работи велат дека на Попова Шапка во наредните денови според метеролошката состојба се можни и нови врнежи од снег. 

По првото пријавување во средните училишта се запишани 11.826 ученици

Министерство за образование соопшти дека по првото пријавување во средните училишта се запишале 11.826 ученици од кои 9.061 за настава на македонски јазик, 2.604 на албански, 130 ученици на турски јазик и 31 повторувач.

Вкупно се пријавиле 16.676 ученици од кои 11.636 за настава на македонски јазик, 4.707 за настава на албански, 302 ученика за настава на турски јазик и 31 повторувач.

МИА во целост го објавува соопштението на МОН за бројот на запишаните ученици.

Од доставените прегледи на јавните средни училишта за бројот на пријавени и запишани ученици во првото пријавување, како и бројот на слободни места за второто пријавување (24 и 25 јуни 2019 година) добиени се следните податоци:

Според видот на образованието, во првото пријавување запишани се вкупно:

4 464 ученици во гимназиско образование од кои:

3 415 ученици на македонски наставен јазик,

967 ученици на албански наставен јазик,

82 ученици на турски наставен јазик.

7.000 ученици во стручно образование од кои:

5 312 ученици на македонски наставен јазик,

1 609 ученици на албански наставен јазик,

48 ученици на турски наставен јазик и

31 повторувач.

242 ученици во Спортска академија од кои:

231 ученик на македонски наставен јазик,

11 ученици на албански наставен јазик.

120 ученици во спортска гимназија од кои:

103 ученици на македонски наставен јазик,

17 ученици на албански наставен јазик.

Конкурсот за запишување ученици е завршен за гимназиско образование во:

– СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито" – Битола; СУГС „Раде Јовчевски Корчагин" – Град Скопје, СУГС Гимназија „Никола Карев" – Град Скопје и во СУГС „Георги Димитров" – Град Скопје.

Конкурсот за запишување ученици е завршен за здравствена струка во:

– ОСМУ „Д-р Јован Калаузи" – Битола, за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на македонски наставен јазик; СОУ „Димитрија Чуповски" – Велес за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на македонски наставен јазик; СОУ„Наце Буѓони" – Куманово за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на албански наставен јазик; СОСУ „Св. Кирил и Методиј" – Охрид за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на македонски наставен јазик; СОУ „Ѓорче Петров" – Прилеп за образовниот профил: медицинска сестра, фармацевтски техничар и гинеколошко – акушерска сестра во паралелките на македонски наставен јазик; СУГС „Д-р Панче Караѓозов" – Град Скопје, медицинска сестра на албански наставен јазик, забен техничар на македонски и

албански наставен јазик, фармацевтски техничар на македонски и албански наставен јазик, медицински лабораториски техничар на македонски наставен јазик и физиотерапевтски техничар на македонски јазик; СУГС „Марија Склодовска Кири" – Град Скопје медицински лабораториски техничар на албански наставен јазик; СОУ „Нико Нестор" – Струга за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на албански наставен јазик; СОУ „Димитар Влахов" – Струмица, за образовните профили фармацевтски техничар и физиотерапевтски техничар во паралелките на македонски наставен јазик; СОМУ „Никола Штејн" – Тетово, за образовниот профил болничар-негувател на албански наставен јазик; СОУ „Јане Сандански" – Штип, за образовниот профил медицинска сестра на македонски наставен јазик.

Конкурсот за запишување ученици е завршен за економско – правна и трговска струка во:

– СУГС „Цветан Димов" – Скопје, за образовниот профил продавач – референт за продажни услуги во паралелките на албански наставен јазик;

Конкурсот за запишување ученици е завршен за угостителско – туристичка струка во:

– СОУ „Коле Нехтенин" – Штип, за образовните профили келнер – готвач во паралелките на македонски наставен јазик и во СОУ „Коле Неделковски" – Велес за образовните профили келнер – готвач во паралелките на македонски наставен јазик.

Конкурсот за запишување ученици е завршен за лични услуги во:

– СУГС „Димитар Влахов" – Скопје, за образовниот профил фризер во паралелките на албански наставен јазик и во СОМУ „Никола Штејн" – Тетово, за образовниот профил техничар за козметичка нега и убавина во паралелките на албански наставен јазик.

Конкурсот за запишување ученици е завршен за електротехничка струка во:

– СОУ „Ѓорѓи Наумов" – Битола за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик; СОУ „Ѓошо Викентиев" – Кочани за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик; СОУ „Ристе Ристески Ричко" – Прилеп за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик; СОУ „Нико Нестор" – Струга за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик; СОУ „Никола Карев" – Струмица за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик, СОУ „Коле Нехтенин" – Штип, за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик, во СОУ „Илинден" – Илинден за цела електротехничка струка.

Конкурсот за запишување ученици е завршен за машинска струка во:

– СОУ „Никола Карев" – Струмица за образовниот профил машински техничар за моторни возила во паралелките на македонски наставен јазик.

Конкурсот за запишување ученици е завршен за Хемиско – технолошка струка во:

-СУГС „Марија Склодовска Кири" – Град Скопје техничар за заштита на животната средина и прехранбен техничар на албански наставен јазик.

