Продолжуваат разговорите за консензуален кандидат

Партискиот оглас на СДСМ за пријавување кандидати за претседател на државата заврши вчера, а официјално е позната само кандидатурата на поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов.

Владејачката партија не соопшти други имиња, во обид да најде кандидат прифатлив за граѓаните од сите етнички заедници и социјални слоеви, личност која ќе ја одразува идејата: едно општество за сите.

За да се најде и усогласи таквиот консензуален кандидат, лидерот на СДСМ Зоран Заев завчера и вчера имаше одделни разговори со лидерите на три партии на Албанците – Али Ахмети на ДУИ, Мендух Тачи на ДПА и Африм Гаши на Алтернатива – како што од пред два дена е преименувано скопското крило на Беса.

Партиските органи на СДСМ и ДУИ односно нивните организациски секретари до крајот на неделава ќе ги продолжат консултациите за можен зеднички претседателски кандидат.

– Станува збор за вредна шанса, што можеби ќе успее, а можеби не, рече Заев по средбата со Ахмети во понеделникот. Деновиве, рече, ќе бидат соопштени повеќе детали околу можните кандидати на СДСМ, посочувајќи дека од десетината што се спомнуваат во јавноста, пет се фаворити. Ахмети во изјавата нагласи дека треба да се донеат одлуки во корист на државата, мнозинството граѓани и на партиите.

Заев повтори дека тој самиот нема да се кандидира за шеф на државата, а исто така и Ахмети, според кого не е добро лидер на политичка партија да стане претседател на државата.

Лидерот на СДСМ вчера ги продолжи средбите и со Тачи од ДПА и Гаши од Алтернатива кои ја поддржуваат идејата за претседател по мерка на сите граѓани. Гаши рече дека за нив би било поприфатливо претседателскиот кандидат да е натпартиска личност која политички била внимателна во минатото, не давала, како што рече, „несреќни" изјави, не била негативно настроена кон ниту една заедница.

-Особено за нас, во овој случај е важно кон албанската заедница, затоа што ние треба да ги мотивираме нашите гласачи, рече Гаши вчера, ценејќи го тоа што првпат во државава се одвива ваков процес за избор на кандидат за претседател кој би бил претставителен за сите граѓани и прифатлив за сите етнички, религиозни и секакви други заедници.

Мендух Тачи од ДПА смета дека би било добро да се номинира кандидат на Владата што, според него, ќе значи и продолжување на политиката на нормализирање на состојбата во државата зашто претстојат важни задачи – отворање преговори за интеграција во ЕУ и ратификација на нашето членство во НАТО.

– Разговаравме за неколку имиња, но оставивме да се вратиме во нашите партии, да разговараме со нашите структури и потоа заедно да одлучиме кое е името што котира највисоко … Истакнувањето да биде во симболиката на заеднички кандидат, а не на кандидат на оваа или на онаа партија, изјави Тачи.

Потрагата по консензуален кандидат продолжува. Заев најави средби и со опозициските Алијанса за Албанците на Зијадин Села денеска, и со Беса на Билал Касами утре. Оптимист е дека тие позитивно ќе се изјаснат за овој пристап на подадена рака.

Конгресот на СДСМ е закажан на 3 март. Лидерот Заев најави дека партијата идната недела ќе ги разгледува сите анализи и анкети за да добие повратни информации од сите политички партии.

-За да можеме и ние да донесеме своја одлука за кандидатот зад кој ќе застанеме како политички субјект, но и како севкупни политички партии, рече Заев вчера по завршувањето на консултативните средби.

На шестите претседателски избори закажани за 21 април ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува со професорката Гордана Силјановска-Давкова која во саботата беше избрана со мнозинство гласови на конвенција во Струга.

Филип Петровски, кој беше меѓу деветте кандидати на опозициската партија и не доби поддршка за номинација, вчера најави дека ќе собира 10 илјади потписи за кандидатура на претседателските избори. Обвини дека изборот на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ бил однапред изрежиран од лидерот на партијата Христијан Мицкоски./МИА

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер