Дневен хороскоп за 14.4. 2019 година

Дневен хороскоп за недела , 14. април 2019 година. 

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Влегувате во подобар љубовен период.Ќе забележите според се подобриот однос со партнерот или со блиските луѓе воопшто.

Кариера

Не ги форсирајте своите ставови дури и кога сте во право.Попаметно е да почекате додека и на другите им стане јасно.

Здравје и совет

Чувајте си го грлото.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Оние кои не се сигурни како да се однесуваат со саканата личност , нека го прашаат најдобриот пријател/ка за совет.

Кариера

Иако вашите заслуги се видливи , не се толку стабилни , па сепак денеска може да се повикате на нив и да продолжите понатаму.

Здравје и совет

Успешно се справувате со нервозата.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Многумина денеска ќе откријат што значи да се биде целосно среќен. Не само што ќе сакате и ќе бидете сакани , туку тоа ќе го раширите и на околината.

Кариера

Следува успешна соработка со лица кои се духовити , забавни , млади и креативни. Истото важи и за таквите работи.

Здравје и совет

Сосема сте здрави.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска ќе се покажат вашите скриени чувства .Ќе бидете малку збунети , но и ќе ви биде пријатно.

Кариера

Се чини како да ви се отвораат некои нови деловни можности за кои до сега не сте биле свесни. Размислете на мира за нив.

Здравје и совет

Никаде не треба да брзате.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Како што ќе минува денот , ќе забележувате дека вапиот приватен живот добива нов сјај и се враќа во рамнотежа.

Кариера

Ќе ги занемарите мислите за работата , зашто денеска ќе ви донесе денот убави искуства во други области.

Здравје и совет

Ќе ви недостига сила , штедете се.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Иако ќе исчезне напнатоста меѓу вас и партнерот, денеска ќе се однесувате доста неурамнотежено.

Кариера

Додека размислувате за работата , се појасно е дека пред вас се отвора пат за нови успеси и напредувања.

Здравје и совет

Потребен ви е одмор.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Во големите и во малите љубовни амбиции ќе се водите од својот внатрешен глас и ќе го постигнете посакуваното.

Кариера

Наеднаш би можела да се појави можност за деловна соработка со пријатели .Станува збор за работа поврзана со естетика.

Здравје и совет

Можен е преубав сон.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои од вашите соработници би можел денеска да ви го покаже своето нежно лице или чувства кон вас.

Кариера

Може да се каже дека ова ден за убави намери , искрени деловни мислења и добра соработка доколку не ги форсирате работите.

Здравје и совет

И натаму одмарајте се редовно.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Без оглед што вовашиот сегашен однос недостига емотивност , ќе успеете на паметен начин да ја подобрите вашата врска.

Кариера

Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па и оние работи на кои сте навикнати , ќе ви причинуваат извесна тешкотија.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Пред вас е ден во кој ќе се мешаат пријатни ситуации нешто сосем неочекувано , што спаѓа во фантазирање. Балансирајте.

Кариера

Ако сте решени да делувате од сенка , денеска е ден во кој на таков начин може да постигнете завидни успеси.

Здравје и совет

Чудни сништа ќе ве збунат.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете разиграни и подготвени за палавости.Доколку вклучите и хумор , ќе направите добра забава.

Кариера

Денеска ќе ви стане јасно колкав е капацитетот на она што ви се случува. Ќе нема крај.

Здравје и совет

Подобрување.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денешниот ден ќе ве поттикне веројатно на многу добри дела и попустливост кон партнерот.

Кариера

Секогаш сте го ценеле она што ќе го направите со свои раце. Денеска ќе покажете необичен талент , што бара прецизност во рацете.

Здравје и совет

Ќе бидете здрави и исполнети со среќа.

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата

Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата.

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени во Полицискиот центар Ѓорче Петров, соопшти МВР.

Во рамки на посетата министерот направил кратка обиколка на центарот, ја посетил спомен собата на ЕБР и оддржа работен состанок со поширокото раководство на двете единици.

-Од страна на командантите на двете Единици бев запознаен со структурата и делокругот на нивната работа и во тој поглед ЕБР е Единица која постапува главно за воспоставување на јавниот ред и мир при спортски натпревари, јавни манифестации и масовни демонстрации, при справување со вооружени и екстремистички криминални банди во планински и рурални средини, при апсење на опасни лица, а дава асистенција и на други организациски единици во МВР, но и на други институции. Исто така, беше потенциран проблемот со трендот на намалување на бројот на припадници на Единицата и се помалиот интерес за работа што во иднина може да го доведе во прашање високото ниво на ефикасност во нивната работа. Од аспект на опрема потребен е континуитет во набавката на опрема и возила кои недостастуваат во последниот период, подвлекол министерот Тошковски.

