Квитова уште еднаш требаше да го преживее хоророт што и се случи пред три години . Таа не влезе во судницата , туку исказот го даде во посебна просторија , зашто рекла дека не може да се соочи со човекот кој сакаше да и го одземе животот.
,,Човек преправен во мајстор зазвони во 8.30 наутро , за да провери дали работи бојлерот на вториот кат. Ме замоли да ја вклучам славината за топла вода. Во тој момент ми стави нож на вратот.” , раскажува тенисерката.
За среќа , таа била присебна , го грабнала ножот и поради тоа се здобила со тешка расекотина на левата шака , што беше причина да направи пет месечна пауза од спортот.
,,Врискав , а крв имаше насекаде.” , раскажа Квитова. Квитова на напаѓачот му понудила пари за да не ја убие.
Тој прифатил 440 долари и избегал. Напаѓачот се изјаснил пред судот дека не е виновен , а доколку го осудат , може да добие 12 години затвор.
Квитова три години се опоравуваше и минатиот месец настапи во финалето на Аустралијан Опен. Вели дека најголем страв по нападот и бил дали ќе може некогаш да го држи рекетот.