Средба Заев-Петричек: Политичкиот и економскиот напредок на нашата држава ќе биде вреднуван со датум за почеток на преговорите во јуни

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, попладнето се сретна со Томас Петричек, министер за надворешни работи на Чешката Република.

На средбата е поздравен постигнатиот Договор од Преспа и отворените НАТО перспективи, резултатите на нашата држава на економски план во последниот период и реформскиот процес. Изразено е очекување дека во јуни ќе биде вреднуван напредокот на Република Северна Македонија со почеток на преговори со Европската унија.

Премиерот Заев рече дека со политики на дијалог во државата, на изградба на иднина со соседите и охрабрувањето од пријателите од меѓународната заедница, доаѓаат резултатите.

-Адаптиравме голем дел од донесената легислатива во реформскиот процес и очекуваме заокружување во претстојниот период на реформите во правосудството, борбата против корупцијата, безбедносните служби, јавната администрација, низ отворена соработка со опозицијата. Подготвени сме како држава да одиме напред. По 14 години од добиениот кандидатски статус, во јуни очекуваме датум за почеток на преговорите со Европската унија, рече премиерот Заев.

Тој посочи дека позитивните промени во државата, во последните 20-тина месеци ги покажуваат првичните резултати во квалитетот на живот на граѓаните и економијата, кон чие што обезбедување е насочена Владата.

-По два месеца од постигнатиот Договор во Преспа има само позитивни ефекти. Двојно се зголемени странските инвестиции за само една година, има раст на бруто домашниот производ, од минусното салдо што беше затекнато, сега имаме намалување на невработеноста, раст на платите. Евро-атлантската иднина на Република Северна Македонија значи стабилност и безбедност за нашата држава и за регионот, но и економски развој, рече премиерот Заев.

На средбата е констатирано дека постојат пријателски односи помеѓу Република Северна Македонија и Чешката Република што овозможуваат интензивирање на соработката. Во таа насока веќе е разговарано за посета на бизнис делегација од Чешката Република, на нашата држава. Премиерот Заев се заблагодари на чешкиот министер за надворешни работи Петричек, за финансиската помош во областа на безбедноста и споделените искуства при справувањето со бегалската криза. Освен тоа, премиерот Заев, на чешкиот министер Петричек му врачи официјална покана за премиерот на Чешката Република, Андреј Бабиш, за негова посета на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од Владата.

Еко-акција за чистење на парк шумата Гази Баба

Во Еко-акција, организираа Општина Гази Баба и град Скопје, заедно со ЈКП „Гази Баба" и ЈП „Паркови и зеленило", со поддршка на „Акцијаши" – Скопје, денеска беа исчистени  пристапните патеки и неколку критични локации во парк шумата „Гази

Од Општината информираат дека во следната фаза започнуваат со обнова и поставување на нова урбана опрема во парк шумата. Нов модерен парк за миленици ќе биде новата содржина што ќе ја краси парк шумата Гази Баба, а на повеќе локации низ самата парк шума ќе бидат поставени реквизити за миленици и посебна урбана опрема.

– Целта на оваа акција е да бидеме пример за сите оние кои ја загадуваат животната средина. Да им покажеме дека кога сме во природа, треба и ѓубрето кое што сме го направиле, да го собереме и фрлиме во соодветни контејнери, истакна градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски. 

Масовна тепачка на плоштад во Берлин – се степаа фанови на две јутјуб ѕвезди

Спор меѓу две ривалски ѕвезди на јутјуб каналот, предизвика масовна тепачка на плоштад во Берлин.

Повеќе од 100 полицајци учествуваа во акцијата за спречување на тепачката која избила во четвртокот вечерта на плоштадот Александерплац во германскиот главен град.

Полицијата соопшти дека уапсени се девет лица, а се претпоставува дека тепачката била организирана, со оглед дека се собрале повеќе од 400 луѓе, откако двајца главни поттикнувачи на инцидентот, ги повикале своите обожаватели да им се придружат на соочувањето.

Тензиите ескалирале, по што избила голема гужва меѓу 50-на луѓе.

 

Во Струмица продолжи акцијата за чистење диви депонии

Продолжува акциjата за чистење на комуналниот отпад во повеќе населени места на територијата на општина Струмица со конкретни активности на ЈПКД „Комуналец" во соработка со општината и голема помош со механизација на дел од приватниот сектор. 

Денес се чистеа диви депонии во населените места Банско, Муртино и Просениково.

Раководителот на секторот „Комунална хигиена" при ЈПКД „Комуналц",Бранко Горѓиев, информираше дека првата недела од акцијата за чистење на дивите депонии биле подигнати 1.370 метри кубни отпад, а исчистени се депонии во населените места Просениково, Добрејци и Водоча.

-Со овие акции се очекува значително да се подобри состојбата со непрописното одложување на отпадот, намалување на неговото штетно влијание и локализирање на депониите со цел полесна контрола на истите, рече Горѓиев,

Градоначалникот Коста Јаневски и директорот на „Комуналец", Зоран Горгиев и денеска повторно упатија апел до граѓаните за совесно и правилно да го одлагаат својот отпад, со цел да се спречи создавање на диви депонии и да се сфати пораката дека заштитата на животната околина зависи од сите нас./МИА

притисни ентер