Полицијата им подготви изненадување на крадците на ремек-дело вредно 3 милиони евра

Во северна Италија крадци украдоа ремек- дело од 17. век , вредно 3 милиони евра.

Полицијата подоцна објави дека крадците сепак се измамени и сликата на ренесансниот фламански сликар Питер Бругел , што е кај нив, е само фалсификат. Тие по сознанијата дека се подготвува кражба на сликата , го замениле оригиналот со копија.

Дознале дека ќе ја ограбат црквата во местото Кастелнуово Магра и пред еден месец поставиле фалсификат на местото на ремек – делото , што бил подарок за црквата од почетокот на 20. век. Биле поставени и безбедносни камери на црквата, но крадците , кои неделава ја украле вредната слика,се уште не се фатени.

Тие вчера со чекан ја скршиле витрината и ја украле сликата , очигледно без да знаат дека е копија. Дури и градоначалникот Даниеле Монтебело , кој го знаел планот на полицијата , објавил дека е украдено вистинското ремек- дело и изјавил дека станува збор за слика со непроценлива вредност.

Луѓето прават чудни работи за да бидат славни на интернет (видео)

Девојка го излижа капакот од вц школката само за да биде славна на социјалните мрежи.

Девојка од Америка поставила видео на социјалните мрежи од кое на повеќето корисници им дошло да повратат. Девојката додека била во авион и летала кон Барселона влегла во тоалетот на авионот и се снимила како го лиже капакот од вц школката.

Погледнете:

Куче го изеде микрофонот (видео)

Новинарот постави прашање на кучето и тоа го изеде микрофонот.

Новинар правел репортажа за едно куче, и во моментот кога го проближи микрофонот пред кучето тоа го загриза микрофонот.

Погледнете го видеото:

Филиповиќ: Започна сезоната со крлежи

Високите температури за овој период од годината ги разбудија и инсектите.

На клиниката за кожни болести се почесто доаѓаат граѓани кои се со убоди од оси, пчели и крлежи.

Докторите апелираат алергичните граѓани на инсекти секогаш со себе да ја носат потребната терапија.

На оваа тема во вестите на Канал 5 Мирјана Мирчевска Јовановиќ разговараше со др. Дејан Филиповиќ од клиниката за кожни болести.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

притисни ентер