Дневен хороскоп за 16.4.2019 година

Дневен хороскоп за вторник , 16. април 2019 година. 

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Без оглед што во љубовта не ви оди најдобро, деенска ќе најдете причина за смеа и за надеж. Ќе бидете многу конструктивни.

Кариера

Пред вас е ден кога многу врати ќе ви бидат отворени. Важно е само да се покажете во вистинско светло.

Здравје и совет

Бидете поотворени за нови идеи.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашата фантазија и интересните идеи ќе ве спасуваат од љубовната здодевност во која моментално се наоѓате.

Кариера

Можете да напредувате , но своите деловни цели ќе треба да ги наместите на ниво на реалноста. Поработете на тоа.

Здравје и совет

Издржете ги напорите.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Односите на луѓето околу вас ќе бидат позитивни , но нема да ви донесат внатрешно емотивно задоволство.

Кариера

Денеска би можеле да постигнете најмногу , така што ќе соработувате со другите. Во случај да работите сами , можни се грешки.

Здравје и совет

Верувајте им на луѓето.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Вашата комуникација со лицата од спротивниот пол ќе биде пријатна , а вие искрени. Тоа се добри адути за вашето додворување да биде прифатено.

Кариера

Денот е многу поволен за градење на нови финансиски планови во соработка со колегите. Ќе се договорите.

Здравје и совет

Преодна кашлица.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе се вклопите во секојдневието без многу размислувања. Навиките на личноста со која сте во врска , ќе ги прифатите без дополнителни коментари.

Кариера

Ќе се трудите да соработувате и да бидете дипломат. Ќе успеете различни соработници да ги поврзете за истата работа.

Здравје и совет

Наспијте се.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе го поврзете своето друштво со саканата личност. Ситуацијата ќе биде конструктивна , а сите околу вас ќе бидат задоволни.

Кариера

Контактите ќе се прошират , а вие ќе добиете шанса за да промовирате некои од вашите инвентивни идеи. Ќе успеете.

Здравје и совет

Не пијте коктели.

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Веќе се нервирате поради тоа што немате контрола над се она што мислите дека треба. Сепак забавата ќе биде добра , па не се вознемирувајте.

Кариера

Ќе мора да поработите на усогласување на различните ставови. Послужете се со професионални аргументи.

Здравје и совет

Релаксирајте се.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ако сте концентрирани на оние најситни детали во односот со саканата личност , пред вас ќе се отворат нови можности.

Кариера

Не брзајте за да изработите нештто по секоја цена , зашто ќе излезе многу подобро доколку прво ги согледате деталите.

Здравје и совет

Потребно ви е трпение.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Во добро друштво со блиските пријатели ќе продолжите да се додворувате или ќе ви се додворуваат.Ќе биде забавно и малку провокативно.

Кариера

Денеска конечно ќе најдете заеднички јазик со надредените. Ќе се согласите со темата која долго време била камен на сопнување.

Здравје и совет

Зајакнете ја мускулатурата.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Пред вас е еден ветувачки љубовен ден. Внимавајте само љубовта да ја докажувате со дела , а помалку со зборови.

Кариера

Ќе се потрудите да ја преземете контролата над делот на работите што ви ги преложиле шефовите. Најмногу затоа што во целост не им верувате.

Здравје и совет

Заборавете ги озборувањата.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ниту денеска нема да направите некој голем напредок во односите , но со мали чекори , се ќе тргне на подобро. Бидете поскромни.

Кариера

Работите ќе ви се развиваат главно добро , но најмногу зашто луѓето околу вас ќе имаат поголеми проблеми при работењето од вас.

Здравје и совет

Ви недостига дисциплина.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Вашите позитивни љубовни фази ќе потраат и денеска. Ако излезете нема да згрешите , а може некого да поканите дома.

Кариера

Вработените во педагогија или во спорт , денеска успешно ќе доведат една фаза во работата при крај. Сите други добро ќе работат.

Здравје и совет

Нема веќе пречки.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер