Овие бактерии и габички , освен тоа , би можеле да предизвикаат сериозни биолести и да формираат биофилмови отпорни на антибиотици , па дури и да предизвикаат керозија на вселенската станица. На станицата , изградена во 1989 година , која кружи на 400 километри над Земјата , до сега престојувале 222 космонаути , а до август 2017 годишно беа праќани по шест мисии за снабдување.
Експертите на НАСА откриле дека овие микроорганизми потекнуваат од луѓето кои престојувале на станицата и не се разликуваат од оние најдени во јавни установи и канцеларии на Земјата.
И покрај тоа што на станицата има т.н. ХЕПА систем за прочистување на воздухот и создавање стерилни услови , сепак овие микроби успеале да се задржат , најверојатно поради нивната големина помала од 0,3 микрони.