Утре премиера на филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ во Берлин

Министерот за култура Асаф Адеми е во Берлин и утре ќе присуствува на светската премиера на новиот македонски филм „Господ постои, името и е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска.

Филмот е избран во официјална конкуренција на годинашното „Берлинале“, со што по пауза од 25 години, македонски филм повторно ќе биде во главна селекција на филмски фестивал од А-категорија.

Вечерва пак во организација на агенцијата за филм ќе се одржи македонски ден на кој ќе присуствува и министерот за култура Адеми.

На филмскиот фестивал „Берлинале“ Република Македонија учествува и во други две програми.

Имено, актерот Благој Веселинов е избран во програмата „филмски ѕвезди“ (Shooting stars), а актерката Сара Климоска е дел од „Берлин Таленти“.

Од утре почнува со работа патарината кај Гевгелија

Новата наплатна станица Гевгелија од утре ќе започне со работа.

Како што соопштија вечерва од АМСМ,  патарината ќе започне со работа од 7 часот изутрина.

Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, цената за возила од Б категорија со две осовини ќе изнесува 100 денари додека при готовинско плаќање во евра таа ќе изнесува 2 евра. 

Ужас во Сараево -15 годишно момче со секира убил тинејџер

Момче на 15 годишна возраст , по кавга и физичка пресметка , со секира убило 17 годишно момче .

Во сараевската населба Сарај Поле околу 19 часот се случи трагедија , кога 15 годишно момче уби 17 годишник.

На убиството му претходела кавга и тепачка , по што едно лице завршило во болница.

Во тек е увидот и истрагата за овој случај што ја потресе БиХ.

Со дефиле како пред 75 години , Париз го одбележа ослободувањето од нацистите (ВИДЕО)

Париз денеска ја одбележа 75. годишнината од ослободувањето од нацистичката окупација во Втората светска војна.

Со дефиле со американски тенкови и други воени возила  од времето на Втората светска војна , со оддавање почит на припадниците на Движењето на отпорот и со дигање на француското знаме на Ајфеловата кула , Париз се сети на денот на ослободувањето .

Пожарникарите го подигнаа знамето на Ајфеловата кула во знак на сеќавање кога француската тробојка ја замени нацистичката.

притисни ентер