Фетел размислува да ја напушти Формула 1

Четирикратниот светски првак, Себастијан Фетел размислува да замине од Формула 1.

Германскиот возач вели дека се заситил од се , а најмногу му пречат постојаните менувања на правилата на натпреварите.

,, Сигурен сум дека сакам да возам оваа и следната година , но не знам што ќе биде после тоа со правилата. “ , изјави Фетел кој од 2015 вози за Ферари со кого има договор до 2020 година.

,,Не знам што ќе биде со мене ...Сигурно нема да седам тука и ќе размислувам како сигурно да возам за да бидам дел од Формула 1. Многу работи се сменија во последно време. Формула 1 сега повеќе е бизнис, повеќе шоу , отколку спорт.” , рече 31 годишниот Фетел , кој освојуваше титули светски првак од 2010 до 2013 година.

Оваа сезона тој освои едно четврто и едно петто место.

Една од најжешките тенисерки наеднаш ја прекина кариерата

Словачката тенисерка Доминика Цибулкова , денеска објави дека ја завршила кариерата.

30 годишната тенисерка ја објави веста на социјалните мрежи.

"Денеска, со измешани чувства, имам посебна вест да споделам со вас. Како што знаете, не сум одиграла ниту еден турнир во последните неколку месеци. Започна со повреда на Ахиловата тетивата , што е  еден од најтешките периоди во мојот живот - да одлучам што да правам. По долго размислување, разговори и поддршка од семејството и пријателите, решив повеќе да не се вратам на тенискиот терен како натпреварувач “, напиша Цибулкова, која беше четврта на светската листа на тенисерки пред две години.

Една од најжешките тенисерки во кариерата има одиграно 21 финале и освои осум титули. Пред пет години, таа стана првата Словачка која стигна до финалето на Австралија Опен, каде беше поразена од кинеската На Ли. Таа играше полуфинале во Ролан Гарос и беше запрена четири пати во четвртфиналето на Вимблдон.

Де Лаурентис ја одреди цената за продажба на Наполи на катарското кралско семејство

Катарското кралско семејство е заинтересирано да го купи италијанскиот фудбалски клуб Наполи , а денеска и сопственикот на клубот , Аурелио де Лаурентис излезе со цената.

Претседателот на италијанскиот клуб , Аурелио де Лаурентис е подготвен да го продаде клубот Наполи за 900 милиони евра.

По неодамнешната расправија со играчите и со тренерот Карло Анчелоти, Де Лаурентис изјави дека попрво би го продал целиот тим, а сега отиде еден чекор подалеку. Тој размислува да го продаде клубот.

Истакнат филмски продуцент имал неколку рунди разговори во последниве денови со катарското кралско семејство, Ал Тани, кое раководи и со  Пари Сен Жермен преку Орикс Катар Спорт Инвестментс.

Според италијанските медиуми, Катарците се подготвени да понудат 560 милиони евра, но Де Лаурентис бара скоро двојно повеќе.

Меси повторни нема да игра во Тел Авив- го избркаа 50 палестински ракети

Аргентина и Уругвај треба да одиграат пријателски натпревар во Тел Авив на 18 ноември, но истиот е под сериозно сомневање по ракетниот напад врз Израел од Појасот Газа.

Тел Авив не беше мета на нападот, но ова е еден од поголемите напади врз израелските цели, поради што натпреварот најверојатно ќе биде одложен или преместен на друга локација. Ова нема да биде единствениот спортски настан одложен поради ескалацијата на конфликтот во Израел.

Неколку кошаркарски натпревари, закажани за 20 ноември, веќе се одложени и училиштата се затворени, така што Меси и неговите соиграчи веројатно нема да играат во Тел Авив.

Ова е втор обид на Меси да игра пријателски натпревар во Израел. Неговата репрезентација требаше да игра со Израел во Тел Авив пред две години, но натпреварот прво беше преместен во Ерусалим за  на крајот да биде откажан.

притисни ентер