Денеска во Брисел,, грчки појадок“ за пријателите на Македонија

Се уште постои резерва кај Холандија и Франција за тоа дали земјава е реално подготвена за почеток на преговорите за членство во Европската Унија.

Овие две земји имаа големи резерви и при определувањето на условениот датум минатата година, но по работниот појадок со министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија, утрово во Брисел, стана јасно дека конечно сериозната борба со криминалот и корупцијата и реално проведување на реформите ќе биде од клучно значење за тоа дали по 3 месеци од сега ќе ги почнеме преговорите со ЕУ.

-Важно е Северна Македонија да продолжи да напредува, Холандија е строга и праведна во однос на примената на условите и мислиме дека е од најголема важност Северна Македонија да покаже јасни резултати, посебно во борбата против корупцијата и организираниот криминал, оддаваме признание за решавањето на спорот за името, но тоа не го прави помалку потребно покажувањето напредок во другите области, вели Стеф Блок – министер за надворешни работи на Холандија.

За наша среќа кај речиси сите другите земји постои подготвеност да дадат поддршка за почеток на преговорите, а тоа го потврди и унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, кои кој кажа дека нивен експерт е веќе пратен во МНР каде што работи на подготовка на земјава за успешен стар на преговорите.

„Во јуни мора да се донесе одлуката за преговори со Македонија. Европската комисија оваа година подоцна ќе ги објавува извештаите за напредокот на земјите од регионот, односно по изборите за европскиот парламент, на крајот на мај, меѓутоа ова не смее да биде причина да не се донесе одлуката за преговори на советот во јуни, истакна унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

На појадокот министерот Никола Димитров на своите колеги им кажал дека цела Европа треба да ја препознае промената во земјава.

„Нашата работа е да ве убедиме дека она што го имаме денес во Северна Македонија е можност за ЕУ. Нашата цел е да се трансформираме и да станеме европски во начинот на кој функционира нашиот систем, порача министерот Никола Димитров.

Утре и Премиерот Заев патува во Брисел каде ќе претседава со годинашниот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација во Брисел, а копретседавач на состанок ќе биде високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини.

Премиера на претставата „Мац, мац“ вечерва во велешкиот театар

На сцената на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вечерва премиерно ќе биде изведена претставата „Мац, мац“ инспирирана од „Мачка на вжештен лимен покрив“ на Тенеси Вилијамс во режија и кореографија на Филип Петковски.

Во претставата играат актерите Ведран Чешарек-Брик, Ана Јовановска, Илин Јовановски, Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Филип Христовски и Сандра Танчева.

Музиката е на Мориц Вернер од Германија, сценографија на Дардан Жегрова од Косово и Филип Петковски, а костимографијата е на Антонија Гугинска Јорданоска и Гордана Божиновска.

Проектот е финансиран од Интернационалниот фонд за копродукција (Internationaler Koproduktionsfonds) на Гете институтот и Министерството за култура. /МИА

Од понеделник учениците на еднонеделен пролетен распуст

За учениците од основните и средните училишта денеска е последен учебен ден по што ќе следува пролетниот распуст кој за прв пат се воведува годинава.

Од понеделник започнува пролетниот распуст за учениците од основните и средните училишта, кој ќе трае до 6 мај. Ден потоа на 7 мај учениците во чии училишта ќе се гласа се враќаат на настава, но со скратени часови и работно време до 11 часот. На 8 мај на денот на изборите училиштата нема да работат.

За прв пат годинава има промена и во календарот за настава, со што учебната година за основците, наместо на 10 ќе заврши на 17 јуни. Причина за ова е да се исполни годишниот фонт од 180 часови. Средношколците пак на летен распуст ќе одат на 10ти јуни…

Директорите на училиштата ја подржуваат ваквата одлука. Велат дека навремено биле известени за промената и се подготвени за реализација на распустот.

-Генерално сметавме дека е добар потег, бидејќи ова второ полугодие имаме малку денови неработни, па пролетниов заедно со Велигден и со мај ни дојде како споено, така да позитивни се до некаде реакциите.-Фоника Станоева - директор на ООУ Љубен Лапе – Аеродром.

За разлика од раководствата на училиштата, граѓаните со скепса гледаат на промената.

-Доволно е зимски распуст и летен распуст, а пролетен распуст мислам дека нема потреба. Се нарушува наставата и така не се добро опремени со книги со такви работи немаат за учење и сега плус и со наставата.

-Не е добра идеја. Сега можеби е добра затоа што има празници инаку пролетен распуст воопшто не го одобрувам. Кога децата ќе навлезат во учењето ние им даваме одмори, само што се навлезени во учење тогаш се оценките, тогаш се писмени работи.

Дополнително од МОН ги задолжија директорите на училиштата да организираат обработка на наставата од двата изборни дена и неработниот ден од Советот на министри на ОБСЕ, преку подолг престој на учениците во училиштата во денови од работната недела, а во рамки на шестчасовното работно време на наставниците.

САД соопштија дека уништиле беспилотни летала на Хутите

Војската на САД денеска соопшти дека коалициските сили „ангажирале и уништиле“ два беспилотни летала во деловите на Јемен контролирани од Хутите, откако бунтовниците поддржани од Иран лансирале балистичка ракета во Аденскиот Залив.

Противбродскиот проектил лансиран вчера не предизвикал повреди или оштетувања, се вели во соопштението на американската Централна команда (CENTCOM).

Неколку часа подоцна, американската војска „успешно ангажираше и уништи еден брод без екипаж и едно беспилотно летало во областите во Јемен контролирани од Хутите, соопшти командата.

Бунтовниците од ноември извршија десетици ракетни и беспилотни напади насочени кон бродовите, велејќи дека тие дејствуваат во знак на солидарност со Палестинците за време на војната меѓу Израел и Хамас во Газа. /МИА

притисни ентер