Слободни места за второто пријавување има за вкупно 23 410 ученици од кои:

· 15 118 слободно место за настава на македонски наставен јазик,

· 7 416 слободни места за настава на албански наставен јазик,

· 788 слободни места за настава на турски наставен јазик,

· 34 слободни места на српски наставен јазик и

· 54 слободни места за повторувачи.

Слободни места по вид на образование за второ пријавување има:

во гимназиско образование 5 983 слободни места од кои:

3 428 за ученици на македонски наставен јазик,

2 189 за ученици на албански наставен јазик,

326 за ученици на турски наставен јазик,

34 за ученици на српски наставен јазик и

6 за повторувачи.

во стручно образование 17 275 слободни места од кои:

11 589 за ученици на македонски наставен јазик,

5 176 за ученици на албански наставен јазик,

462 за ученици на турски наставен јазик и

48 за повторувачи.

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со три пријавувања, две во јуни и едно во јули. Првото пријавување и запишување на учениците се реализираше вчера и завчера, на 17 и 18 јуни, а второто пријавување и запишување ќе се врши на 24 и 25 јуни. Резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2019 година.

Квалификациското тестирање ќе се реализира на 21 јуни 2019 година во СУГС Гимназија „Орце Николов" во Скопје (за гимназиско образование на македонски наставен јазик) , во СУГС „Д-р Панче Караѓозов" – Град Скопје (за стручно образование- здравствена струка за образовниот профил медицинска сестра на македонски наставен јазик), во СОУ „Димитар Влахов" – Струмица (за стручно образование- здравствена струка за образовниот профил медицинска сестра на македонски наставен јазик) и во средните училишта во кои се реализираат наставни планови и наставни програми за уметничко образование. Училиштата во кои ќе се реализира квалификационо тестирање, конечните ранг листи ќе ги објават на 21 јуни 2019 година.

По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација во рок од 48 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 48 часа.

Училиштата за второто пријавување, можат да го намалат утврдениот број на минимум поени дадени во Конкурсот најмногу до 10 поени, освен за гимназиско образование, економско – правна и трговска струка и здравствена струка.

Училиштата се должни со интерен оглас за второто пријавување, односно третото пријавување да го истакнат утврдениот минимум поени со кои е можно учениците да конкурираат за запишување во определен план и програма. Објавувањето на минимумот поени треба да се изврши на 21 јуни 2019 година за второто пријавување.

Намалување на поените нема да има во гимназиско образование, економско – правна и трговска струка и здравствена струка.

За целосен опфат на сите ученици кои завршија основно образование во учебната 2018/2019 година со Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2019/2020 година се обезбедени вкупно 35.690 ученички места од кои 24.581 на македонски наставен јазик, 10.123 на албански наставен јазик, 952 на турски наставен јазик и 34 на српски наставен јазик, соопшти МОН. 

Утре почнува самитот на ЕУ: Гаранција за преговори или студен туш ?

Македонија и дефинитивно летово останува без датум за преговори, битката сега е да се осигура дека би го добила есенва.

По вчерашните заклучоци на Советот на министрите во кои се предлага ЕУ да се наврати на прашањето најдоцна до октомври, конечниот збор ќе го имаат лидерите на земјите членки на самитот утре и заутре.. Во Брисел е Александар Видиновски.

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните нема да добијат по 30.000 денари поврат на ДДВ на крај на годината

Граѓаните ниту виделе, ниту ќе видат аир од Зоран Заев и најнеспособната влада, се наведува во реакцијата на ВМРО- ДПМНЕ.

Животот дојде само за врхушката околу него, а бројот на луѓе кои живеат под прагот на сиромаштија постојано се зголемува. Затоа главна цел на младите не е да собираат фискални, туку да соберат пари за да купат карта за заминување од Македонија.

Проектот на владата е уште една шарена лага од која што граѓаните нема да имаат вистинска корист. Единствено манипулаторот Заев се обидува со пари од народот да добие политички поени. Доколку навистина се грижеше за буџетот на граѓаните, Заев ќе ја намалеше акцизата која што ја покачи, ќе го зголемеше обемот на производи со повластена стапка на ДДВ од 5% или ќе ја намалеше стапката на ДДВ од 18%, а пред се ќе престанеше да ги краде парите преку наместени тендери.

Вака останува впечатокот дека станува збор за квазипроект кој ќе направи поголема штета, отколку корист. Се компликува целиот апарат, се воведуваат софтвери и апликации, а се очекува оние кои се најзагрозени, сиромашните пензионерите и другите ранливи категории, со смартфони да ги сликаат фискалните сметки.

Економска логика за овој проект нема. Истиот дополнително ќе го загрози полнењето на буџетот и потоа ќе има контраефект врз исплатата на платите и придонесите на администрацијата и пензионерите.

Граѓаните нема да добијат по 30.000 денари поврат на ДДВ на крај на годината. За да добијат толкав поврат треба да исплатат во текот на годината ДДВ во висина од над 200 000 денари, односно да купат стоки во вредност од околу 25 000 евра од кои само помалиот дел би биле со повластена стапка на ДДВ од 5% како што е хратана и средствата за хигиена. Дури и со две просечни плати од по 1000 евра, едно семејство не може да си дозволи толкав трошок, така што провидни се лагите на Зоран Заев.

Квазипроектот ќе предизвика проблеми, а откако тоа ќе се обелодени инволвираните треба да понесат одговорност.

притисни ентер