Како што стои во денешното соопштение од МВР, што се однесува до ЕОП оваа Единица е сочинета од 3 батаљони кои се сочинети од редот на редовните полициски службеници низ Секторите за внатрешни работи. Нивниот делокруг на работа, велат од Министерството, е главно при нарушен ЈРМ од поголем обем и давање на поддршка и спроведување на обуки за другите организациски единици во Министерството.

Од страна на министерот Тошковски била изразена благодарност за професионализмот што го покажаа во контекст на изборите и кој овозможи да имаме безбеден изборен ден и потенцираше дека во иднина секогаш ќе дава поддршка на специјалните единици бидејќи тие се првиот столб за заштитата и зачувувањето на безбедноста и суверенитетот на државата.

ФИТР со нов јавен повик за „Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации”

Од ФИРТ информираат дека вкупниот награден фонд на повикот изнесува 8 милиони евра.

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска го објави новиот јавен повик „Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации”, преку кој се обезбедени 8 милиони евра за поддршка на проекти за комерцијализација на иновативноста кај македонските компании. Рокот за аплицирање на јавниот повик „Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации” е до 4 јуни 2024 година, до 14:00 часот. Повеќе информации за повикот се достапни на следниот линк.

Од ФИРТ информираат дека вкупниот награден фонд на повикот изнесува 8 милиони евра, а Фондот обезбедува финансиска поддршка во износ од 20 милиони денари, односно финансирање до 70 отсто или до 60 отсто од вкупниот буџет на проектот, во зависност од бројот на вработени и годишниот приохд остварен во последните две години. Времетраењето на проектите може да биде до 24 месеци.

Како што поосочуваат, повикот е наменет за компании кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие и/или установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност. Финансиската поддршка е достапна за домашните претпријатија кои имаат проекти со јасна комерцијална цел и кои се во фаза на прототип, па се до преткомерцијална фаза. Доколку предлог проектот се поднесува од страна на конзорциум, во тој случај предлог проектот го поднесува водечкиот апликант, а членови на конзорциумот можат да бидат претпријатија, високообразовни и научно-истражувачки установи од земјата и странство.

-Дополнително, со овој инструмент ги поттикнуваме компаниите да бараат дополнителни извори на финансирање, па така доколку за времетрањето на проектот а се до одобрување на завршниот извештај од страна на Фондот, корисникот достави доказ за привлечен инвеститот кој вложил износ кој изнесува најмалку 50 отсто од износот на финансиска поддршка доделена од страна на Фондот на корисникот, во тој случај корисникот ќе биде ослободен од обврската за плаќање на ројалти, посочуваат од Фондот.

Од ФИТР велат дека активности кои ќе бидат одобрени за финансирање во рамките на повикот се за истражување и развој, тестирање, активности поврзани со заштита на интелектуалната сопственост, дизајн, развој на пилот линии, активности поврзани со обезбедување квалитет и активности за маркетинг и продажба.

-Како главни критериуми според кои ќе се оценуваат предлог проектите се: степен на иновативност, квалитет на проектот, капацитет на проектниот тим, потенцијал на пазарот и влијание на проектот. Поцесот на евалуација на предлог проектите ќе се одвива во две фази: фаза на претселекција која се спроведува од страна на три домашни стручни лица по проект, две стручни лица од областите што соодветствуваат со критериуммите за евалуација и едно лице од областа што соодветсвува на предлог проектот. Во втората фаза, односно фазата на селекција се спроведува од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции, кои ја носат и финалната одлука за финансирање на проектите, соопштуваат од ФИТР.

Роча на чело на шпанскиот фудбал

 Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) Педро Роча е избран денеска за нов челник на организацијата.

Роча изминатиот период беше вршител на должноста претседател, откако поранешниот прв човек на РФЕФ, Луис Рубиалес, беше принуден да се повлече поради скандалот кога ја бакна в уста репрезентативката Џени Ермосо за време на церемонијата на доделувањето на златните медали по финалето на Светското првенство минатата година.

Роча, кој наскоро ќе го прослави својот 70 роденден, беше единствен кандидат за претседателската должност.

Во четвртокот, шпанската Влада го стави РФЕФ под надзор поради можна корупција, поврзана со „многубројни грешки во управувањето“. /МИА

притисни ентер