Во Њујорк ќе се одржи аукција на нацистички уметнички дела

Околу 200 уметнички дела од колекцијата на еврејскиот адвокат Исмар Литман (1878-1934) , кои тајно биле пренесени од нацистичка Германија во САД , ќе бидат понудени на аукција.

Во понудата на галеријата "Swan Galleries NY" ќе се најдат цртежи , бакрорези и литографии , кои биле дел од колекцијата со 6 000 уметнички дела , колку што имал еврејскиот адвокат од Германија. Уметничките дела пред почетокот на Втората светска војна од Германија ги изнел во САД синот на Литман , кој живеел во Тексас.

Додека бил жив , адвокатот бил пријател со бројни уметници , чии дела ги собирал Меѓу нив се Ото Милер Дифло и Хенрик Тишлер , но со доаѓањето на нацистите на власт , Литман морал да прекине со собирањето уметнички дела.

Тој во 1934 извршил самоубиство , но неговиот син Едвард , кој во 1933 емигрирал во САД , по смртта на татко му , успеал дел од колекцијата да ги пренесе во неговиот дом.

Синот на Исмар пред очите на нацистите успеал да прошверцува околу 800 уметнички дела , изјавил 81-годишниот син на Едвард , Џон Литман.

ДИК со првични резултати за освоените мандати на вчерашните избори

Претседателот на ДИК , Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од вчера одржаните парламентарни избори.

Тесла утре го прекинува производството во фабриката во Германија, работниците на протест

Tesla утре ќе го прекине производството во фабриката Gruenheide во близина на Берлин, потврдија денеска од компанијата откако во медиумите беше објавено дека фабриката ќе биде затворена четири дена.

Ќе има „еднодневен планиран прекин на производството“ во фабриката на 10 мај, изјави менаџерот на фабриката Андре Тиериг за X.

За време на викендите во фабриката нема производствени активности, а четврток е државен празник во Германија.

Германскиот весник Handelsblatt денеска објави дека Tesla ќе го запре производството во својата германска фабрика на четири дена поради протестите против плановите за проширување на фабриката.

Сите вработени беа замолени утре да работат од дома, според е-поштата што ја видел Handelsblatt и била испратена од компанијата во понеделникот.

Производството ќе заврши со доцната смена во среда и ќе продолжи со ноќната смена во недела, објави Handelsblatt. Пристапот до фабриката ќе биде возможен само со одобрение на менаџерот.

Плановите на Tesla за проширување на фабриката во Германија дојдоа до пречка во февруари кога граѓаните гласаа против предлогот да се расчисти шумата за да се отвори простор за поголем објект.

Активистите најавија неколку протести против проширувањето на Tesla во наредната недела, вклучително и протест закажан за утре пред портите на фабриката.

Продажбата на Tesla во Европската унија падна за 5% во првиот квартал од оваа година во однос на претходната година, заостанувајќи зад растот од 4% на пазарот на електрични возила со батерии во тој период, според податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили.

Мицкоски за владата во заминување: Не може со својот народ да работат со манипулации

Јас во една прилика кажав дека професорката Силјановска во вториот круг очекувам да има повеќе од 500.000 гласови, а дека коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има 55 плус пратеника. 

И тоа се случи, исто како за првиот круг се случи тоа што се случи со Силјановска и мислам дека народот си го кажа своето, граѓаните си го кажаа своето, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Само интервју“.

Мицкоски во текот на своето гостување зборуваше за власта во заминување и истакна дека не може никој ниту со државата, ниту со народот континуирано преку гимнастики и политички инжињеринг да функционира.

-Не можете со една држава и со еден народ, без разлика од која етничка припадност доаѓа континуирано преку гимнастики, политички инжињеринг да функционирате. И тоа се виде вчера, рече Мицкоски и додаде:

-На тоа предупредувавме ние со месеци би рекол и со години. Јасно беше уште после локалните избори во 2021 дека мора да има промени во Mакедонија, мора да дојде до промена на владината структура.

притисни ентер