Оваа девојка е меѓу најзаслужните за првата снимка на црната дупка во историјата

29- годишната комјутерска инженерка и научник , Кети Боуман созададе програма што помогна да се обработат првите фотографии на црната дупка во историјата на човештвото.

Корпорацијата Event Horizon Telescope вчера , по двегодишна работа ја објави фотографијата на црната дупка , на која се гледа светла ареола од прашина и гасови , како и силуетата од црната дупка , оддалечена од нас 50 милиони светлосни години.  За младата девојка и научник целиот процес изгледал како нешто што се знаело дека нема да успее.

,,Гледам во неверување како се конструира првата фотографија на црната дупка , што некогаш сум ја направила.” напиша Боуман покрај фотографијата на својот Фејсбук профил.

На алгоритамот почнала да работи пред три години , додека била студентка на престижниот универзитет МИТ , каде била раководител на тимот во кој учествувале и научници од лабораторијата астрофизика на Универзитетот Харвард.  

По објавувањето на фотографијата Боуман на Твитер стана планетарна сензација. Илјадници ја истакнаа како заслужна за првата фотиографија и како некој што треба да си го заземе местото во светската историја.

Но , девојката која сега предава на Технолошкиот институт во Калифорнија вели дека целиот тим  односно сите кои работеле да се дојде до фотографијата се подеднакво заслужни. ,,Никој од нас не можеше да направи еншто сам. Снимката настана зашто на проектот работеа различни луѓе со различни искуства и знаења.”

Пикник – промоција на „Здраво Скопје"

 Во Градски парк денеска ќе биде промовиран првиот интерактивен водич за главниот град на земјава – „Здраво Скопје". 

Водичот е посветен на Скопје од минатиот век до денес и ги содржи сите негови препознатливи локации, култни места и урбани легенди вредни за раскажување. Наменет е и за млади и за стари, за носталгичари, туристи и истражувачи кои сакаат да го запознаат вистинскиот дух на Скопје.

Книгата е дело на авторското дуо Кокидо, зад кое се потпишуваат Александра Шаровиќ-Атанасовска, автор на наградуваниот концепт ПланУМ и Ружица Мандичевска-Руки, една од најзначајните македонски илустраторки. Авторките моментно живеат и работат во Белград и Лондон.

„Здраво Скопје" нуди и интерактивна мапа на која се означени најзначајните локации. Интересен дел од книгата се и рубриките кои ги претставуваат духот и обичаите на градот. Преку семејните традиции за заеднички ручек, начин на комуникација, игра, рекреација, говор, стил на облекување и живеење, се доловува позитивна атмосфера на заедништво и соживот кои Водичот особено ги истакнува и вреднува. 

Дневен хороскоп за 21.4.2019 година

Дневен хороскоп за недела , 21. април 2019 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Во вториот дел од денот ќе бидете поотворени за секаков вид забава и дружење , а ќе има и можност за тоа.

Кариера

Вашите идеи добро напредуваат , а вие сте задоволни што е така. Денеска работете на детали.

Здравје и совет

Едноставно верувајте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Многумина ќе посакаат малку поголема слобода и оттргнување од грижите, што ги мачат. Затоа ќе побараат друштво без обврски.

Кариера

Ќе финиширате една задача што ви е здодевна. Оваа фаза на работата веќе доволно чекаше за да биде завршена.

Здравје и совет

Преземете одговорност.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Истовремено ќе лумпувате и ќе фантазирате за идеалистичка љубавна приказна. Тоа ќе биде вистински емотивен стерео.

Кариера

Сигурно е дека можете и подобро , но моменталните услови можеби тоа не ви го овозможуваат. Само немојте други да обвинувате.

Здравје и совет

Ќе ширите позитивна енергија.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Вашата елоквентност , шарм и снаодливост би можеле денеска да ви донесат нови љубовни поени.

Кариера

Ќе решавате моментално и без застој. Ќе бидете прецизни и во можност да препознаете долгорочна шанса.

Здравје и совет

Бидете отворени.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Повторно ќе играте на картата на љубезност и фино однесување , но работата е во тоа што станува збор само за надворешност. Љубовта доаѓа од срцето.

Кариера

Без оглед што можеби најдобро ја знаете работата , ослободете се од потребата да доминирате. Треба да се соработува.

Здравје и совет

Наспијте се.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Нема да се двоумите околу своите чувства. Ќе бидете јасни , а некои и директни . МОжете да остварите повеќето од вашите идеи.

Кариера

Сите работи поврзани со луѓе , како и оние од апстрактен карактер ќе ви тргнат од рака.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате добро во својата кожа.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе имате потреба да отидете што подалеку од дома. Ако живеете со партнерот , ќе ви треба објаснување. Ако не, нема да ве најдат дома.

Кариера

Ќе мислите само како што побргу да ги завршите работните обврски и да одите некаде за да се опуштите.

Здравје  и совет

Поврзете се со луѓето.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Освен што добро ќе се забавувате , во вас ќе расте потребата да бидете главни. партнерот можеби и да се изнервира од вашата потреба.

Кариера

Потрудете се уште малку и ќе се појават резултатите . Тоа што уште не ги гледате, не значи дека се далеку.

Здравје и совет

Разбистрете си го умот.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе бидете малку повеќе сентимантални и понежни од вообичаено. На саканата личност тоа нема да и пречи, напротив.

Кариера

Ќе ја одработите работатат како да танцувате. Едноставно , се ќе ви биде лесно. Нема да поставувате непотребни прашања.

Здравје и совет

Во добра форма сте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Секој има свој став , но проблем настанува кога има два става во заедничкиот живот. Денеска ќе мора да се соочите со ова.

Кариера

Отворената соработка со другите е единствениот начин за даси го подобрите својот статус на работното место.

Здравје и совет

Бидете мудри.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ви претстои пријатно излегување со потврда за вашата популарност во друштвото. Но , внатре и натаму ќе чувствувате празнина.

Кариера

Можеби нема да бидете најдобро разбрани , па затоа држете се до професионалните стандарди и правила.

Здравје и совет

Издржете.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Во попладневните часови ќе бидете поопуштени , а ќес е подобри и вашиот однос со лицата кои ви се блиски.

Кариера

Се што ќе работите или евентуално прегледувате, ќе мора да го објасните . Ќе имате успех во таа работа.

Здравје и совет

Радувајте се . Имате зошто.

Фото: Иста поза по 40 години!!!!

Холивудскиот актер Џон Траволта со избричена глава и златна плоча!!

Носталгичниот Џон Травола ги врати обожавателите на неговиот легендарен филм „Треска на саботната  вечер“ повеќе од 40 години  назад.

Музиката од овој  филм „е најпродаваната“ музика во историјата, а легендарниот актер го доби 16 – милионитиот примерок  од носачот на звук  продаден во Америка.

Инаку, музиката од филмот „Треска на саботната вечер“  во светот е продадена во дури 45 примероци.

Мегапопуларниот Џон Траволта сега и без коса со карактеристичната поза од филмот  во кој го играше ликот на Тони Манеро во 1977 година го прослави јубилејниот примерок.

притисни ентер