Манекенката Наоми се појави со двојно помладото момче на црвен тепих во Лондон (ФОТО)

Манекенската Наоми Кембел (48) ги остави без здив сите присутни на синоќашното доделување на наградите БАФТА во Лондон , каде се појави со 25 годишното момче.

Сите присутни на забавата на Вог по доделувањето на БАФТА наградите гледаа во проѕирниот фустан на Наоми, додека таа со мемчето Лиам Пејн се криеше од камерите.  

Кембел ги остави сите без здив кога се појави во провокативниот фустан во друштво на еден од уредниците на Вог , Едвард Енинфул , додека нејзиното момче Пејн , влезе сам на забавата.

Иако влегоа одвоени , сепак Наоми ја напушти забавата на Вог во друштво на Лиам, инаку пејач на групата One Direction.

Решиле да ограбуваат банка , па самите се заклучиле (ВИДЕО)

Тројца криминалци решиле да ограбат банка , имале сигурно и план , но им пропадна.

Безбедносните камери во руска банка снимија чуден грабеж . Тројцата крадци влегоа од задниот влез на банката , но блиндираната врата се затвори зад нив и ги зароби внатре.

Кога видоа дека мора да се спасуваат за да не дојде полиција , почнаа панично да ја кршат вратата и заборавија на парите.

Фудбалерот Руни ,,уловен” пијан во хотел со непозната жена (ФОТО)

Познатиот фудбалер Вејн Руни е познат по слабоста за пиење и убави жени и не е тајна дека неговата сопруга Колин сето тоа се потешко го поднесува.

Откако пред две години го преживеа скандалот кога беше уловен како пијан вози автомобил со непозната жена на совозачкото мeсто , вчеравечер му се случи слична ситуација.  

Британскиот The Sun објави фотографии на кои се гледа како Руни ја завршува вечерта по осум часа пиење  рум кола во два клуба.

По пијанката , тој е снимен во 5.30 часот во хотел како влегува во лифтот со непозната бринета.

Во текот на вечерта , Руни танцувал и се забавувал со бринетата , за потоа и да заврши со неа во хотел. Инаку Руни е во брак со Колин од 2008 и заедно имаат четири деца.

Пресврт во бизарниот случај на актерот Џаси Смолет (ВИДЕО)

Судот во Чикаго одреди посебен обвинител , кој треба да го преиспита случајот на актерот Џаси Смолет , кој тврди дека бил жртва на расистички напад.

И покрај тоа што властите утврдија дека станува збор за измислен случај , сега судот реши до крај да ги испита наводите на актерот . Смолет , кој е хомосексуалец , е познат по улогата во серијата ,,Империја”. Тој на 29 јануари пријавил дека двајца маскирани мажи го нападнале поради расната и сексуална припадност , изразувајќи поддршка на претседателот Трамп.

По еден месец државната секретарка Ким Фокс го обвини Смолет дека поднел лажна кривична пријава и дека на двајцата мажи им платил 3 500 долари за да инсценираат напад со цел да си ја зголеми популарноста.

Смолет ги одби овие наводи. Лажниот напад на почетокот предизвика голем број осуди , за подоцна на Смолет да му искажат поддршка познатите личности , како актерката Ема Ватсон, пејачката Кети Пери и поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден.

Изненадувањето дојде два месеца подоцна , кога во маерт канцеларијата на Фокс го отфрли обвинението против Смолет со објаснување дека бил постигнат договор со актерот за да плати казна од 10 000 долари.

Но , сега судијата Кук Мајкл Тумин го именуваше посебниот обвинител Ден Веб за да утврди дали во претходната истрага била направена некаква грешка и дали има основ за гонење на Смолет за лажна пријава.

притисни ентер