Амазон лани заработил 11,2 милијарди долари – ќе плати 0 данок на добивка

Компанијата Амазон веќе втора година нема да плати ниту цент данок на добивка , покажува извештајот на Институтот за оданочување и економска политика.

Благодарејќи на новиот Закон за даночни олеснувања , данокот на добивка , што би требало да го упалти Амазон изнесува 21 % , што е намалување во однос на претходните 35% , колку што се плаќаше во САД до минатата година.

Но , поради даночните олеснувања , Амазон нема да плати ништо , иако има добивка од 11,2 милијарди долари.

,,Тешко е да се дознае како им успева. Во своите јавни документи не ја откриваат даночната стратегијаНејасно е како ги користат даночните олеснувања за да постигнат да не плаќаат. “ , вели директорот за сојузна даночна политика на САД во Институтот , Стив Вамхоф.

И во 2017 Амазон имаше добивка од 5,6 милијарди долари , но и тогаш не плати данок.

Ги искористила замрзнатите ембриони да затрудни со мртвиот љубовник и да бара наследство

Жена од Кина, позната по презимето Ленг, имала афера со оженет бизнисмен кој загинал во сообраќајна несреќа во 2021 година.

Нејзината приказна покрена жестока јавна дебата, а сѐ започнало набргу по несреќата, пренесува SCMP.

Жената од провинцијата Гуангдонг тврдела дека нејзините јајце клетки биле оплодени со спермата на нејзиниот љубовник во приватна клиника. Развиените ембриони беа замрзнати и подоцна биле искористени за да ја забременат.

Таа во декември 2021 година родила син и му го дала името Ксиовен, а на крајот на минатата година го тужела семејството на починатиот за наследство.

Таа тврдела дека детето има право на удел во капиталот на компанијата и бенефиции за осигурување, но не можело да докаже како тоа е добиено, ниту дали љубовникот дал согласност неговата сперма да се користи во процедурата за ИВФ.

Како резултат на тоа, судот ја отфрлил тужбата, а приказната станала популарна.

Корисниците на социјалните мрежи, пред сѐ Веибо, го коментирале бизарниот случај. Поединци сметаа дека сега семејството треба да реагира.

„Се надевам дека вдовицата ќе поднесе противтужба“, напишало едно лице.

И адвокатите дале свое мислење. Така, се наведува дека процедурата за ин витро оплодување во лиценцирани клиники е легална, но дека за тоа треба да се договорат и двајцата родители - што во овој случај останало нејасно.

Ахмети: Да се почитува волјата на народот

Претседателот на ДУИ Али Ахмети на прес конференција во Мала Речица рече дека резултатите од изборите се легитимни и доколку има неправилности , за тоа ќе се произнесе ДИК .

Ахмети ја одржа прес конференцијата во славеничка атмосфера.

притисни ентер