„Ракот го добив кога бев силувана, а сега сум подобра личност“

Ги засмејуваше луѓето ширум светот во хумористичната серија „Дадилка“, а сега проговори и за своите трауми.

Актеркарката Френ Дрешер наполни 60 години, изгледа одлично, но последните 20-тина години ги посвети на борбата против ракот.

Името, таа се излечи од рак на грлото на матката, кој и беше дијагностициран во 2000 година.

Смета дека го добила кога била силувана.

I have been on a personal health journey since my cancer survival. I have read much, attended many lectures and viewed countless docu-series. But nothing comes close to the all encompassing over view of health, lifestyle, spirituality and an education on how we fit into the grand scheme of things. The perspective is pure genius. Dr. Zach Bush is the real deal. His talks are dense with mind expanding information that requires repeated viewing because each time you hear him, your global knowledge of how to be and how to live deepens. It’s life changing! To learn actionable strategies for overall health, sign up for the Intrinsic Health Series - a virtual 8-week intensive dive into the foundations of physical, mental, and spiritual wellness curated by @ZachBushMD. Learn more by clicking the link in his bio.

A post shared by Fran Drescher (@officialfrandrescher) on

Ужасното искуство го претрпела во почетокот на деведесеттите години пред очите на својот тогашен сопруг Питер Марк Џекобсон.

Парот во тоа време бил на врвот на славата поради мегапопуларната серија „Дадилка“, чиј продуцент бил нејзиниот маж, а главната улога ја толкувала Френ.

Во нивната куќа упаднале разбојници, ги ограбиле и ја силувале Френ пред очите на Питер.
Foto: Gettyimages

Френ поради тоа добила Посттрауматски стрес, а според неа сето тоа кулминирало со рак.

„После ракот станав подобра личност. Најдобрите подароци некогаш пристигнуваат во најлошото пакување“ – изјавила актерката.

Во Велика Британија се тестира персонализирана mRNA вакцина против меланом

Во Велика Британија се тестира персонализирана mRNA вакцина против меланом, која може да спречи и рак на белите дробови, мочниот меур и бубрезите.

Првата персонализирана mRNK вакцина против меланом, која може да спречи и рак на белите дробови, мочниот меур и бубрезите, се тестира врз пациенти во Велика Британија.

Таа вакцина функционира така што го поттикнува телото да ги бара и уништува клетките на ракот за да спречи враќање на смртоносната болест, а може да се прилагоди на секој човек за само неколку недели, пишува „Индипендент“.

Според весникот, втората фаза од испитувањето на вакцината, во чие производство учествувале фармацевтските гиганти „Модерна“ и „МСД“, покажала значително намалување на ризикот од повторување на ракот кај пациентите со меланом.

Сега е покрената финалната фаза на трите испитувања, кои ги предводи Универзитетската колеџ болница во Лондон (UCLH).

Д-р Хедер Шо, координатор на испитувањето, рече дека вакцината има потенцијал да излечи луѓе со меланом и дека се тестира за други видови на рак.

Новата вакцина има за цел да го поттикне имунолошкиот систем да се бори со специфичен тип на рак.

МАСИТ: Компаниите од ИКТ секторот треба да имаат стратегии и механизми за заштита

Компаниите од ИКТ секторот треба да имаат стратегии и механизми за заштита на интелектуалните права.

Поради брзото напредување на технологијата и глобализацијата, заштитата на правата од индустриска сопственост станува сè повеќе предизвикувачка. Затоа, компаниите во ИКТ секторот треба да имаат стратегии и механизми за заштита на своите интелектуални права, вклучувајќи ги патентите, заштитните знаци, авторските права и други форми на заштита, порачува Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) по повод 26 април, Светскиот ден на заштита на правата од индустриска сопственост.

МАСИТ потсетува дека индустриската сопственост вклучува различни аспекти како патенти, заштитни знаци, авторски права и заштита на индустриски дизајни. Овие права, нагласува, им овозможуваат на иноваторите и креаторите да заштитат своите идеи, иновации и креативни дела од нелегална употреба и присвојување.

Според Комората, заштитата на интелектуалните права им нуди на компаниите многу предности, вклучувајќи конкурентска предност, вредност на брендот, можност за заработка, поттикнување на иновации и сигурност на инвестициите. На овој начин, не само што директно се заштитуваат компаниите, туку и се поддржуваат иновацијата и креативноста во ИКТ секторот, што придонесува за позитивни ефекти врз целиот еко-систем.

-Светскиот ден на првата од индустриска сопственост на глобално ниво се одбележува секоја година на 26 април. Македонските ИКТ компаниите јасно ја гледаат користа и големото значење токму во овој сектор, каде иновацијата и креативноста се клуч за успехот. Со поддршка од Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост - ИМЕ, активно ги спроведуваме проектните активности во рамки на проектот за „Подигнување на свеста за потребата од заштита на правата од индустриска сопственост и воспоставување на иницијална правна помош во комората“. Во рамки на проектот, компаниите имаа прилика да се запознаат со суштинското значење и придобивките од спроведување на заштита на индустриската сопственост, при што краен исход е новата услуга во Комората кон компаниите членки на МАСИТ за постојана правна помош за заштита на интелектуалната и индустриската сопственост, информира Комората.

Со цел соодветна едукација на своите членови, на ова претходеле неколку едукативни работилници со македонски и регионални експерти во областа.

-Оваа иницијатива им овозможи на компаниите да се запознаат со значењето и придобивките од заштита на правата од индустриска сопственост, при што беа презентирани успешни искуства и добри практики. Во рамки на проектот, пет компании веќе поминаа низ процесот со поддршка на МАСИТ и Швајцарската Програма ИМЕ. На една од едукативните работилници присуствуваа и претставници на Formula Student Macedonia - македонските студенти кои конструираат F1 болид за меѓународниот натпревар на конструктори, со цел соодветно да се информираат, истакнува МАСИТ.

Запленета голема количина фалсификувани производи во Нови Сад и Белград

Запленета голема количина фалсификувани производи во Нови Сад и Белград, меѓу кои има бисквити, детергенти и шампони.

Пазарните инспектори на српското Министерство за трговија открија нелегално производство на фалсификувани хемикалии за домаќинство, детергенти и шампони од марката „Проктер&Гембл“, како и фалсификувани бисквити Плазма.

„Ова е откриено во акцијата за сузбивање на продажбата на фалсификувани производи на српскиот пазар“, изјави денеска министерот за трговија Томислав Момировиќ.

Тој рече дека на овој начин е спречена употребата на фалсификувани производи и избегната е потенцијална опасност по здравјето на граѓаните.

Момировиќ истакна дека во акција со припадници на Министерството за внатрешни работи и Основното обвинителство од Нови Сад, извршен е инспекциски надзор на повеќе локации во Нови Сад и Белград и запленета е поголема количина фалсификувани производи.

„Меѓу тие производи се 2.021 кондиторски производи, 205 хемиски производи за домаќинството, вклучувајќи детергенти за садови, детергенти за перење и средства за лична хигиена, над 11.000 пакувања за кондиторски производи и хемикалии за домаќинство, 26 буриња од по 120 литри суровини за правење течен детергент за садови и алишта, огромен број на декларации, налепници и бар кодови подготвени за лепење на амбалажата и пуштање во оптек“, рече Момировиќ.

притисни ентер